логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

monahinja.kandilo4.jpg 

 Радосно да го започнеме сесветото време на воздржување; да засветлиме светлозрачно со светите заповеди на Христа, нашиот Бог, со сјајот на љубовта и блесокот на молитвата, чистотата на светлоста и мажествена крепост. Облечени во одежди на светлина, да поитаме кон тридневното свето Воскресение, кое му засветли на светот со слава на животот вечен.
Утрена, Чист вторник

 sv.efrem.sirin2.jpgПоуки од Светите отци: И така, возљубени мои, да го држиме овој пост со ревност и чисто срце, зашто тој е сладок и пријатен за оние кои ги поминуваат свето овие денови. Овој свет пост да го употребиме во борба со ѓаволот, зашто без пост и молитва никој не може да го победи духот на злото. Во овој пост, возљубени мои, да молиме и просиме милост од Себлагиот и Милосрдниот, Кој не го отфрла оној кој пости. Овој пост, возљубени мои, ја отвора небесната врата, зашто нè издига од земјата и не вознесува во висините.
Свети Ефрем Сирин

 Молитва:
 Отче Небесен, секогаш да ги слушаме зборовите кои ги изговорил Синот Твој, Исус, за радоста наша да би била потполна, длабока и вечна, да видат луѓето дека сме биле со Господа Исуса, творејќи ја Неговата волја. Амин.

 Читања од Светото Писмо:
 Исаија 1, 19-31; 2, 1-3
 Битие 1, 14-23
 Соломонови Изреки 1, 20-33

  Созерцание: Но кој Мене Ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото.
Соломонови Изреки 1, 33

Подготви: А.Л.


Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2597
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2391
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…