логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје, 16 ноември (МИА) -  Триесетина експерти од Македонија и од повеќе европски земји учествуваат на дводневната научна конференција „Меморија и интерпретација“, која ја организира  Македонската академија на науките и уметностите со финансиска поддршка на УНЕСКО.

- Во склад со вредносните и програмските начела на УНЕСКО, како нејзин покровител, целта на конференцијата е да ги афирмира принципите на разбирањето, а за  тоа ја нуди поткрепата на научните сознанија. Таа, верувам, ќе покаже дека е доблест да се хармонизира научната мисла со културната мисија, истакна на отворањето академик Ката Ќулавкова, член на Организацискиот одбор на конференцијата. Таа додаде дека културната меморија е пресек на колективниот и индивидуалниот дух кој го поттикнува процесот на универзализација, како услов без кој не може да се формира вкупната слика на светот на човештвото.

Претседателот на МАНУ, академик Цветан Грозданов во својот поздравен говор рече дека задоволство му е што научниот собир се одржува во годината кога МАНУ одбележува 40 години постоење и подвлече дека трудовите на еминентните учесници на конференцијата се гаранција за нејзината успешност. Во врска со темата на конференцијата, Грозданов, кој е историчар на уметност и византолог со полувековна практика, рече дека секогаш имал дилема дали старите зографи во својата дејност имале визуелизирани потсетници или се потпирале на меморијата и, ако е така, како успевале да ја транспонираат сликата.

Научниот собир беше поздравен и од ректорот на Скопскиот универзитет Ѓорѓи Мартиновски кој посочи дека меморијата и интерпретацијата е мошне актуелна тема и податлива за поширока научна елаборација. - Меморијата како способност на човечкиот род му овозможува со повторување на зборови и реченици, со репродукција на слики и идеи да ги зачува од заборав настаните низ историјата. Интерпретацијата, односно толкувањето, објаснувањето на литературното дело и воопшто на делата на човечкиот дух, го облагородува и го доближува до крајниот корисник, рече Мартиновски.

Конференцијата со телеграма ја поздрави и Мари-Пол Родил, раководител на Одделот за култура во Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција - BRESCE, која беше најавена, но не пристигна на собирот.  Поттеми на конференцијата се „Поетика на меморијата“, „Уметност на меморијата - Меморија на уметноста“, „Меморија, историја и традиција“, „Меморија и литература“ и „Меморијата и балканскиот роман“.

Сфатен како комплекс на културни стратегии и практики на помнење, на сеќавање и на заборав, поимот меморија евоцира херменевтичка парадигма која го одбележува толкувањето на книжевноста и на уметноста во втората половина на 20 век. Таа парадигма е многу развиена и би можело да се идентификува како специфичен мнемолошки интерпретативен метод и да се зборува за мнемологија како посебна научна дисциплина.

Комплексноста на темата учесниците ќе ја разгледуваат од перспектива на хуманистичките и културолошките науки и ќе ја толкуваат низ призма на јазикот, митот и митските слики, фолклорот, усната традиција, книжевноста, театарот, филмот, ликовните уметности и медиумите. Нивните излагања ќе бидат публикувани во зборник на англиски и, веројатно, на француски јазик.  хс/паг/11:40

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »