логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Како и зошто загина Тоше Проески? Кој требаше да го чува?




Тоше беше најголемото национално богатство - духовно и материјално. Но, немаше држава што требаше да го сочува.

По извршеното вештачење, заклучено е дека џипот во кој загина Тоше се движел со брзина од 171км/час, односно возилото минувало 47 метри во секунда. Во извештајот се вели деке џипот се движел со поголема брзина од дозволената (120км/час) и не држел пропишано растојание. Но, сè уште не прочитавме зошто возачот на џипот со толкава брзина не возел по левата, таканаречена брза лента, предвидена за претекнување на возилата на автопатот?

Со оглед дека нема траги од кочење, може да се претпостави дека возачот заспал, бидејќи немал никаква пречка за да не го исклучи умот, особено доколку ја фиксирал брзината со автоматот што инаку има можност кај таквото возило. Услови кога постои можност возачот да остане буден се: доколку управува со старо и несигурно возило; ако патот не е прав и рамен; доколку има некој со него да разговара и да го поттикнува на емотивен разговор; доколку може одвреме навреме да го отвора прозорецот; доколку може да слуша гласна музика, но, и доколку е истрениран, какви што се професинолните возачи, најповеќе за тешки товарни возила.

За жал, ниту еден од овие услови не ги имал возачот на џипот, за да можел да остане буден. А кога би се исклучил умот само  три секунди, џипот со таа брзина би поминал 131 метар. Но, се поставува прашањето: Зошто менаџерката спиела, кога е во опасност човек што ја прослави и обогати? Некој морал да помага, да соучествува во брзото движење на џипот по рамен и прав пат во рани мугри кога умот тешко се одржува буден. Тоа се должи на незнаење, на крајна неодговорност или, пак, на двете заедно. Но, само едното е доволно сосема да ја дисквлификува личноста, одговорна, не само за успешно склопените ангажмани на Тоше пеачот, туку и за неговото здравје и живот.

Тие што веруваат во Бога, во судбина и задгробен живот, ја олеснуваат својата болка, но и одговорноста. Но, дарвинистите бараат одговор за причината за трагедијата. Верниците се ослонуват на надеж и чудо. Но токму најголемото чудо е ненадејната смрт на Тоше.

Околностите се поклопиле, кажа еден умен човек. Но, околностите се поклопуваат повеќе пати, а тоа е знаење кое предупредува и однапред укажува на дадената парадигма.

Истиот човек кажа дека Тоше бил патријархално воспитано момче. Аха! Патријахално, може да се преведе и како наивно, а наивно како длабоко човечно, а ова како духовно што е спротивно од егоистично. Ние живееме во општествено-политички околности каде што егото апсолутно доминира, секако и во раководењето со државата, со сето материјално, а тоа значи и со нашите животи. Поради истото, повеќето луѓе се предадени на судбината бидејќи немаат сила која може да ѝ се спротивстави на силата на егото. Егото е ѓаволското во човекот. Духот е боженственото, каков што беше Тоше Проески.

Голем број луѓе велат за смрта на Тоше: таква му била судбината?! Психијатријата вели: нашата свест ја одредува судбината. Судбина на одбраните е да се борат. Тоше се бореше со вложување до исцрпување. Но, во пресудните моменти, како што било тоа утро, преморен им се предал на другите што не се како него. А такви се односите меѓу луѓето во бизнисот: работата со Тоше беше исклучително профитабилна, и во согласност со одамна напишаната книга за менаџментот „Како да пливам меѓу ајкулите, а при тоа да останам жив?"

Последната вечер, пред да тргне на пат пред саканата гласно се прашал: „Да не одам? Не ми се оди!" Притоа барал поддршка прашувајќи ја Андријана: „А да не одам, што мислиш ти?". Секако, човек со толку чувствителна душа претчувствувал опасност, но посилно било неговото воспитание - не можел да ѝ каже „не“ на својата менаџерка, на која не ѝ паднало на памет да не оди по толкава зделка - во Загреб, па потоа во Пореч. За таквиот миг на чувства на Тоше, поетот запишал: „во тој миг неговото битие се кинело и вртоглаво растегнувало на илјада километри“.

Психо-социолошките услови во постјугословенските простори, каде што настапувал Душа (Човекот од Крушево), се душевно изместени - сè уште владее етнонационализам. Тоа значи, во изместен систем на вредности на општествените односи, моралот станува индивидуална категорија. Тоа го оптоварувало чувствителниот Тоше, кој не можел да се одбрани од амбиците на тие што ги раководеле неговите настапи. Но, како добродушен човек, тој имал желба да ја разгалува несреќната млада публика.

Родителите го научиле да биде одговорен, а тоа не значи да се засилува разумот, туку да се засилуваат чувствата за добробит кон другите луѓе. Тоше бил воспитан да верува во луѓето, а тие што неселективно и апсолутно веруваат во луѓето, по правило, порано или подоцна, доживуваат тешко разочарување, доколку пред тоа физички не страдаат. Менаџерката имаше цел, додека Тоше ја немаше истата цел, а кога требаше да оди на многу места во исто време тоа не му беше цел, всушност не му беше план, туку таа цел му се појавуваше како зададена обврска.

Пред да дознаеме, лесно беше да се погоди дека неговите родители не се ниту политичари, ниту пак трговци. Патријалхални, затоа што не ги допрела психолгијата на ропството што владее во овој свет. Тие не се профитери кои сметаат дека  човекот нема душа и служи само за да биде искористен. Тие ја поседуваат божественета свест дека богатите се сиромашни. Патријалхалноста крие во себе искрена желба за траење: оние желби што нема да бидат остварени се чуваат како пелцер за наредната генерација, за следнава епоха. Тоа се луѓе кои сакаат да го сочуваат достоинството и честа на човекот. Но, за жал, им веруваат и им се предаваат на аворитетите. А во услови кога парите станаа закон, добро воспитаните луѓе немаат развиена сила да се одбранат. Најдоброто во човекот е создадено од наједноставни особини. Така е и со простодушноста. Таа не се стекнува со учење, туку се подарува. Таквите немаат желба да владеаат со другите, туку самите со себе. Затоа, пак, тешко се одбрануваат од таквите кои имаат потреба да владеат со нив. Како инаку би преживеале таквите луѓе со векови во Крушево, каде лежат гробовите на тие што го напишаа и животот го дале за Крушевскиот манифест?

Тоше всушност го релаизира Крушевскиот манифест. Песната и љубовта му беа повик до сите народи и нации на Балканот. Токму како Исус, Тоше покажа дека ненасилството е најмоќното човеково оружје. Родителите му давале неограничена љубов поради што тој можел да ни ја дава на сите нас.

За разлика од неговите колеги, тој пееше без намера да ја покрие сликата на сеопштата криза на Балканот, туку ни ја враќаше вербата во љубовта како единствено и најмоќно чувство за излез на патот што дава надеж и верба во себе. Тој беше, философски кажано, политизирано аполитичен. Обичноста е пат по кој се стигнува до совршенството.

Тој не стана самовљубен како повеќето негови колеги, како да знаеше дека таквото однесување од секој здрав човек создава идиот. Тој беше како пратен од Бога - не сакаше да ја извлече главата од јаремот во вид на крст што му е доделен низ историјата нему и на неговиот народ, а тој со својот дух го носеше тоа како да му е вистиска круна.

Со Тоше не може и не треба да се споредува ниту една ѕвезда што загинала на сличен начин, затоа што Тоше беше најголемото национално богатство - духовно и материјално. Но, немаше држава што требаше да го сочува.

Без сомневање, повеќето Македоници се чувствуваат инфериорни кога се покрај своите колеги Срби или Хрвати. Но, Тоше се однесуваше како Вејсилов во романот „Момче“ на Достоевски, кој носеше во себе сон за исконот на Европа, а затоа себе си се гледаше „...во Франција како Французин, покрај Германците како Германец, со старите Грци би бил Грк, а токму на тој начин во најголема мерка да биде Русин“. Односно, Тоше во тие услови беше во најголема мерка Македонец.

Животот му беше неговото пеење, но ние со врева треба сега да учиме од неговата смрт, во согласност со она што го напишал писателот, Ѓузепе Б.: „Можеби животот не е врева, а смртта тишина, туку обратно“.

Велимир Цвејиќ

(Текстот е напишан на 30.10.2007)

Извор: МКД

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная