Господи,дај ми мирно да поднесам се она што ќе ми донесе денешниов ден, во потполност да се предадам на Твојата света воља.
Упатувај ме и помогни ми во секој момент во текот на овој ден. Управувај со моите мисли и чувства во сите мои дејствија и зборови.
Не допушти во непредвидените случувања да заборавам дека се доаѓа од Тебе.
Научи ме правилно да се однесувам спрема својот ближен и никого да не разгневам и ожалостам.
Господи, дај ми снага да го поднесам заморот од денешниов ден, и се што ќе се случи во текот на денот.
Управувај со мојата воља, и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам и сакам.
Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, таму каде е омраза, да сеам љубов, таму каде се навреди, опрост, каде е неслога, слога, каде е очајание, надеж, каде е мрак, светлина, каде е жалост, радост.
О, Божествен Учителу, немој никогаш мене да ме утешуваат, туку јас другите да ги утешувам, немој мене да ме сфаќаат, туку јас другите да ги сфаќам, не мене да ме љубат, туку јас другите да ги љубам.
Зошто кога простуваме, тогаш нам ни се проштева, кога даваме, добиваме, а кога умираме, се раѓаме за живот вечен.
Душе Свети, биди ми на помош, денешниов ден да му го посветам на својот Господ и Спасител.
Господи, Исусе Христе, подобро е да не живеам, отколку да живеам без Тебе.
Ти благодарам Боже, што ми го подари овој ден, и за секое добро во него.
Спаси ме, Милостив Боже, од желба за лагоден живот и удостој ме во секој момент да бидам спремен да се, заради Тебе и својот ближен, одречам од себе си, зошто за тоа и си ми дал живот.
Помогни ми да отфлам од себе се што не е Твое, а што е Твое да примам во длабока вера, надеж и љубов.
Дај ми сила постојано да Ти служам: да ја ставам правдата над користољубието, да ги ставам корисните дела над минливите задоволства, да ги ставам другите над себе, и да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
Направи светлината на Твојата Убавина и Љубов да засветлат во мојата душа.
Амин!
Подготви: Стојанка Тежак
Посети:{moshits}