Господи Исусе Христе, Спасителу и пријателу, те молам да ги водиш и заштитуваш мојот однос со другите луѓе.
Дај ми Твојата рака да ме води во милосрдност, верност и учтивост кон моите пријатели.
Пази ја мојата уста и помогни ми да бидам добар слушател и дарител на охрабрувачки зборови.
Дарувај ми цврст карактер, за да не учествувам во груби или незрели шеги и штетно однесување.
Сочувај ме да не паднам во грев придонесувајќи кон гревовите на другите со совет, заповед, согласност, провокација или предизвик, пофалувајќи го нивниот грев, криејќи го нивниот грев, учестувајќи со нив, или со молчење или бранење на нивниот грев.
Потсетувај ме да барам божествен совет кога се соочувам со тешки околности.
Помогни ми да бидам отворен кога го нудам моето пријателство на другите.
Дарувај ми ја Твојата милост, за да можам милостиво и мудро да се справам со сите ситуации што ќе се испречат. Амин.
Ноември 2018 лето Господово