логоFacebookTwitterYouTubeeMail


На крајот од патот стоеја Љубов и Разделба и се восхитуваа на една млада двојка. Разделбата и рече на Љубовта:
„Да се обложам дека ќе ги раздвојам!?’’
Љубовта рече:
„Почекај, дај ми јас еднаш да им се приближам, а потоа ти можеш да одиш кај нив колку сакаш и тогаш ќе видиме, можеш ли ти да ги разделиш“.
Разделбата се согласи. Љубовта отиде кај младата двојка, се допре до нив, се загледа во нивните очи и виде како помеѓу нив блесна искра... Љубовта замина и рече:
„Сега тебе ти е ред“.
Разделбата одговори:
„Не, сега јас ништо не можам да направам – сега нивните срца се исполнети со љубов. Јас подоцна ќе им се приближам“.

Помина време. Разделбата се загледа во нивниот дом и ја виде младата мајка со бебенце и таткото. Разделбата се надеваше дека Љубовта веќе си замина и затоа со надеж го пречекори прагот на нивниот дом. Но, загледувајќи се во нивните очи, таа виде Благодарност. Разделбата се врати назад и рече:
„Подоцна ќе дојдам кај нив.’’

Помина време и Разделбата повторно се појави покрај нив. Во нивниот дом децата беа бучни, од работа дојде сопругот изморен, а мајката ги смируваше децата. Разделбата се надеваше дека токму сега е погодно таа да ги раздели, зашто за тоа време и Љубовта и Благодарноста веќе одамна требаше да изветреат од нивните срца. Но, загледувајќи се во нивните очи, таа здогледа Почит и Разбирање.
„Подоцна ќе ги посетам“ – рече Разделбата.

Помина време. Повторно во нивниот дом се загледа Разделбата. Таа виде дека децата веќе се пораснати, седиот татко им објаснува нешто на децата, жената нешто готви во кујна. Се загледа таа во нивните очи и разочарано воздивна: таа виде во нив Доверба.
“Подоцна ќе дојдам“ – рече Разделбата и замина.

Помина уште време. Одново во домот загледува Разделбата, погледна, а таму растрчани внуците, а покрај огништето седи и го разгорува стара жена. Разделбата набљудува и си помисли:
„Еве, изгледа моето време дојде“. Таа сакаше да се загледа во очите на старицата, но таа стана и излезе од дома. Разделбата тргна по неа. Наскоро старицата пристигна на гробиштата и седна покрај гробот. Тоа беше гробот на нејзиниот маж.
“Изгледа јас задоцнив, – помисли разделбата, – времето ја направи работата за мене“.
Разделбата се загледа во расплаканите очи на старицата. А таа во нив виде Спомен – Спомен на Љубовта, Благодарноста, Почитта, Разбирањето и Довербата...

~ (превод од страната „Мудрые мысли | Православие“)

 

Подготви: Снежана Корнет

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…