логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ДУХОВНИ СОВЕТИ ОД СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА ПОСТОТ

* * *

Свети Јован Лествичник вели: "Постот е отфрлување на се она кое го засладува и го полни стомакот, тој го гаси телесниот пламен, ги треби лукавите помисли, ослободува од нечисти сонови, ја чисти молитвата, го храни умот, го чисти нечувствителното срце, тој е врата на душевната сладост, радосно смирение, кочница на многузборувањето, стражар на непослушноста, здравје на телото, разрешување на гревот, врата на рајот, небесна наслада..."

* * *

Свети Јован Лествичник го прашал прејадувањето: "Кажи ми, мачителу на сите луѓе, како влезе во нас? Што предизвикуваш во нас?" Тоа одговорило: "Како се обидуваш да се ослободуваш од мене кога телесно сум врзан за тебе?! Влегувам преку желбата за потреба од храна, а причина е навиката. Основа на мојата страст е долговремената навика, душевното невнимание, заборавот за смртта. Зошто сакаш да ги знаеш имињата на моите деца? Нивниот број е поголем од морскиот песок. Мои првенци кои најмногу ги сакам се: првородениот мој син - блудот, вториот е гневот на срцето, а третиот - сонливоста, коренот од лоши помисли, бранови и нечистотија, длабината од неискажливи гревови кои произлегуваат од мене. Мои ќерки се: мрзливоста, многузборувањето, дрското постојано смеење, озборувањето, наглоста, осудувањето на ближните, горделивоста, непослушноста, нечувствителноста, самофалењето, љубовта за светски живот од која што се раѓаат: нечисти мисли, нечисти молитви, ненадејни, брзи и лоши заклучоци, и на крај - очајанието, како најстрашна од сите страсти. Против мене војува чувството на грешност, но не ме победува. Мислата за смртта страшно ме гони, но кај луѓето не постои нешто, со што потполно би ме убиле. Отпорен е само тој кој го добил Утешителот на Духот и Нему Му се моли, а бидејќи умолен, не ми допушта страсно да делувам врз него. Оние, кои не Го вкусиле Утешителот на Духот секогаш сакаат да се насладат од мојата сласт".
* * *

Преподобниот Мојсеј Мурин еднаш се жалел на свети Исидор дека го мами блудна страст. Овој му одговорил: "Лошите духови поогорчено напаѓаат на новите борци за да ги наведат на поранешните гревови. Затоа, те советувам, пости секој ден. Како што кучето се научило да глода коски и не си оди додека не си го наполни стомакот до грло, така и сатаната стои до човекот кога ќе почне да јаде и постојано му шепоти: јади уште малку, ова парче е поубаво, пробај го уште ова и слично. А човекот, иако сит, сатанската страст на лакомост го тера уште да јаде, му се чини дека малку јал, па продолжува додека не се наполни до грло. Ако сакаш да останеш во пост и воздржување, ќе ја затвориш вратата на ненаситноста и ќе ја разбиеш со воздржување и умереност, зашто ненаситноста раѓа телесни желби, а кога ѓаволот ќе го види тоа, ќе си замине од тебе како гладно куче". Кога повторно му се пожалил за истото искушение, тогаш свети Исидор го качил преподобниот Мојсеј на покривот од ќелијата и му покажал кон запад. Мојсеј видел мноштво демони кои се подготвувале за војна. Но, на исток видел безброј светли ангели кои, исто така, се подготвувале за војна. Свети Исидор му рекол: "Оние од запад се креваат против Божјите угодници да им наштетат, а оние од исток ги испраќа Господ да им помагаат на добрите трудбеници. Погледни, оние кои им помагаат се многу повеќе од оние кои стануваат против нас!".
* * *
sv.vasilij.veliki.jpgСвети Василиј Велики вели: "Телото и духот се борат еден против друг. Од тешката и јака храна како црн облак излегува испарување и како чад го спречува патот на Светиот Дух кој го осветлува разумот..Ако сакаш да имаш чист разум, зауздај го телото со пост, зашто испарувањето од силна храна, како црн облак го помрачува разумот на човекот".
"Но, постот направи го спрема телесната моќ. Секој да го ограничи воздржувањето со неговата телесна моќ: да не прави ни помалку ни повеќе од она што може да поднесе".

* * *

Свети Серафим Испосник советува: "Ако си во можност храни се со добро сварена храна и која заситува, бидејќи поради брзото варење, ќе те ослободи од пламенот на страстите, а поради ситоста, ќе се спасиш од прејадувањето. Ако обрнеме внимание, ќе забележиме дека обилното јадење го дуе стомакот и предизвикува силни движења. На ручек јади колку што ти е потребно, но за вечера остани малку гладен".

* * *

"Новите и неискусни борци сатаната ги тера на прекумерен пост, ветувајќи им дека ќе добијат нешто поголемо, од две причини:


1. Да го погордее неискусниот борец и да го турне во пропаст;
2. Од прекумерен пост да го ослабне неговото тело, за да падне во болест, па да му наметне тага и очај, да му ја мачи душата, па да почне да губи вера во Бога, да ослабне во молитвата и пак да оди во пропаст.


Ја гледаш ли стапицата и лукавството? Гаволот се добро пресметал. Од прекумерен пост да се погордееш и да почнеш да ги сметаш другите за полоши од себе и да ги осудуваш, а тогаш веќе си во мрежата на ѓаволот или, пак, во вториот случај, телесно да ослабнеш, па да те уништат духот на тагата и очајанието. Затоа, држи ја средината и правилата на светите Отци кои велат: "Ако телото ти ослабне од пост и напор или некаква болест, употреби малку вино поради стомакот" (1. Тим. 6, 23) за да не дадеш повод да велат за тебе - "таа болест му дојде од постот". Пред да го рече тоа некој за тебе, мисли како побрзо да станеш и пак да го држиш правилото, инаку би одвратил мнозина од пост и нема да го држат ни најлесниот, а камоли построгиот пост".

* * *

sv.efrem.sirin2.jpg

Преподобниот Ефрем Сирин советува: "Кога ќе те нападне страста, потруди се да ја победиш со пост. Но, постот направи го според твојата сила, зашто блудната страст се исцелува само со продолжен пост. Избегни го големото слабеење на телото со пост, дури и во времето на борбата со ѓаволот на блудот. Големото воздржување од храна е исто тол-ку штетно, колку и лакомоста. Затоа треба да се држиш во границите на умереноста, да не ти се разниша ревноста. Движењето на телесните желби не доаѓа секогаш од лукавството на демонот. Тоа понекогаш се случува и од премногу воздржување оти сувата и топла храна ја буди природата. Тоа ни го покажале најискусните истражувачи на природата на телото. Затоа е потребно умерено јадење, за да не трпи напади богомолецот од телесни побуди".

* * *

"Кога ќе ослабне телото поради постот или поради болеста, тогаш не треба да се пости. Таквото тело треба да се поткрепи со умерен сон, храна и пијалок независно од времето. Господ Исус Христос кога ја воскресна Јаировата ќерка од сон, заповеда: 'Дајте и да јаде!".

* * *

Свети Јован Лествичник поучува: "Седејќи на трпеза полна со јадење, стави уште едно јадење пред себе: - СТРАВОТ БОЖЈИ, и сети се на судот и смртта, па ќе се запазиш од прејадување и ќе го победиш лошиот дух. Јадејќи, сети се на жолчката и оцетот што го испи Господ Исус Христос, па без сомневање во духот, или ќе се смириш, или ќе се воздржиш, или ќе се стресеш".

* * *

Свети Јован Видовит советува: "Мерата на воздржувањето не се однесува само на храната, туку и на говорењето, сонот, облеката и сите чувства. Ако се храниш добро, телото нема да те служи во трудовите и побожноста. А ако не се храниш добро, не ќе можеш да ги извршуваш обичните должности. Затоа, држи ја средината што ја пропишала светата Црква: Не оди ни многу високо, ни многу ниско, па ќе го исполниш писмото кое вели: 'Не оди ни десно ни лево' (Изрек.4,27)".

* * *

Свети Варсануфиј вели: "Што е постот, ако не е казна за телото - кога е здраво, да се ослободиш од страстите, по зборовите на апостолот: кога сум немоќен (со тело), тогаш сум здрав (со духот) (2. Кор. 12,10). Болеста е поголема казна од постот. Кој е стрплив во болеста, го добива плодот на спасението, оти наместо со пост да го ослабне телото, тоа е слабо (болно) без пост.

Затоа, благодари Му на Бога што со болест те ослободил од пост. Кога си болен, јади и по десетпати и нема да бидеш осудуван, оти тоа не го правиш по совет на ѓаволот и немоќта на верата, туку по потреба на телото. А кога ќе оздравиш, внимавај да не те прелаже лошиот дух, дека уште повеќе ти треба храна, спиење и одмор, зашто ќе има намера да вкорени во тебе ненаситност, мрзливост, сонливост и на тој начин да ти ја вовлекува душата во пропаст. Затоа, кога ќе се почувствуваш поздрав и во колкава мера ќе ја почувствуваш својата сила, во толкава мера преземај и духовен труд за спасение на твојата душа".

Свети Јован Златоуст
КАКО ДА ЈА ПРИМИМЕ СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

sv.jovan.zlatoust.jpg"Знам дека многумина од вас наскоро ќе дојдат и ќе пристапат кон таа духовна трпеза. За да не биде на наша штета и осуда, а да добиеме спасение на душите, јас уште отсега ве предупредувам и искрено ве молам да се очистиме самите себе од секакво зло и тогаш да пристапиме кон светите Тајни!
Никој да не вели: јас сум покриен со чад, совеста ми е полна со гревови, носам тешко бреме од пороци, не сум достоен за таа трпеза!
Пет дена се доволни за да се очистиш од множеството гревови: ако духовно се отрезниш, ако покајно се молиш, ако си бодар од се срце. Ти не гледај на тоа што времето е кратко, туку насочи се во друго: дека Господ е милостив и човекољубив. Ниневитјаните и за три дена успеале да се ослободат од Божјиот гнев и ни најмалку не им попречила кратко-трајноста на времето да пројават усрдност, да покажат покајание, да постигнат се со помош на човекољубивиот Господ.

И блудницата кога пристапи кон Христа, за еден миг ја исчистила од себе сета нечистотија, и кога Јудејците негодувале против Христа, бидејќи и дозволил да дојде при Него и и дозволил толкава храброст, Он им ја затворил устата, а нејзе и простил и ја отпуштил.

Зошто, така? Затоа што блудницата пристапила кон Христа со срдечно расположение, со огнена душа, со вера, и се дофатила до светите нозе на Господа, расплела коси, пролеала солзи и разлеала миро. Со она што ги соблазнила Јудејците, со тоа и постигнала покајание; со она што ги возбудила погледите на страстливите, со истото пролеала обилни солзи; со тие коси, со коишто вовлекла многумина во грев, со истите таа ги истрила нозете на Господа. Со она миро, со коешто ги примамувала душите, со него таа обилно Го помажала Господа Исуса Христа. Така и ти, човеку, со она со коешто си Го прогневил Бога, со истото можеш и да Го умилостивиш. Ти си Го прогневил со кражба на пари, умилостиви Го со враќање на украденото и со благотворение од тебе, како што сторил Закхеј. Ти си Го прогневил Бога, тогаш кога си се обидел многумина да злословиш; ти пак умилостиви Го со чисти молитви, со благословување на оние кои си ги злословил и ќе им простиш на злоречивите и ќе им благодариш на тие што те сакаат. За сето тоа не е потребно многу време. Спасението не се раѓа од големината на деновите, туку од квалитетот на покајанието.

Соединувањето со светите Тајни, всушност, е примање на Царот на Царевите во својата душа, а кајшто пристапува и влегува Царот, таму треба да има чистота, срдечна љубов, длабок мир, искрена вера и преданост како од син. Тогаш и Царот е задоволен и слугата е радосен".

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички


ЖИТИЕ
НА ПРЕПОДОБЕН ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ,
ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ – МАКЕДОНСКИ

Епископот Велички Гаврил (Мијалче Парнаџиев) е роден на 10 март 1926 година во Штип, од татко Методиј и мајка Гора. Потекнува од патријархално занаетчиско семејство.


Основно образование, а потоа и гимназија, завршил во родниот град. Од 1944 година бил учесник во Народноослободителната борба. Во почетокот на војната бил вклучен како партизан, а по завршувањето на борбите, се до 1947 година, бил прекомандуван во Корпусот на Народната одбрана, во единици стационирани на граница, како специјални одреди составени од одбрани борци. Најпрво бил на граничниот сектор кај Царево Село (Делчево), потоа во Кавадарци, и на крајот, на граничната линија на Кајмакчалан. Во својата единица бил на должност - писар, како строго доверливо лице. Едно време бил и секретар на Скоевската организација. Поради големата ревност во службата и примерното однесување бил предложен за примање во Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Но, поради тоа што "одел в црква", изостанало примањето во членство. Се стекнал со чин водник и е одликуван со орден - "Заслуга за народ".

По демобилизацијата извесно време бил на служба во Градскиот народен одбор во Штип. Две лета учествувал на работните младински акции во Нов Белград, како и на автопатот Белград - Загреб, каде што добил и пофажици.

Потоа се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. По дипломирањето, во 1955 година, работел како професор по Уметност и Историја на уметноста во Гимназијата и Учителската школа во Штип. Според оценката на ревизорот, познатиот уметник Борко Лазески, тој бил "еден од најспособните педагози во Македонија", според оценувачката листа. Поради мошне развиената вончасовна активност на учениците од ликовната група, која ја предводел тој, неговото училиште тогаш било прогласено за најдобро средно училиште во Македонија. Една од вончасовните активности на децата било и издавањето на училишниот весник "Ученички глас", кој во свое време бил доста успешен и по многу нешта единствен (учениците сами вршеле клиширање).

Паралелно со работата во училиштето како професор, епископот Гаврил работел и како скулптор. Негови прекрасни експонати и сега се наоѓаат низ парковите во Штип, но и на други места. Со народните власти интензивно соработувал на планот на естетското обликување на својот роден град, за што има добивано и признанија од тогашниот претседател на општината - Ристо Кадифков, како и признанија од други фактори. Како докажан и проверен педагог бил предложен и за професор на Педагошката академија, која била отворена во Штип. Но, кога таа отпочнала со работа, тој во 1960 година се преселил да живее во Скопје. Таму доста успешно работел како самостоен уметник.

За време на траењето на студиите и педагошката активност, двапати престојувал во странство. Најпрво како студент во V година на Факултетот, бил на научен престој во Париз, а потоа (1959), со група просветни работници, бил на Светска уметничка изложба во Брисел.

По сето тоа време, кое епископот го сметал за "царево", повикувајќи се на позивот "Царевото на царот, а Божјото на Бога", во 1963 година заминал за Грција, со цел да се распраша дали може, но и под кои услови, да се отиде во Света Гора и да се остане таму. Грците, за кои се знае дека се непостојани, му ветиле дека може, ако сака, веднаш да отиде во Света Гора и да остане колку сака, без никакво ограничување. Му рекле дека може да остане во српскиот манастир "Хиландар", кој ужива статус на автономна српска територија под крилото на Света Гора. Тој им поверувал и останал таму. Но, подоцна работите се одвивале сосема поинаку. Токму затоа, епископот целиот случај го оставил и го предал во рацете на Бога, откако заклучил дека Грците не треба да ги напаѓа, бидејќи тоа време било мошне бурно за целата нивна нација.

 За сето тоа време, со извесни паузи, престојувал на Света Гора. Од време на време морал да оди во Атина и да моли за продолжување на неговото тамошно живеење. Во Атина честопати престојувал и по неколку денови, а таму ноќевал во едно приградско манастирско место - "Лаврион", или поточно, во еден осамен манастир близу "Лаврион" - "Света Троица".

Во Света Гора епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. За него било уште потешко тоа што тој доаѓал од Македонија, чија Црква тогаш се еманципираше од Српската Црква. Тие отворено му изразувале сомневање дека бил "испратен од епископот Доситеј (подоцна прв Архиепископ на возобновената Македонска православна црква), тука да формира македонски манастир, како што тука, на Света Гора, сите православни земји имаат свои манастири". Тоа нивно сомневање било причина да не му искажат доверба и да не го примат како свој собрат и како искрен православен верник. Тој нивни став бил знак и за другите словенски манастири никогаш официјално да не го прифатат во своите братства. На тој начин, епископот Гаврил бил слободен да оди каде и да сака и да биде најсрдечно приман, но само како привремен гостин!

Така, тој ги посетил сите манастири во Света Гора, а најмногу се задржувал во рускиот скит "Камена". Тука, во почетокот, извесно време бил како послушник на домаќинот на скитот, стариот, 84-годишен руски монах, отец Татјан Иванов, кого во една криза на болеста го однел во матичниот манастир "Свети Пантелејмон". Тој во манастирската болница, по околу два месеца, починал, па скитот го наследил епископот Гаврил. Во почетокот на управувањето со скитот, голема материјална помош, како и масла за кандилата, темјан и друго, набавувал од рускиот манастир, потоа од српскиот, бугарскиот, како и од грчките метоси "Моноксилит" и "Свети Николај". Сите тие манастири, кога одел на богослужби, го прифатиле како вистински христијанин. Грчкиот манастир "Свети апостол Павле" му дал и писмена гаранција, но Министерството на Грција почитувало некои други закони, а не законот на меѓучовечката љубов. Во истиот тој манастир, епископот Гаврил ја добил и монашката раса.

Сето време додека престојувал таму, епископот избегнувал контакти со луѓе. Зближувањето со Бога сметал дека најдобро може да го реализира преку оддалечувањето од луѓето. Единствени контакти, вредни за споменување, се познанствата воспоставени по сила на неопходноста со тогашните млади српски монаси, а сега веќе архиереи, отец Митрофан, отец Атанасиј (Јефтиќ) и отец Амфилохиј (Радо-виќ). Нив посебно ги молел да може да биде примен во ма-настирот "Хиландар", но сите негови напори останале без резултат.

По едно негово енергично барање да му се даде документот "елинопискос" - грчко државјанство, услов за останување засекогаш во Света Гора, или да се врати во Македонија, тие, уверени дека не е нивни пријател, дефинитивно одбиле да го прифатат барањето и тој се вратил во својата родна земја.

По доаѓањето во Македонија престојувал во повеќе манастири ("Света Богородица" во Матка - Скопско, "Свети Димичен за игумен на Лесновскиот манастир.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, со одлука од 30 јуни 1981 година, го одликувал со архимандритски чин.
На 28 август 1989 година, бидејќи е избран со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква, хиротонисан е во епископски чин со титула "епископ Велички".

Епископот Гаврил, во круговите на Македонската православна црква, па и пошироко, е познат како редок испосник и подвижник, а и како плоден автор на повеќе прозни и поетски творби, пишувани на духовно-морални теми. Неговите размислувања за подготовките и начинот на прославата на големиот јубилеј - 2000-годишнината на христијанството и формирање на Монашка школа во Македонија - останаа негови незавршени теми и неисполнети желби.

Епископот Гаврил станал прочуен и како автор на многу душекорисни книги. Познати се: неговата стихозбирка "33 песни за Ерусалим" (1975), "Света Гора - небесна земја" (1978), "Пред најголемиот јубилеј на човекот" (1980), "2000-годишнината на христијанството е на прагот" (1981), "Чудата на Пресвета Богородица" (1984, превод), "Правила и од-редби на Православната Црква за постот" (1994, прво издание), "Отец Херувим" (1997, роман), како и други научни студии со богословска, историско-национална и уметничка содржина. Освен тоа, службеното гласило на Македонската православна црква има објавено десетина негови пократки написи со различна содржина. Некои негови наслови се објавени и во Руската задгранична православна црква во Америка.

На 12 јануари 1990 година, во својата скромна ќелија во Лесновскиот манастир, епископот Гаврил спокојно си отиде при Господа. Неуморните пастирски трудови ставија печат врз неговото немоќно тело, но тие не беа залудни. Средбата на многу души, кои талкаа и страдаа по овој свет, со неговите духовни книги беше пресудна. А колку повеќе може да се зборува за личните средби со него! Помеѓу многуте негови духовни чеда постојат и такви, кои тој ги вовел во верата, кои ги огласил со Евангелските вистини и ги подготвил за свето Крштение. Има и такви, кои ги извлекол од калта на гревот и пороците. Некои од нив ги присоединил кон светата Православна Црква. Други, пак, ги упатил на спасителниот монашки пат.
Навистина, изобилни плодови тежат по гранките на земниот духовен живот на скапоцениот духовен отец, епископот Гаврил. Веруваме, де

ка поради неговата пламена љубов кон Бога и кон ближните, како и поради неговата самопожртвувана сеоданост кон светоотечкото Православие, Господ Бог ќе го насели во Своите предели, за да се моли и тој за нас, своите грешни чеда, пред Божјиот Престол. Амин!

Monah.Lesnovo1.jpg

Издавач: Ставропигијален манастир Гаврил Лесновски, епископ Велички

Друго:

 

Rules and instructions for the Orthodox Church for Lent

 

The Holy Orthodox Church, since Apostolic times, following the example of Our Lord Jesus Christ, gave us lent. The Church has determined when we shall fast. Thus a year is divided into periods when we abstain from certain foods. The Orthodox Church prescribes that during the time of lent, we are not to eat: meat, fat, cheese, oil, eggs, milk, and depending on the gravity of the fast no fish.


The Holy Church also stipulates that we should fast on Wednesdays and Fridays. In addition to this we have the four major periods of fasting. These include Easter (Great Lent), St Peter and Paul, Holy Theotokos and the Nativity fast. The above fasting periods have been passed down to us from Apostolic times.


We should not determine when and how we should fast; we cannot rely on our own will power to fast. The decision to fast should be made in consultation with our spiritual father. If we decide to fast without a reason or not to fast at all, we go against the living tradition of the Church. When we fast and how we fast is established by the Holy Church. We must guard ourselves form self determination in regards to fasting. According to the Holy fathers, we should ask our spiritual father who will advise us what is right, for he knows our soul and weaknesses.


Great Lent is a period given to us, in order to understand more deeply the suffering and resurrection of Our Lord Jesus Christ. The Church Canons state, that we should fast for the entire period of Great Lent. It is accepted practice to use oil during Saturday and Sunday. Fish can only be eaten from Annunciation and Palm Sunday. If the Annunciation falls before the Palm Sunday, then on the day before Annunciation, it is permitted to have oil and wine.

 

Taken from the Book “Rules and instructions of the Orthodox Church for Lent” from Venerable Gavril Svetogorec, episcope Velicki

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3204
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7681
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная