Во Грција составија тропари за преп. Порфириј (Кавсокаливит)
sv_Porfirij.jpg На 2 декември во цела Грција за прв пат со многубројни празнични богослуженија беше чествуван споменот на новопрославениот светец на Православната црква, старец Порфириј (Кавсокаливит) (+1991). Икони од преп. Порфириј имаше во многу цркви и манастири ширум Грција уште пред неговото официјално впишување во диптихот на светиите од страна на Вселенската патријаршија пред неколку дена. Беа составени и тропари во негова чест. Објавуваме во превод на македонски два тропaра на преподобниот, што овие денови одекнуваа во православните храмови во Грција.
Тропар, глас 1, подобен „Пустынный житель“:
Да го прославиме, верни, чедото на Евија, пофалбата на сите Грци, посветениот на богословието и на Христа блискиот пријател, Порфириј, кој од дете со дарби е исполнeт. Зашто тој ги ослободува бесомачните и ги исцелува болните, кои со вера извикуваат: слава на Оној Кој ти даде сила, слава на Оној Кој те освети, слава на Оној Кој преку тебе на сите им дава исцеленија.
Друг, глас 5, подобен „Собезначальное Слово“:
Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат.
Извор: Двери
Преземено од: Бигорски манастир
Друго:
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=5951