логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Синаксар од Минеј. Потоа овој.
Стихови:

Подателу на Светлина, Кој си Светлина од Светлината, Слове, му даруваш вид на слепородениот.

Во овој ден, Шеста недела по Пасха, го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, тие зедоа камења за да ги фрлат по Него. Но Он, заминувајќи оттаму, најде еден слеп човек кој одеше со пипање. Така било од неговото раѓање, имајќи ги само празнините во очите. Учениците, пак, Го прашаа Спасителот: Учителу, кој згрешил? -Тој или родителите негови? Ова прашање тие го поставија затоа што Господ порано на раслабениот беше му рекол: Ете, сега си здрав, и повеќе не греши; па мислеа дека причина за неговото слепило се гревовите на неговите родители, според некое учење на епикурејците дека душите постоеле од порано (пре-егзистирале) и дека поради нивните гревови повторно влегувале во некое тело. Отфрлајќи ги сите овие работи, Христос рече: Ова не е од тие причини, туку за да се јават делата на Бога, односно Моите, зашто не станува збор за Отецот, бидејќи сврзникот „за да“ го има за цел објавувањето на Синот.

Штом го рече тоа, Христос плукна на земјата, направи кал и го намачка местото кај што се сместени очите, и му нареди да отиде во бањата Силоам и да се измие, за да покаже дека Он е тој што во почетокот зеде прав од земјата и го создаде човекот. И бидејќи окото е еден од најважните органи на телото, го создава, иако тоа не постоеше, за да покаже, исто така, дека Он е тој што и дава движење и на душевната сила. Он не се служи со вода, туку со Својата плунка, за да се знае дека секоја благодат доаѓа од Неговата уста; и дека треба да го испрати во Силоам, и му нареди да се измие, за да не мислат дека исцелението со кал го извршил некој човек излезен од земјата. Он го испрати во Силоам за да има повеќе сведоци на неговото исцеление, бидејќи, додека тој одеше со намачкани очи, имаше можност да биде виден од мнозина. Но, според некои, кога тој се изми, не ја отстрани калта што беше направена од плунка, туку самата кал, под дејство на овој течен елемент - плунката, беше се преобразила за да ги оформи очите.

Силоам значи „испратен". Таа бања се наоѓаше надвор од градот Ерусалим. За време царот Езекиј, кога непријателските војници го опседнуваа градот и кога го зазедоа Силоам, водата се повлече оттаму. Пред да бидат ископани кладенци и бунари за да може да се нацрпе вода, таа (водата) се појавуваше повторно само кога ќе отидеше некој да нацрпе вода, испратен од пророкот Исаија. Но, ако некој од војниците или некој оттаму сакаше да налее вода, изворите пресушуваа. Затоа и Самиот Христос, за да покаже дека доаѓа од Бога, го испрати таму слепородениот, и веднаш се јави светлината. Некои мислеле дека Силоам значи ,испратен, поради овој слепороден кој бил испратен од Христа.

Hristos.Nedelanaslepiot.jpg
Откако се изми, слепиот прогледа, преку некоја неискажлива сила, без да може самиот страдалник да ја дознае тајната. Неговите соседи и тие што го познаваа, кога видоа дека тој прогледал, се збунија. Самиот, пак, признаваше дека порано бил слеп и, кога го прашаа за причината на неговото прогледување, тој раскажуваше дека Христос е исцелителот на неговата мака. А фарисеите, кога слушнале за ова преславно чудо, повторно го обвинуваа Спасителот дека не ја почитува саботата, бидејќи, како што се чини, и ова чудо, со слепиот, се случило во сабота.

И настана расправија меѓу нив: едни велеа дека Исус е од Бога, поради чудата што се случуваа, а други велеа дека не е од Бога, бидејќи не ја почитува саботата. Оние што имаа добро мислење за Исуса, го прашаа слепиот: А што мислиш ти за Него? Тој одговори отворено дека е пророк. Но другите не сакаа да поверуваат дека бил слеп и дека Христос го излекувал, па затоа ги повикаа неговите родители, бидејќи не им веруваа на соседите. Но, колку повеќе тие сакаа да ја скријат вистината, толку повеќе ја откриваа, бидејќи и родителите потврдија се како што било, дури по цена да бидат исфрлени од синагогата и, под изговор дека нивниот син е доволно возрасен, тие одговорноста ја префрлија на него. Но фарисеите пак му рекоа на слепиот: Прослави Го Бога, бидејќи исцелението е од Него, а не од Христа, оти Тој е грешен, затоа што ја разорува саботата. Слепиот, сакајќи да покаже дека е Бог, преку Неговите дела, одговори: Не знам. Само знам дека бев слеп и дека сега гледам, благодарејќи на Него.

Но тие пак мурекоа: Како ти ги отвори очите? Но тој, веќе изморен, не им одговори во подробности, туку прецизираше: Ако Он не е испратен од Бога, не би можел да го направи ова чудо. Тогаш тие почнаа да го навредуваат, затоа што на тој начин тој призна дека е Негов ученик и поради тоа што беше рекол: Никој не отворил очи на слепороден; други слепци прогледале, но никогаш некој слепороден!  Потоа тие се подбиваа со него и го избркаа од синагогата. Отпосле го најде Исус и му рече: Веруваш ли ти во Синот Божји?  А тој, кога дозна Кој е Оној што му зборува и, гледајќи Го, благодарение Нему (бидејќи порано не можеше да го види, поради слепилото), Му се поклони и стана Негов ученик, проповедајќи го Неговото добро дело.

Со други зборови, би можело да се каже дека слепиот го означува народот произлезен од паганството, што Исус го сретна додека беше на земјата, а не на небото. Или пак, бидејќи е дојден заради еврејскиот народ, патем Он свратил и кај незнабошците. Плукајќи на земјата и правејќи кал, Он ги намачкал, наместо најнапред да ги поучи. Бидејќи Он е дојден како роса на земјата, и се воплотил од Дева Марија. Потоа го даде и божественото крштение, кое одговара на Силоам. Потоа и христијанскиот народ, произлезен од незнабошците, имаше храброст да поднесе се заради Христа, беше гонет и сведочеше, и најпосле беше признаен и прославен од него.
Со Твојата неизмерна милост, Христе Боже наш, Дарителу на светлина, помилуј нѐ и нас, и спаси нѐ. Амин.

 

 Друго:

 Nedela.zaSlepiot.jpgТропарите и кондаците се кратки химни составени во чест на Светиите и Празниците. Постојат посебни опширни одредби околу нивниот редослед, но, во главно, најпрво се пеат тропарите, а потоа следуваат кондаците, завршувајки со „Слава...и сега и секогаш...амин, пред последниот Кондак (или „Слава“пред предпоследниот и „и сега и секогаш...“ пред завршниот кондак). 

При малиот вход, веднаш после пеењето на входниот стих, певците пеат тропари и кондаци, додека свештеникот ја чита посебната молитва на „Трисветото пеење.“

Еве како познатиот типичар Скабаланович го објаснува тој момент: „ Поаѓајки од идејата дека при входот на свештенослужителот во олтарот, на вход заедно со него одат и Светиите, Црквата токму во тој момент ги воспева Светиите, одредувајќи после входот да им се пеат тропари и кондаци...На Литургијата овој дел (пеењето на тропарите и кондаците) е (речиси) ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО КАДЕ ШТО МУ СЕ ОДДАВА ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА ДЕНОТ. Значи, од песнопенијата посветени на денот, одбрани се најпознатите (т.е. ТРОПАРИТЕ и КОНДАЦИТЕ) ЗА ДА ЈА ИЗРАЗАТ НАЈДОБРО СУШТИНАТА НА ПРОСЛАВУВАНИОТ ПРАЗНИК!

Таа е, значи, улогата на тропарите и кондаците кои неретко се надополнуваат според нивната содржина. Оваа група на песнопенија се обидува да ги опфати сите празнувања поврзани со денот на Литургијата, симболизирајќи дека бескрвната Жртва се принесува за сите и за се...“. 

Тропари и Кондаци за неделна Литургија,

  Значи, веднаш по малиот вход, на светата Литургија следуваат тропарите и кондаците, и тоа, ова недела, по следниов редослед :

 Воскресниот Тропар, Слава – Кондак на Празникот (Неделата на слепиот), И сега и секогаш... – Кондак на Пасха.

Воскресниот тропар, гл.5

На беспочетното Слово, на Отецот и Духот,  што од Дева се роди за наше спасение, да Му запееме верни и да Му се поклониме; зашто доброволно телото го постави на Крст,  претрпе смрт и ги воскресна мртвите  со Своето славно Воскресение. 

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Кондак гл.4 (За неделата на Слепиот)

Со ослепени духовни очи, кон Тебе, Христе, како слепиот од раѓање, пристапувам и во покајание Ти повикувам: Ти, Светлино пресветла на оние во мрак што се! 

И сега и секогаш и во сите векови, амин.

Кондак на Пасха, гл.8

Иако во гроб Си слегол Бесмртен, Ти адската сила Си ја урнал и Си воскреснал како Победник, Христе Боже. На жените мироносици им рече 'радувајте се', и на Твоите Апостоли мир им подари, на паднатите пак, Воскресение им даваш.

Извор: С.Л.

Друго:

 

 Митрополит Струмички Наум: Скаменето срце

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2047
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2069
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 513
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная