Sidebar

логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Идентитетите се најпроблематичниот простор за освојување: тврдина тешка за пристап, уште потешка за рушење. Идентитетот не може да се освои насилно. Опсесивното порекнување поттикнува опсесивен отпор. Исто како што колонијалистичкиот притисок го поттикнува отпорот на колонизираните и создава дури една масовна свест и култура на отпорот.


Македонија e чувствителна зона на балканскиот колонијален територијален, политички и културен интерес. Таа тенденциозно се претставува како географска територија лишена од своја домородна етнонационална и културна препознатливост, преплавена од густа идентитетска мрежа (т.н. „македонска салата“) и проектирана низ визурата на: – а) бугарскиот словенски идентитет (Македонија како бугарска територија, а Македонците како македонски Бугари); б) нововековниот грчки идентитет (христијанско-патријаршиски), постмодернистичкиот грчко-македонски идентитет (хегемонистичко-асимилаторски однос спрема славомакедонскиот идентитет на северот на Грција, во Егејска Македонија); в) современото „постколонијално“ наметнување на албанскиот идентитет како доминантен популациски, автохтон и политички „задолжителен“ и г) наследениот средновековен српски словенски идентитет (Македонија како стара Србија).
Според политичката перцепција, Македонија е зона на хегемонистички интерес, кој се прикрива зад концептот на наводната идентитетска проблематичност. Секогаш кога се прави ново мапирање на културниот простор е подготовка за нов хегемонизам. На почвата на Македонија, чијашто територија најдолго се задржала во составот на Отоманската Империја, доаѓаат до израз локалните хегемонистички пропаганди за освојување на македонскиот етнички, културен и географски простор (Јовановски, 2021, сс. 221-244). Хегемонизмот на македонските соседи е насочен кон освојување на културно-историскиот идентитет на Македонците. Тој поаѓа од премисата дека ако се освои идентитетот на Македонците, ќе се освои и Македонија. Со него соседите ги легитимираат постапките на освојување на македонската територија по пат на оспорување на легитимитетот и посебноста на македонскиот национален идентитет: историски, јазичен, демографски, политички и верски (случајот со автокефалноста на МПЦ).

Македонија е карактеристичен пример на земја што е предмет на локалниот балкански хегемонизам и поширокиот колонијален интерес, поткрепен со нововековната теорија за амбивалентниот македонски идентитет. Имено, Македонија во јавната реторика се прикажува како географска територија лишена од своја културна препознатливост, како земја на вмрежени идентитети („македонска салата“). Колонијалниот и идентитетскиот комплекс го користат постојниот јужнословенски нарцизам на малите разлики, дополнет со нарцизмот меѓу народите што ја споделуваат територијата на Македонија (географска, демографска, културно-историска). Во конфликтниот нарцизам доаѓа до заемна проекција на сродните и соседните идентитети, што е другото лице на идентитетските и територијалните претензии. Се добива впечаток дека, дури и во 21 век, некои нации-држави не се задоволни самите со себе и се обидуваат да го ревидираат сопствениот идентитет посегнувајќи по соседниот, сроден и/или соседен, со којшто споделуваат историски места на меморија, територија и популација.
Бугарскиот национален нарцизам е експлицитен во своите етнолингвистички и културно-историски претензии. Дискурсот за Македонија како бугарска земја и за Македонците како „македонски Бугари“ трага по аргументи преку зло-интерпретација на споделените империјални и колонијални места на меморија. Во суштина, тој е комбинација на утопија и негативна утопија. Би можел да се опише како проекција на внатрешниот конфликт на современата бугарска нација, во чијшто состав значајно место заземаат асимилираната македонска емиграција и домородната македонска популација во Бугарија. Конзервативниот концепт на хомогена бугарска нација денес се соочува и со други ризици, но политичкиот фокус е насочен опсесивно кон македонскиот идентитет. Колку повеќе се проблематизира македонскиот идентитет, толку повеќе се зголемува дисконекцијата меѓу двата народа и македонскиот егзистенцијален зазор.

Бугарскиот нарцизам на малите разлики ги пренебрегнува местата на меморија што не се споделени со Македонците и не се вклопуваат во бугарската автоперцепција. Во ситуација кога културното и историското наследство се предмет на антагонистички толкувања, тогаш ирационалниот конфликт станува брутално прагматичен, па и трагикомичен, затоа што брани нешто што од никого не е нападнато. Митоманијата, супрематизмот, националистичката реторика и политиките на ултиматум не биле никогаш цивилизирано решение, туку апологија на една тиранија на идентитетот. Бугарскиот нарцизам ја достигна таа точка на апсурдот, кога треба да се постави прашањето за смислата на идентитетот, а не само за неговите граници. Веќе не се во прашање културните маркери на соседниот, туку на сопствениот идентитет.
Грчкиот национален нарцизам е хибриден, поврзан со соседството, кое е историска константа меѓу грчкиот и македонскиот народ и се однесува повеќе на мешаните гранични зони, одошто на сродноста на грчкиот и македонскиот идентитет (што тие историски го препознавале отсекогаш како славомакедонски). Тој хибриден нарцизам на малите разлики се манифестира во периодот по конституирањето на еленската нација-држава, а се радикализира по основањето на самостојна Р Македонија во 1991 г., кога еленската република одлучува да го ревидира сопствениот национален идентитет низ визурата на македонскиот. Грција, во своите први устави (од 1822/3 наваму), се повикува на неколку идентитетски слоеви – античкиот (Елада, Хелени), христијанскиот и византискиот (Ромеи), нововековниот (Грци), не и на античкиот македонски, од којшто, всушност, таа се оградила. Грчкиот нарцизам е рефлексија на колективната анксиозност предизвикана од култот на наследениот антички супрематизам.

Се чини како постоењето на одделен современ македонски национален идентитет и државноправен субјективитет да го доведе во прашање тој култ. Идејата дека македонска нација не смее да постои надвор од грчката, беше повод да се редефинира грчкиот идентитет преку ревизија на македонскиот. Присвојувањето на севкупното македонско античко наследство, физичко и метафизичко, привидно ги заштити современите Грци од деликатните слоеви на нивниот национален идентитет, но суштински го потхрани внатрешниот конфликтен нарцизам и амбивалентен идентитет. Грција ги грцизира речиси сите наследени и актуелни траги на лица, малцинства, топоними, дијалекти и артефакти. А историски факт е дека таа добар дел од своите современи територии, заедно со населението, ги добива по пат на мировни договори и други специјални методи (прогон на семејствата, ултимативно барање да се декларираат како Грци по род за да имаат грчко државјанство, размена на население, непризнавање на националните малцинства). Значи, Грција е парадигма на ексклузивна интерпретација на културното наследство, вклучувајќи и на генеричките поими поврзани со тоа наследство (на пр., етнонимот Ромеи во отоманскиот период бил општ назив за сите народи на Источното Римско Царство, не само Грците, а Румелија ги опфаќала сите земји во составот на Отоманската Империја, не само Грција).

Албанскиот национален нарцизам се потхранува со комплексот на апартна, инфериорна и хетерогена Другост, по однос на големото семејство на словенските народи во соседството. Таквата интензивна автоперцепција ја поттикна културата на отпор, поставена врз мегаломански наративи за автохтоноста и супериорноста.
Српскиот национален нарцизам денес е хибриден и сведен главно на неговата црковна артикулација, низ теоријата за Српската православна црква како црква-мајка на Македонската православна црква. Во овој миг е битно што политички, српскиот културен хегемонизам е маргинален и не претставува отворена закана за македонските евроинтеграциски процеси, а покажува и мудрост со елементи на колективна и лична емпатија меѓу соседните и блиски народи и култури.

 31 декември 2021 лето Господово

Изор:

 https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/balkanskiot-fenomen-na-nacionalen-narcizam-i-makedonija-kako-zona-na-hegemonistichki-interes/?fbclid=IwAR3u2ajru8YdAJgc8mRRrUQsYSEUrM0tzGxe7QQdpJO30lrMXWxOc4TCKqI

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1070
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2641
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная