Во овој дневник на митрополитот Пимен, кој опфаќа нешто повеќе од четириесетина дена поминати во манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село, на читателот искрено и неизвештачено (каков што всушност и го познаваме владиката), му дава можност да влезе во неговото срце, да прочита или подобро кажано да види самиот што созерцувал неговиот ум во текот на овие четириесет дни во својот лично-соборен стремеж кон светлината на Воскреснатиот наш Господ и Спасител.
🔸За современиот христијанин е исклучително важно да знае дека подвижничкиот дух не смее да остане одлика само на древните христијани и светителите. Тие не се супер-луѓе на кои кревкоста, колебливоста и сите други карактеристики на паднатата човечка природа им биле непознати....“
🔸Владиката навистина живописно пишува за тримерскиот период и низ сето она низ кое поминува човечката волја меѓу одлучноста да Му угодува на Бога и да го љуби и слабостите и потребите на човечкото тело - оваа книга е личен опит од таа борба.
🏷399 ден✔
⏳број на страни од 232
за нарачки:
📩 инбокс
📲078222189
🌐ikona.mk
✥ .✥
о.Пимен:
Ако ве фати мерак за читање, како мене што ме фаќа понекогаш за пишување, тука ни е Икона да ја достави книгата до вашиот дом.
Книгата е искрена, тоа знам, а дали е добра, тоа ќе каже оној што ќе прочита.
До душа, редно е да споменам дека министерството за култура ја одби на конкурстот како општествено некорисна. Можеби се во право. Мое е да си кажам да не ви пропаднат парите. 😉
✥ .✥
12ти февруари 2023 лето Господово