логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Отворањето на фестивалот „Про-за Балкан“ помина во пријатна и опуштена атмосфера со претставување на творештвото на гостите-писатели од Балканот. Познавачите на нивните дела уште еднаш се уверија во богатиот книжевен опус на овие книжевници, додека оние што не ги познаваат внимателно ги слушаа фрагментите од некои од преведените дела на македонски јазик

 

  Отворањето помина во опуштена атмосфера

ОТВОРЕН ФЕСТИВАЛОТ НА БАЛКАНСКАТА ПРОЗА

„Про-за Балкан“ е фестивал чија основна мисија е да се развие културната и книжевна соработка помеѓу балканските земји.

- Годинава имаме врвни претставници на книжевниот занает кои имаат голем број читатели од повисок ранг - рече уметничкиот директор Александар Прокопиев, на отворањето на фестивалот „Про-за Балкан“, чие второ издание почна завчера во киното „Фросина“.

Вечерта продолжи во пријатна и опуштена атмосфера со претставување на творештвото на гостите-писатели од Балканот. Хрватската писателка Даша Дрндиќ и турскиот автор Марио Леви ги претстави Елизабета Шелева, за словенскиот автор Алеш Чар и српскиот писател и режисер Слободан Шијан говореше Александар Прокопиев, Ненад Величковиќ го претстави Ермис Лафазановски, а годинава за првпат во ова одбрано друштво се најде и македонскиот писател и преведувач Драги Михајловски, кој го претстави Венко Андоновски.

Дрндиќ: Белград беше мој град, но веќе не е

Годинашната лауреатка на наградата „прозарт“, хрватската авторка Дрндиќ, позната по нејзиниот богат иновативен стил и слоевито авторско писмо, зборуваше и за нејзиниот документарен роман „Зоненшајн“, кој ја доби престижната британска награда „индипендет“, преведен е на десетина јазици и рецензиран во влијателните весници „Њујорк тајмс“ и „Стар трибјун“.

- Во последно време списоците како да ми станаа опсесија. Само во „Зоненшајн“ имам споменато 9.000 имиња на луѓе кои биле транспортирани во концентрациони логори. Мислам дека е многу важно да се именуваат луѓето. Сѐ уште имаме некој страв тоа да го правиме, дури и во секојдневниот говор се плашиме или имаме некоја автоцензура, па кога зборуваме за ова, велиме - некои луѓе. Потребно е да почнеме да ги именуваме, без оглед на можните консеквенци - рече Дрндиќ.

Иако Хрватска е земјата каде што се родила, голем дел од животот Дрндиќ го поминала во Белград, емигрирала во Канада, а денес живее во Риека. Токму и затоа кога ја прашуваат од каде е нејзината адреса, таа вели дека веќе не знае, поради честите промени на местото на живеење.

- Сложени се тие односи со градовите. Белград беше мој град, но веќе не е. Тоа е како однос со љубовник со кого веќе немате контакт, но сѐ уште имате некакви емоции - рече Дрндиќ.

„Истанбул беше сказна“ - може  да се чита и парцијално

Турскиот писател со еврејско потекло Марио Леви, за својот обемен роман насловен „Истанбул беше сказна“, кој на македонски го објави издавачката куќа „Или-или“, говореше за овој харизматичен град.

- Истанбул бил главен град на три различни цивилизации и империи. Тој е многу значаен низ историјата и е град на миграции. Многу семејства биле принудени да го напуштат и денеска во Истанбул ретко може да сретнете семејство кое три генерации живее во истата куќа. Истанбул е град во кој многу брзо се случуваат промени и понекогаш може да се случи во својот роден град да се чувствувате како странец - вели авторот.

Тој откри дека книгата ја работел седум години само затоа што не можел целосно да ѝ се посвети, од причина што морал да работи и други нешта во животот за да егзистира.

- Во првите страници, кои на некој начин се резиме на целиот роман , всушност, е раскажана целата книга и тој дел е само за оние кои не сакаат да ја прочитаат цела, а на оние другите им оставам простор да уживаат во деталите и самите да одлучат каде сакаат да почнат, а каде да завршат со читањето - вели Леви.

Непретенциозноста и хуморот како авторска определба

Слободан Шијан, кој јавноста го познава како режисер на култните филмови „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Кутрите мали хрчки“..., вели дека е поминато времето кога правел популарни филмови.

- Сега приоритетите не ми се исти како некогаш. Сега се занимавам со работи кои не се за широка публика, туку за одредена група луѓе. Но се насочувам во повеќе правци - и кон пишувањето и кон визуелната уметност што, всушност, беше прва област со која се занимавав бидејќи прво дипломирав сликарство, а потоа запишав филмска режија - вели Шијан.

 Тој додава дека луѓето честопати не разбираат зошто некои филмови се добри и дека денешната креативност се движи во насока на некои хибридни форми.

- Мојата тема отсекогаш беше не филмот сам по себе, туку односот меѓу тој филм и она што постои во животот, она што нѐ тера да тежнееме и да препознаеме и кажеме - ова е добар филм!- вели Шијан.
Босанскиот писател Ненад Величковиќ, пак, долги години е насочен кон сатиричниот жанр. Вели дека токму затоа во долгата писателска кариера немал освоено многу награди.

- Кога пишувам горам од желба да ги насмеам читателите, затоа што ми е важно да се разбереме додека трае приказната - вели Величковиќ.

Словенечкиот автор, новинар и колумнист Алеш Чар, за својата збирка раскази „Мејд ин Словенија“, која е преведена и на македонски јазик, истакна дека ја почнал преку колумни, но не публицистички туку фиктивни.

- Сѐ што ќе дојдеше до мене го преточував во приказна, но секогаш прво ја скенирав материјата. Можеби добро беше тоа што одев чекор над реалноста, како мотив земав некоја фикција, а не реални работи. Кога пишувам земам неколку појдовни, основни работи и ги ставам под микроскоп - вели Чар.

Појаснувајќи го процесот на својата работа, тој додава дека кога работел како уредник во весник земал делови од текстови кои ќе му паднеле во очи во текот на целата работна недела.

- Одев далеку од каква било бравуроза, сакав сѐ да е едноставно. Се плашам од големи зборови. Јас сум дома сѐ - новинар, уредник, колумнист, само не сум писател. Јас сум турист во литературата, таа ми е хоби. Немам ни Л од литература, ни П од писател - рече Чар.

    
      
Автор: Ивана Нолчева / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 920
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2461
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/04/2025 - понеделник

 ВЕЛИГДЕН (втор ден) Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная