логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПОФАЛНИ ПЕСНИ НАД ГРОБОТ ХРИСТОВ

Hristos.oplakuvanje3.jpg

ПРВА СТАТИЈА

Благословен си, Господи, научи ме на Твоите заповеди.
1 стих: Блажени се непорочните кои одат според законот Господов.
Живот си, Христе, а во гроб се положи и ангелските воинства се исплашија, славејќи го Твоето снисходење.
2.  Блажени се оние што ги испитуваат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.
Животе, како умираш? Како и во гроб престојуваш? Но царството на смртта го разоруваш и од адот мртвите ги подигнуваш.
3.  Оние што не вршат беззаконија, тие одат по Неговите патишта.
Исусе Царе, Тебе Те величаме и Твоето погребение и страдања ги почитуваме, со кои си не спасил од пропадливост.
4.  Ти си ни заповедал да ги пазиме Твоите заповеди.
Исусе Сецару, Кој границите на земјата ги одреди, денес во мал гроб престојуваш и од адот мртвите ги подигнуваш.
5.  За да се исправат моите патишта, треба да ги пазам заповедите Твои.
Исусе Христе мој, Ти си Цар на сите, што бараше кај оние во адот? Родот човечки ли да го ослободиш?
6.  Тогаш нема да се посрамам, кога ги запазам сите Твои заповеди.
Навидум мртов е Владиката на се и во нов гроб се полага, Оној што гробовите на мртвите ги испразни.
7. Ќе Те славам Тебе, Господи, во правдата а срцето, кога ќе ги научам судовите на правдата воја.
Животе, Христе, во гроб си се положил, и со смртта Твоја смртта си ја погубил и на светот живот си му источил.
8. Твоите заповеди ќе ги запазам, не оставај ме сосема.
Со злотворците како еден од нив си се приопштил, оправдувајќи не сите нас од злосторството на древниот искушувач.
9.  Со што ќе го исправи најмладиот својот пат? Ако ги запази зборовите Твои.
Најпрекрасниот од сите луѓе, како безличен мртовец се јавува, Оној што природата на сите ја украси.
10. Со сето срце Те побарав Тебе, не отфрлај ме од Твоите заповеди.
Како адот ќе го издржи, Спасе, Твоето пришествие? Ке страда во мрак, ослепен од блесокот на Твојата светлина.
11.  Во срцето мое ги скрив зборовите Твои, за да не Ти згрешам Тебе.
Исусе мој сладок и Светлино спасителна, како во темен гроб се сокри? О неискажливо и неизречено трпение!
12.  Благословен си, Господи, научи ме на Твоите заповеди.
Зачудена е и разумната природа, и мноштвото бесплотно, Христе, од неизречената и неискажлива тајна на Твоето погребение!
13.  Со устата моја ги разгласив сите закони на устата Твоја.
О чудеса необични! О нови нешта! Дарителот на мојот здив, без здив животен е носен, од рацете на Јосифа погребуван!
14. На патот на Твоите сведоштва се насладив, како од секое богатство.
И во гроб си слегол и од прегратките на Отецот никако не си се одделил! Ова е чудесно и воедно преславно!
15. За Твоите заповеди ќе размислувам и ќе го разберам патот Твој.
Вистински Цару на небото и земјата, иако во мал гроб си се заклучил, Исусе, од сета твар си познат.
16. Од заповедите Твои ќе се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зборови.
Од Тебе, положениот во гроб, Создателу Христе, адските основи се стресоа и гробовите човечки се отворија.
17. Дај ми мене, на Твојот слуга, да живеам и ќе ги запазам зборовите Твои.
Оној што со рака ја држи земјата, мртов телесно сега под земјата е држан, мртвите од адот избавувајќи ги.
18. Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудата на Твојот закон.
Од пропадливост си излегол, Животе, Спасе мој, кога умре, и кај мртвите отиде и ги скрши адските окови.
19. Странец сум на земјава, не скривај ги од мене Твоите заповеди.
Како светилник на светлина, Божјото тело сега под земјата како под поклоп се крие и ја изгони адската темнина.
20. Ја засака душата моја жедта по Твоите закони во секое време.
Мноштво ангелски воинства, со Јосиф и Никодим, се собраа во мал гроб да Те погребат, Тебе несместливиот.
21. Ти им се закани на горделивите: проклети да се оние, кои се отклонуваат од
Твоите заповеди.
Доброволно умртвен и под земја положен, Жизнодавче мој Исусе, ме оживеа мене, од горчливиот престап умртвениот.
22. Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги побарав Твоите сведоштва.
Сета твар се колебаше од страдањето Твое, зашто сите со Тебе, Слове, сострадуваа, за Седржител знаејќи Те.
23. Кнезовите седнаа и ме клеветеа, а Твојот слуга размислуваше за Твоите наредби.
Кога Каменот на животот во утробата Го прими Адот сејадач, ги изблуја умрените, што од памтивек ги проголта.
24. Сведоштвата Твои моја поука се, а наредбите Твои, совети за мене.
Во нов гроб си се положил, Христе, и човечката природа си ја обновил, кога божествено од мртвите воскресна.
25. Кон земјата се приврза душата моја, оживеј ме со Твојот збор.
На земјата си слегол, да го спасиш Адама, и кога не го најде на земјата, Владико, дури до адот си слегол да го побараш.
26. Патиштата мои Ти ги кажав и ме услиша, научи ме на Твоите заповеди.
Сета земја од страв се стресе, Слове, и Деницата зраците ги сокри, кога Твојата најголема Светлина во земјата се скри.
27. Вразуми ме на патот на Твоите заповеди; и ќе размислувам за Твоите чудеса.
Доброволно како човек умираш, Сапасе, како Бог, пак, од гробовите и од бездната гревовна, смртните ги подигаш.
28. Задрема од униние душата моја, утврди ме во зборовите Твои.
Ронејќи солзи Пречистата, мајчински повикуваше: О, Исусе, Како да Те погребам, Сине?
29. Патот на неправдата отстрани го од мене и со законот Твој помилуј ме.
Како пченично зрно, фрлено во утобата на земјата, си дал многуплоден клас, кога ги воскресна луѓето, уште од Адама.
30. Патот на вистината го избрав и законите Твои не ги заборавив.
Како сонце под земјата сега си се скрил и со ноќта смртна покриен си бил! Но заблескај, Спасе, уште посветло!
31. За сведоштвата Твои се приврзав, Господи, не посрамувај ме.
Како што месечината сонцето го покрива, Спасе, и Тебе сега гробот Те скри, со телесна смрт кога умре.
32. По патот на Твоите заповеди поитав, кога го рашири срцето мое.
Христос Животот, Кој смрт вкуси, смртните од смртта ги ослободи и сега на сите живот им подари.
33. Огради го, Господи, патот на Твоите заповеди, до крај ќе одам по него.
Од дамнина умртвениот од завист Адам, со Твојата смрт во живот го враќаш, Спасе, јавувајќи се како нов Адам во тело.
34. Вразуми ме и ќе се поучувам на законот Твој, и ќе го пазам со сето срце свое.
Небесните чинови трепереа, кога заради нас мртов Те гледаа, Спасе, со крилјата лицата свои криејќи ги.
35. Води ме по патеката на Твоите заповеди, зашто неа ја засакав.
Кога Јосиф од крстот мртов Те симна, во нов гроб, Слове, Те положи: Но воскресни и, како Бог, сите спаси ги!
36. Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомство.
Ти Кој радост беше на ангелите, сега си причина и за нивна тага, зашто Те гледаат телесно мртов и без дишење.
37. Одврати ги очите мои, за да не гледаат суета, на патот Твој оживеј ме.
Издигнувајќи се на крстот, живите луѓе си ги совоздигнал; под земјата, пак, слегувајќи, ги воскреснуваш оние што лежат под неа.
38. Дај му го на слугата Твој зборот Твој благобојазен.
Како лав, Спасе, телесно заспан, како младо лавче мртов воскреснуваш, и телесната старост ја отфрлаш.
39. Отстрани го од мене срамот на привидот, зашто Твоите закони се добри.
 
Во ребрата си бил прободен, Ти, Кој зеде ребро од Адама, од кое Ева си ја создал и реки на очистување си излеал.
40. Ете, ги засакав Твоите заповеди, оживеј ме со вистината Твоја.
Некогаш во тајност јагне се жртвуваше, а Ти јавно жртвуван, Незлобив Спасе, сета твар си ја очистил.
41. Нека дојде врз мене милоста Твоја, Господи, и спасението од Тебе според зборот Твој.
Кој ќе го искаже собитието страшно и навистина ново? Господарот на тварта денес страдање прима и заради нас умира!
42. И ќе им одговорам на оние што со збор ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои.
Како ризницата на животот мртов се гледа? - исплашени, ангелите повикаа: Како Бог во гроб се заклучува?
43. Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите судови.
Од реброто Твое со копје прободено, Спасе, со животот, живот од животот мене, спасениот, ми излеваш, и со него ме оживуваш.
44. И ќе го пазам законот Твој засекогаш, и во вечни векови.
Распнат на крстот, народите ги собираш; а во ребрата прободен, животворно проштевање на сите им излеваш, Исусе.
45. Одев слободно, зашто ги барав Твоите заповеди.
Благообразниот, Спасе, извршува образ страшен, и како мртов благообразно Тебе Те погребува и од Твојот ужасен образ трепери.
46. Ке зборувам за сведоштвата Твои пред царевите и нема да се срамам.
Под земјата, доброволно како мртов слезен, Исусе, од земјата ги возведуваш кон небесата, оттаму паднатите.
47. И се поучував од Твоите заповеди, што многу ги засакав.
Иако мртов си бил виден, но жив како Бог, Исусе, од земјата ги возведуваш кон небесата, оттаму паднатите.
48а. Ги подигнав рацете мои кои Твоите судови, што ги засакав...
Иако мртов си бил виден, но жив како Бог, мртвите луѓе си ги оживеал, откако го умртви мојот умртвител.
486. Размислував за Твоите заповеди.
О, со каква радост! О, со огромна сладост!, си ги исполнил оние што беа во адот, кога во мрачните понори им заблеска светлина.
49. Спомни си за зборовите Твои кон Твојот слуга, со кои надеж ми даде.
Се поклонувам на страдањето, го воспевам погребението, ја величам Твојата моќ, Човекољупче, со кои се ослободив од страстите на пропадливоста.
50. Тоа ме утеши во смирението мое, дека Твоето слово ме оживува.
Против Тебе, Христе, меч се разголи, и мечот на силниот се истапи и мечот едемски се одмаздува.
51. Горделивите безаконуваат постојано, а јас од законот Твој не отстапив.
Мајката гледајќи Го Јагнето на колење, прободена од тага редеше, поттикнувајќи го и стадото да тажи.
52. Се сетив на Твоите вечни закони, Господи, и се утешив.
Иако во гроб се погребуваш, и во адот слегуваш, Христе, но и гробовите ги испразни и адот го соголи.
53. Мака ме обзема од грешниците, кои го оставаат законот Твој.
Доброволно под земјата си слегол, Спасе, мртвите луѓе си ги оживеал и кон славата на Отецот си ги подигнал.
54. Песна ми беа заповедите Твои, на местото кај што пристигнав.
Еден од Троица, во тело, заради нас срамна смрт претрпе, се помрачи сонцето и земјата се затресе.
55. Во ноќта се сетив на Твоето име, Господи, и законот Твој го запазив.
Како горчлив извор, Јудино потомство, во гроб чедото свое Христа го положи, Исуса, Кој со манна ги нахрани.
56. Ти ми ги даде, зашто ги посакав Твоите заповеди.
Судијата, како осуденик пред судот на Пилата застана, и со смрт неправедна, на дрво крсно беше осуден.
57. Тебе Те избрав, Господи, реков: Ке го запазам законот Твој.
Горделив Израилу, злосторнички народе, кој своите пророци ги убива, Варава го ослободивте, а Спасителот на крст Го предадовте.
58. Му се помолив од се срце на лицето Твое; помилуј ме според словото Твое.
Со раката Твоја од земја Адам го создаде, заради него стана човек по природа и доброволно се распна.
59 . Размислував за Твоите патишта и ги вратив нозете мои кон Твоите сведоштва.
Послушен на Отецот, Слове, дури до лутиот ад си слегол, и оттаму родот човечки си го воскреснал.
60. Се подготвив и не се збунив да ги запазам Твоите заповеди.
Тешко мене, Светлино на светот! Тешко мене Светлино моја, Исусе мој возљубен!, викаше Дева и жално ридаше.
61. Стапиците грешнички ме опколија, но јас законот Твој не го заборавив.
Луѓе завидливи, убијци и горделиви, засрамете се барем од плаштаницата и од покровците на Христа воскреснатиот.
62. На полноќ станував, за да Те величам поради судовите на Твојата правда.
Пристапи, ученику, осквернет убиецу, и причината за твојата злоба кажи ја, со која стана Христов предавник.
63. Од оние сум, што се бојат од Тебе и ги пазат Твоите заповеди.
Напразно се преправаш, дека си човекољубив, беднику слеп и губитнику неверен, кога мирото за пари го продаде.
64. Полна е земјата со Твојата милост, Господи, научи ме на Твоите заповеди.
Која цена ја понуди за бесценетото Небесно Миро? Што за возврат доби, проклет Сатано? Поразот си го најде!
65. Добрина си му направил на Твојот слуга, Господи, според Твојот збор.
Ако ги сакаш бедните, и жалиш за мирото потрошено за очистување на душата, Како тогаш за пари ја продаваш Светлината?
66. На она што е добро и лошо, и на разум научи ме, зашто им верував на Твоите заповеди.
О Слово Божјо! О радост моја! Како ќе го поднесам Твоето тридневно погребение? Сега мојата утроба мајчински се раскинува.
67. Пред да се смирам, згрешив, затоа Твојот збор го запазив.
Кој ќе ми даде вода и извори солзи, да Го исплачам својот сладок Исус ? - викаше Дева Богоневесна.
68. Ти си добар, Господи, и со Твојата добрина научи ме на Твоите заповеди.
О гори и ридови, и мноштво народи! Заплачете и сите ридајте со мене, Мајката на вашиот Бог.
69. Се умножи неправдата на горделивите врз мене, но јас од се срце ги пазам Твоите заповеди.
Кога ќе Те видам, Спасе, безвремена Светлино, радост и сладост на моето срце? - Дева горко повикуваше.
70. Се засири како млеко срцето мое, но јас се поучив од Твојот закон.
Иако како аголен камен, Спасе, си бил пресечен, но како од карпа вода жива си излеал, Извору на животот.
71. Добро е што си ме смирил, за да се научам на Твоите заповеди.
Како од еден извор, со двојна река од ребрата Твои се напојуваме и бесмртен живот придобиваме.
72. Подобар е за мене законот на Твојата уста од илјадници злато и сребро.
Доброволно во гроб мртов си се јавил, Слове, но живееш, и луѓето, како што си претскажал, со Твоето воскресение ги воскреснуваш.
Слава: Те воспеваме Слове, Тебе, Кој си Бог на сите, со Отецот, и со Твојот Свет Дух и го славиме Твоето божествено погребение.
И сега, богородичен: Блажена те нарекуваме, Богородице Чиста, и верно го почитуваме тридневното погребение на твојот Син и нашиот Бог.
И пак првиот припев: Живот си, Христе, а во гроб се положи и ангелските воинства се исплашија, славејќи го Твоето снисходење.
Потоа мала ектенија и возгласот на првата статија:
Зашто се благослови Твоето име и се прослави Твоето царство, на Отецот и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

 kniga.statii3.jpg Излезе од печат ЦД и книга „СТАТИИ НА ВЕЛИК ПЕТОК“

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3207
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7683
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная