Егоизмот што го имаме сите во нас и е последица од падот, се надминува само преку послушанието.
Во спротивно, тој секогаш ќе нѐ држи закотвени долу. Егоизмот е исполнување на страстите. Тие го прават човека егоист. Човек кој постојано се оддава на страстите, обидувајќи се да ги задоволи, не мисли на никого, не води грижа дури ни за најблиските. Мислејќи дека е среќен и задоволен, таквиот во стварност си го гради својот пекол и крајната несреќа.
Затоа, мили мои монаси и верници, свето послушание.
Подготви: Д.Б.