"Секој "религиски свет", вклучувајќи го тука и христијанството лесно се снаоѓа без Бога, но затоа но за момент не може без боговите т.е. без идолите. Таквите идоли постепено можат да постанат и црква, и побожност, и црковен начин на живот, па и самата вера...
Секуларизираниот свет со самото свое одрекување, повикува кон Бога. Но, маѓепсани од сопствената сакралност, ние тој повик не го слушаме. Обземени од својата побожност, ние тој свет го презираме, се одвојуваме од него со попски финти и лицемерно ги "жалиме" луѓето кои не ја познаваат дражта на нашата "црковност". И не забележуваме дека самите сме паднале и паѓаме на сите испити за духовност, побожност и црковност."
Избор од ФБ страна на: о.Горан Стојчевски