логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Историјат на правењето молитвен спомен за починатите


Првиот век не ни дава јасни сведоштва во поглед на молитвите за упокоените, но знаеме дека молитвите, јадењето и причестувањето извршувани во спомен на упокоените, уште во древноста влегуваат во богослужбениот поредок на Црквата од Истокот. Спомнувањето на обичните упокоени е во тесна врска со споменот извршуван за мачениците, зашто до третиот век не се правела некоја голема разлика помеѓу нив. Во Светото Писмо постои само едно сведоштво во Второто послание на ап. Павле до Тимотеј. Нешто појасни сведоштва имаме од II век, во писмото кое Смирненската Црква го пишува за мачеништвото на св. Поликарп Смирнски. Таму се зборува дека неговите земни остатоци ќе бидат положени на чесно место, каде Црквата се собира за да изврши спомен на мачеништвото на светиот. Самите изрази во писмото зборуваат дека молитвата е надополнета со евхаристиска агапи. Исто така и св. ап. Јован се молел над еден гроб во третиот ден после нечија смрт и правел „прекршување на лебот“ (евхаристија). Св. Перпетуа Го молела Бога за својот брат, за тој да премине од место на жалост во место на радост. Тертулијан дава податоци дека за упокоените се принесува Евхаристија на денот на нивниот погреб и на годишнината од нивната смрт. И во Дидаскалија се спомнува за извршување на молитва за упокоените. Кон крајот на IV век Евсевиј сведочи дека после смртта на царот Константин Велики, неговото тело било поставено во храмот, и свештениците и верните извршувале молитви за покој на неговата душа. Св. Кирил Ерусалимски вели дека во црквата каде тој служел се правел молитвен спомен за упокоените епископи, отци и за сите оние кои меѓу нив починале. Кон крајот на истиот век и св. Јован Златоуст препорачува молитви за починатите. Истото го сведочи и Блажени Августин. Во Лавсаикот, пак, се наведува дека молитвен спомен за починатите браќа се прави не само во првиот ден од упокојувањето, туку и во третиот и четириесеттиот ден после неговата смрт.

Треба да се разликува споменот за новопретставените од општиот годишен спомен за починатите. За новопретставените Црквата се моли во третиот, деветтиот, четириесеттиот и годишниот ден од смртта, а се прави токму тогаш бидејќи секој ден има своја символика. На пример: во третиот ден Црквата се моли над починатиот во слава на Света Троица од Која потекнува нашиот живот и битие, а Која после смртта нѐ повикува во нов живот; во третиот ден и Спасителот воскреснал; во деветтиот ден заради деветте ангелски чинови кои се застапуваат за душата на починатиот; во четириесеттиот поради свештеното значење на бројот четириесет итн.

Освен молитвите за новопретставените Црквата се моли и за сите починати воопшто. Според богослужбениот поредок (Типикот), Црквата тоа го практикува во секоја сабота, како и во некои особени годишни денови. Тоа се: 1. Месопусната сабота; 2. Втората, третата и четвртата недела од Великиот Пост; 3. Понеделникот или вторникот од Томината недела; 4. Саботата пред Педесетница; и 5. (Митровденска задушница), односно саботата пред празнувањето на споменот на св. вмч. Димитриј (08 ноември). Овие саботи се нарекуваат Вселенски родителски саботи, зашто се одредени со уставот на Вселенската Црква.
Во врска со Митровденската задушница, треба да се знае дека таа е востановена во XIV век и  најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето Православни Цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која погинале и двајцата гореспомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се ивршува помен не само за паднатите православни војници, туку и за сите починати воопшто.

Извор: Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная