логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ВО ТИ-ГРАДОТ

             Досега Пркос беше уверен дека не постои поубав град од Јас-Градот. Ова што сега го гледа пред себе, му го одзема здивот.

           -Па, како ти изгледа?

           -Преубаво е!

           -Ги гледаш ли оние деца зад дрвото? Оди до кај нив! Сигурно и Ведрана  е со нив. А ако не е, тие ќе те одведат до неа.

           Ништо повеќе не му беше потребно да му се каже.  Завјаса кон децата.

           -Пази на ногата!

           -Не ме боли повеќе!-ѝ довикува Пркос.

Задишан, стигнува до децата. Се смеат, задлабочени во играта, така што не го ни приметуваат. Тој веднаш ја препознава Ведрана. Се потсетува на нејзиниот смев и нејзината коса.

           -Ведрана.....Ведрана!-ја повикува Пркос.

Таа се свртува изненадена.

           -Пркосе, добро мое другарче!

Се прегрнуваат. На Ведрана и течат солзи радосници. Останатите деца, штом слушнаа за неговото име, почнуваат заедно да плескаат извикувајќи:

           -Добредојде во Ти-Градот! Добредојде во Ти-Градот!

-Те очекував. Бев сигурна дека ќе дојдеш!

-Поминав низ многу тешкотии!

-Важно е дека успеа. Дојди да те запознам со моите пријатели! Им раскажував за тебе.

Сите срдечно се ракуваат со него. Се претставуваат, со потоци прашања. Пркос е затекнат. Толку топол дочек и толку прегратки никогаш во животот не доживеал. Ведрана ја приметува неговата збунетотст и посредува:

-Слушајте ме сега! Нашиот другар е воден и уморен. Го предлагам следново: ќе го однесам во својата куќа да се преслече и одмори, а утре...

-Не утре, денес, денес!-извикуваат децата.

-Денес ќе се одмори. Утре сите ќе се сретнеме овде. Тогаш Пркос ќе ни раскаже како допатувал овде. Сложни  ли сте?

-Сложни сме! Сложни сме!

Едно високо момче кое сето време го држи Пркос за раме, извикува:

-Сите ќе те испратиме до кај госпоѓата Добра!

Тргнуваат пеејќи:

           Госпоѓо Добра, гооспоѓо Добра,

           види ја оваа глетка

           нека се развесели срцето твое

           види кого ти носат децата твои.

 

           Пркос се смее заради испеаната песничка. Момчето кое го држи за рамо, се наведнува и му шепоти:

           -Јас сум брат на Ведрана, се викам Благороден. Госпоѓата Добра е нашата мајка.

           Госпоѓата Добра излeзе во дворот. На рацете држи мало девојче, а едно малку поголемо дете стои покрај неа радосно плескајќи со рачињата. Привлечени од буката на децата, дојдоа и соседите. Сите  му посакаа добредојде на Пркос. Госпоѓата Добра цврсто го прегрна.

           -Добредојде, дете мое!

           Пркос остана без зборови. Не знае ште да каже. Гопоѓата Добра му се обраќа на својот голем син:

           -Благороден покажи му на Пркос каде може да се измие и дај му чиста облека! Ведрана, ти дојди со мене да подготвиме вечера! Наскоро ќе дојде и тато.

           Сите седат околу трпезата и го слушаат Пркос додека им ги раскажува своите доживувања од патувањето. Тој, секако не спомна никој од оние кои му помогнаа да стигне до Ти-Градот. Сакаше самиот да ужива во славата. За сѐ раскажува така уверливо, така што луѓето немаат никаква причина да не му поверуваат. Дури му се воодушевуваат. Таткото на Ведрана пријателски го потапка по грбот.

           -Браво, дете мое! Се гледа дека душата ти е исполнета со добрина, затоа Бог ти помогнал да стигнеш ваму.

           -Никој не ми помогна! Јас сѐ самиот постигнав.

           -Дете мое, Бог е сочувствителен и  им помага на сите свои созданија.

           -Незнам во кој Бог вие верувате. Ние во Јас-Градот имаме божица. Таа е наша кралица. Нѐ советува, во неа веруваме. Сите знаеме дека човекот во себе крие голема сила. Таа сила му помага да ги победи сите тешкотии. Секако, бидејќи веќе дојдов овде, би сакал да го запознаам и вашиот Бог.

           Децата немо се погледнаа. Госпоѓата Добра се насмевнува на својот сопруг, а тој повторно пријателски го потапка Пркос.

           -Ќе гозапознаеш, ќе го запознаеш!

           -Јас предлагам да појдеме уште денес. Каде е Неговата палата?

           -Небото?

           Пркос скокна зачуден.

           -Па како разговарате со Него? Како Ви помага?

           -Едноставно Му се обраќаме, како што и ние сега разговараме.

           -И Он ве слуша од толкава далечина? И може да ви помогне?

           -Секако! Секогаш е наоѓа близу нас.

           -И сега е овде и не слуша-проговорува малата Цветана.

           -Зарем сакате да кажете дека е невидлив?

           -Точно!

           -Пркос поцрвене од возбуда. Стана и рече:

           -Сега во овој момент сакам да разговарам со Него! Ве молам кажете Му дека го бара Пркос од Јас-Градот!

           -Седи, дете мое! Смири се! Уште не си ни стигнал. Полека, сѐ ќе дознаеш.

           -Јас сакам сега!

           -Добро, бидејќи сакаш сега, да почнеме! Мислам дека првата работа на која мораш да се научиш е-трпението.

 

                                 *************************

 

           Вистина е дека оној кој сака да подучува еден жител на Јас-Градот и самиот мора да биде многу трпелив. Како што кажавме на почетокот, жителите на Јас-Градот не гледаат добро бидејќи нивното големо ЈАС им ги заматува очите. Нивните уши го слушаат само она што им одговара. Веруваат дека е исправно само она што тие го кажуваат. Скоро и да е невозможно да им го промените мислењето. Инаку себеси се сметаат за многу паметни. Како да послушаат совет на еден скромен жител на Ти-Градот? Во нивниот речник скромен значи блесав.

           Пркос, освен своето големо ЈАС, во себе носеше голем пркос, поголем од името кое го носи. Од друга страна, таткото на Ведрана, господинот Трпелив, поседуваше трпение, исто така поголемо од името кое го носи. Прво што му падна напамет, беше лично да разговара со своето семејство.

           -Деца, од денеска Пркос ќе го сметате за брат! Бидејќи Бог го прати овде, сите заедно треба да му помогнеме. Не велам дека ќе биде лесно! Доволен е еден живел на Јас-Градот да го сврти главешкум целиот Ти-Град. Но, ние се надеваме дека со Божја помош и помошта на нашите сограѓани ќе успееме.

           -Кога тој ќе мудрува, ние треба да молчиме? Тато, па тој ќе нѐ смета за глупави!

           -Цветана, понекогаш попаметен е оној кој молчи.

-Во секој случај, многу е воздигнат-приметува Благороден.-Постојано вели: ЈАС па ЈАС! Би помислил дека тое е оружје кое го штити.

           -Е па добро! Ќе го земеме и ние нашето оружје. Време е за битка. Ведрана, ти си го охрабрила Пркос да дојде ваму. Дали си подготвена?

           -Уште одамна, тато!

           -Кое е тоа оружје кое ги победува жителите на Јас-Градот? Сакам и јас едно!-повикува Цветана.

           -Во прашање е ЉУБОВ, девојченце мое! –одговара мајката и ја зема во прегратка.

 
 
 

 

Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

 

              Подготви: Маја Белева

             


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная