логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Смртта за христијаните не е крај, не е исчезнување, туку е граница, премин, и почеток на вистинскиот живот, кој зависи од тоа, што сме посакувале во овој земен живот. Оној кој ја познал Вистината – Христос, и кој се трудел да се кае за сторените гревови, да не греши, да Го љуби Бога и ближните, да се причестува со Телото и Крвта Христови, таквиот уште во овој живот го започнал рајскиот живот, таквиот ја победил смртта заедно со воскреснатиот Христос. Во Бога сите се живи, само што некои се радуваат со Него, а оние кои го отфрлале, се измачуваат без утеха, без радост. „Секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (Јован 11,26) – вели Господ, па затоа ги сметаме покојните за живи пред Господ, и Мајката Црква се грижи за нив и по смртта, бидејќи тие не престануваат да бидат нејзини членови.

Животот кој го живееме на земјата е како животот на бебето во утробата на мајката. Откако ќе излезе бебето, гледа поинаков свет, па така и откако ќе го напуштиме овој живот, преминуваме во вечниот живот, кој е смисла и цел на сиот наш живот на земјата. Постарите генерации живееле со таква вера, и од тоа време е останата мислата „каде ќе му оди душата?“ Така прашувале христијаните, бидејќи централно место во нивниот живот била душата, според зборовите на Господ: „Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“ (Мат. 16,26).

Никој не може да биде сигурен во своето спасение, па затоа Светата Црква одредила за секое нејзино починато чедо да се вршат молитви за простување на гревовите. Па така, уште кога ќе се упокои човекот, следниот ден (или три дена по смртта) се прави опело, богослужбен чин во кој се молиме за покој на душата на починатиот, да му даде Бог простување на гревовите, да му даде утеха во идниот живот.

А погребите на нашите ближни, т.е. нашето гнасење од погребите е само показател колку всушност сме ги сакале нашите блиски додека биле живи. На гозба, на веселба, со јадење и пиење, со музика, секој ќе ни биде пријател, но на погребите се гледа вистинската блискост на семејството и вистинското лице на пријателите. Според љубовта –  и нашите молитви. Ако ги сакаме нашите блиски, тогаш ќе направиме сѐ за да им биде ним убаво, да бидат спокојни. Кога се раѓа дете, мајката четириесет денови не излегува од дома, за да биде постојано со него. Кога умира човек, неговите блиски треба (доколку се слободни) да одат на неговиот гроб, да „не го оставаат сам“, да го палат кандилото на гробот, да палат темјан, да се молат за него во текот на четириесетте денови по смртта. Без разлика дали е покојниот млад или стар, секој заслужува молитви, почит и љубов од наша страна. Со смртта љубовта не треба да престане. Како што ги сакаме оние кои заминале во друга земја, иако не ги гледаме, така и покојните не треба да ги забораваме. Човекот има големо достоинство и не треба да го фрламе како животно во земја, туку да направиме сѐ за да биде погребот достоинствен. Во селата обично сите луѓе даваат сѐ од себе за да им помогнат на оние кои имаат смртен случај. Им помагаат при подготвување храна за присутните на погребот, за чистење, за носење на телото на покојникот, за самото погребување. Во некои места дури и соседите се договараат помеѓу себе, за да им ја олеснат болката на оние кои имаат смртен случај, па секој ден некој од соседите готви и за нив, секогаш има кој да го запали кандилото на гробот, да го исчисти гробот итн. Во градовите се чувствува студенило помеѓу присутните на погребот. Најчесто семејствата се раскарани помеѓу себе, оддалечени се пријателите, и никој за никого не сака да се жртвува, никој не сака да им помогне на оние кои имаат смртен случај и тоа токму во моментите кога најмногу им треба помош. Тешко е да се организира еден погреб, и секогаш се потребни повеќе луѓе да помогнат околу погребот. Не смееме да бегаме, да се правдаме, и да ги оставаме блиските на покојниот, бидејќи смртта ќе затропа на секоја врата, и во секоја куќа ќе дојде ден за погреб, па ако денес бегаме и не сакаме да им помогнеме на нашите блиски, утре веќе смртта ќе затропа и на нашата врата, и ние ќе имаме потреба од луѓе за помош. Ако не сакаме да помогнеме, со кое лице ќе побараме и ние помош од нив?

Исто така, некои семејства, за да се ослободат од обврски, не сакаат да прават спомен за своите родители или блиски, наоѓајќи бесмислени изговори за ова. Но, како што кажавме и претходно, според нашата љубов се и нашите молитви, односно, колку сме ги сакале додека биле живи, толку и ќе се молиме за нив, но толку и за нас ќе прават нашите деца. Не е проблемот во парите, или во времето, или во обврските, туку во тоа што немаме вера, а како последица на ова, немаме ни човечност. Бог е љубов и од љубов го создал човекот, му дал задача да расте во љубовта постојано. Оддалечувајќи се од Бога, остануваме без љубов, ја губиме човечноста, стануваме нелуѓе. По нашата смрт сите ќе излеземе пред Бог да дадеме одговор за своите дела, но и пред своите ближни, и ќе треба да ги погледнеме во очи. Исто така невкусно е кога за време на погреб или спомен, во црквата влегуваат десетина луѓе, а надвор во дворот има неколку пати повеќе, кои пушат цигари, си кажуваат шеги, се смеат, како да се дојдени на некаква прослава, а не во чест на покојниот.

Подготовката на покојниот за погреб започнува со миење на телото на покојниот со млака вода и сунѓер, се облекува во чиста облека. (Облеката која ја носел при смртта обично се фрла во гробот.)

Главата треба да се заврзе, за да не се вкочани телото со отворена уста, и очите треба да му се затворат. Рацете се полагаат крстовидно на градите, десната врз левата, како сведоштво на неговата вера во Христос распнатиот на Крст. На крајот се покрива со бело платно (или плаштаница, на која е насликано погребението Христово), чија што бела боја потсетува на белите облеки при крштението и означува надеж дека починатиот со чист образ ќе излезе пред Христос.

Во гробот нема потреба да се ставаат средства за хигиена, бидејќи единственото нешто што треба да се исчисти кај покојните, тоа се нивните гревови, а тие ќе им бидат простени, ако се молиме за нив, ако правиме милостина за нив, и особено ако свештеникот ги спомнува нивните имиња на Проскомидијата (пред служењето на Литургија).

При сите црковни обреди, особено на погребението, постојат и многу празноверија (суеверија) кои се накалемиле како обичаи и кои треба да се избегнуваат. Често се случува во едно семејство да починат двајца во една година, и луѓето, кои имаат нездрава вера, веднаш колат кокошка и ја фрлаат во гробот, божем, Господ е убиец, па сака по секоја цена нечија смрт, и тие со оваа кокошка би го „поткупиле“ да не зема и трет човек. Смртта никој не може да ја испланира, ниту да се договори со неа, туку Бог го повикува секој човек тогаш кога тој е најподготвен за да излезе пред Него. Христос не дојде на земјата за да погубува, туку да нѐ спаси. Овој обичај на колење кокошки го практикуваат само неверниците и неуките луѓе, кои наместо вера имаат само празноверен страв и тој страв ги поробува и ги тера да прават глупави работи.

Невкусен обичај е да се палат цигари на гробот, или да им се истура ракија, оти покојните „тоа го сакале“. На гробот смее да се пали само темјан и свеќи, а никако цигари, бидејќи пушењето е грев.

Некои семејства, кои се склони да соработуваат со ѓаволот, т.е. да се занимаваат со баење и гатање, или, пак, одат по такви сатански собиралишта, се трудат на погреб да земат дел од облеката, или да скинат барем некој конец од облеката на починатиот, за потоа да прават ѓаволски маѓии со тоа. Ова никако не треба да се практикува, ниту да им се дозволи од страна на останатите роднини.

На некои гробишта се воспоставил обичај на гробовите да се оставаат чинии и прибор за јадење, бидејќи луѓето мислат дека покојните ќе дојдат за да јадат. Повторно, се работи за незнаење и празноверие. Човекот јаде додека е жив, а кога ќе се упокои не може повеќе ни да јаде ни да пие. Храната која ја раздаваме е всушност милостина за покој на нивните души, и милостината Бог ја прима, а не самата храна. Во Романија постои обичај, на Задушница сите да подготвуваат храна за сиромашните, за оние кои просат по улиците, и само ним им раздаваат, а не да разменуваат храна, како што се случува кај нас, која потоа ќе ја фрлат. Значи, нема никаква потреба да се оставаат чинии или храна на гробовите. Подобро е да подариме една вреќа грав или ориз или некој друг продукт во црковните кујни, за покој на душата на покојниот, отколку да се остава храна на гробот.

Некои луѓе доаѓаат во црква и се жалат дека често сонуваат некого од покојните, кој им бара нешто. Една мајка, која го изгубила својот петгодишен син, го сонувала како ѝ бара палто, бидејќи многу му студело. Не знаела што да прави, па побарала совет од духовникот. Тој ја подучил да купи неколку такви палта, и да им ги подели на неколку деца од соседството, кои биле на негова возраст. Потоа го сонувала детето со палтото, кое ѝ се заблагодарило што му го купила. Значи, покојните немаат потреба од ништо, туку Бог допушта да сонуваме такви работи, затоа што ние имаме потреба да ги омекнеме нашите срца, и тоа е најголем дар што може да го направиме за нив. И за нив добро, но и за нас голема полза за душата.

Спомени се прават во седмиот (или деветтиот ден во некои места), во четириесеттиот ден, на половина година и на цела година од смртта. Сите спомени до три години се прават во храмот, а потоа годишнините се прават само на гробот. Оние кои се упокоиле одамна ги спомнуваме на трите задушници, кога молитвено си спомнуваме за душите на нашите покојни.

Опело не смее да се врши над самоубијци, затоа што посегнале по животот кој е дар Божји, а не нивна сопственост, и овој грев се смета за најголем, исто како и непокајанието. За нив не се вршат ни спомени, и нивните имиња не смеат да се пишуваат за спомнување заедно со другите покојни. Единствено за нив може да се молиме во нашите лични молитви. Отците на Црквата ни предлагаат една кратка молитва за нив: „Господи, пронајди ја изгубената душата на твоето чедо (името) и ако е можно, помилуј ја. Твоите судови се неиспитливи. Не ми ја сметај за грев оваа моја молитва, но нека биде Твојата света волја“.

Опело не се врши над некрстен, ниту над кремиран човек, затоа што Црквата го смета телото за потенцијално свето, и никој не смее да го уништува човечкото тело кое е „храм Божји“ како што се вели во Светото Писмо. Затоа не треба да се врши кремирање на покојните.

Исто така опело не треба да се врши на Божик и на Велигден, особено онаму каде што веќе има капели со комори, треба покојниот да се остави уште еден ден во капелата, и опелото да се изврши наредниот ден, после Божик т.е. Велигден.

На трите задушници (Митровденската, пред Прочка, и пред Духовден), гробиштата се преполни со народ, и сите брзаат што поскоро да завршат и да си заминат, па поради ова се создава голем неред на гробиштата. Не можат свештениците да стигнат секаде во исто време, па затоа треба да имаме трпение и да почекаме. Не доликува да дофрламе или да се расправаме со свештениците, туку да бидеме трпеливи и да почекаме. Голема сила има молитвата на свештеникот пред Бога и не треба сами да истураме вино на гробовите, бидејќи тоа е нешто што смее да го врши само свештеникот. Покојните имаат потреба од молитвите на свештеникот, а не од истуреното вино врз гробот. Затоа, да бидеме трпеливи и да почекаме.

Кога правиме спомен или одиме на Задушница, потребно е да носиме со себе:

– Варена пченица – која е симбол на воскресението. Оти, како што семето фрлено во земја скапува и одново се раѓа живот од него, така ќе биде и со луѓето, кои ги ставаме (садиме) во земја за да расцветаат (воскреснат) за вечен живот.

– Црвено вино – симбол на крвта Христова, која ги очистува гревовите.

– Просфора – леб со печат одозгора, кој се користи за служење Литургија за покој на душата на упокоените. Нашите баби овој леб сѐ уште го викаат Литургија, бидејќи тоа му е и намената, а ова име сѐ уште се задржало и во некои краишта на Македонија. Денес ретки се домаќинките кои знаат да месат просфора за Литургија, и затоа носат лебови од пекарите, кои не се соодветни за таа намена. Доколку не знаеме како да замесиме просфора, тогаш подобро да донесеме во црква брашно и вино за служење Литургија со список од живи и покојни за спомнување на Литургија, па жените кои знаат да месат, од тоа брашно да направат просфора. Носењето на лебови од пекарите (без печат) станува бесмислено, штом е исклучено од Божествената Литургија.

На крај, би сакале да предочиме една грешка која се прави, во врска со денот за покојните. Во Црквата секој си има свое значење и намена, па така како ден за покојните е одредена саботата. Затоа и задушниците се прават секогаш во сабота. Значи, спомените не треба да ги правиме во недела, туку секогаш во сабота.

Да гледаме она што го правиме да Му биде пред сѐ угодно на Бога и да е во согласност со учењето на Црквата, а не да им угодуваме на луѓето, а да го отфрламе сето она што е од Црквата. Споменот е молитвено спомнување на покојниот, молитви кон Бога за простување и успокојување на душата на покојните, а не гозба, на која ќе се натпреваруваме кој повеќе ќе изеде или испие.

Свештеник Јани Мулев

Извор:https://crkvaveles.wordpress.com/2017/11/03/za-pokojnite/?fbclid=IwAR2I4I1eGiAptxWiuDbWbwTkjVzXLiVSL8hI7fWzkSxJ2uFMpUe9MXgoC6c

 

 

 Друго:

 

Го чувствуваат упокоените нашето присуство на нивните гробови, ги чувствуваат нашите молитви и жртви за нив, нашата љубов кон нив.

И ние тоа наскоро ќе го почувствуваме - и ти и јас - од онаа страна на гробот и ќе им бидеме благодарни на оние кои ќе се сеќаваат на нас и ќе му се молат на Бога за нас.

Свети владика Николај

 

Извор: ФБ профил на

Николај Филотеев

 1ви март 2019 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная