логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Manu.Zvezdi.Knizevnost..jpg

ВТОРА ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА
ЅВЕЗДИ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ


На првата промоција, што се одржа сред јулските горештини, беа промовирани 55 томови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“; сега, во овие студени зимски денови спроти Нова година, се појавуваат уште 44 нови книги, со што го заокружуваме вкупниот број издадени дела на сто без една. Тој заокружено-отворен број посочува што е досега сработено, но и што допрва ни претстои. За ваквите преведувачки проекти треба многу време. Брзајќи полека, ние ќе се обидеме да го згуснеме времето за оној период што ни е одземен од историјата. Иако станува збор за антологиски избор во кој, според природата на нештата, нужно влегуваат и веќе објавени дела, повеќето книги од оваа втора серија сега првпат се појавуваат во превод на македонски јазик (околу 30); тука има и неколку нови преводи на порано преведени дела (Езоп, Апулеј, Петрониј, Џојс), а најмалку се застапени веќе постоечките преводи, сега прегледани и поправени. Меѓу новите наслови од оваа серија има неодминливи дела (како Тибетската книга на мртвите, Угецу моногатари од Уеда Акинари, според чии мотиви е снимено ремек-делото на Мизогучи, филмот Легендата за угецот, романите на Лоренс Стерн и Лоренс, пресвртнички за европскиот роман,  Пеењата на Малдорор од Лотреамон), тука се и некои од најзначајните дела на модерната книжевност (како Петербург од Андреј Бели, роман што такви автори и авторитети како Набоков и Бахтин го вбројуваат меѓу неколкуте најзначајни остварувања на XX век, Долго патување во ноќта на Селин, со исто таква репутација, Сеќавањата на Надежда Мандељштам, делата на Џозеф Конрад, Дневниците на Витолд Гомбрович), како и низа современи автори што веќе станале класика (од Белоу, Тони Морисон, Џулијан Барнс, преку Ленц,  Сабато, Фуентес,  Ачебе, до Шандор Мараи или Труман Капоти).
На минатата промоција зборував за важноста на „Ѕвездите на светската книжевност“ и за нивната концепција, сега ќе кажам нешто повеќе за начинот на кој таа едиција се реализира и за нејзината основна цел. Лесно може да се види дека во нашата едиција бројот на делата од соседните балкански книжевности, со кои сме веќе запознаени, e речиси симболичен во однос на општоприфатените светски книжевни вредности, што останале скриени од нас. Можеби некој ќе постави прашање: „Па, кој е тогаш нашиот интерес во целата таа работа, има ли тука некоја виша цел?“ Одговорот е едноставен: ние сме свесни дека светската книжевност  е афирмирана и без нас, но ние сега, преку неа, сакаме да се потврдиме самите себе, да ја збогатиме нашата култура, а над сè да го афирмираме нашиот книжевен јазик. Успешните преводи стануваат оригинали во моментот кога ќе се појават во нова јазична средина; со тоа, самиот јазик добива светска важност. Во тоа го гледаме нашиот интерес.  Јазикот, на кој успешно се преведени најзначајните дела на светската литература, никој никогаш не може да го оспори, а со тоа не може да го оспори ни народот што зборува на тој јазик, како ни државата во која тој народ живее. Во тоа е вишата цел на  оваа едиција.
Кодификацијата на еден јазик е долготраен процес и тој процес во нашиот случај сè уште не е завршен. Иако темелите на македонскиот книжевен јазик беа поставени од Мисирков, вистинската кодификација почна со Конески, зашто таа не е можна без сопствена држава и без институции, без училишта и факулети, без образование, без лектори и лекторати или без соодветно восприемање кое подразбира еден сериозен „систем на лектири“. Според тоа, за официјалниот јазик и за неговата афирмација најмногу е одговорна  Државата која, со закони и уредби, треба да го заштити тој јазик и, според приоритетите, да му даде предимство, како на собирно средиште на својот народ. Тоа го велам, меѓу другото, за да одговорам на прашањето, што често се поставува, дали Владата треба да финансира вакви едиции и слични проекти. Според мене, одбраната на јазикот е една од нејзините основни задачи. Мислењата дека средствата вложени во културата се само „фрлени пари“ звучат навистина несериозно. За уметноста и за науката никогаш, ни во време на најголема благосостојба, не се издвојувало доволно, а камоли премногу. Дали некој слушнал некогаш за богат писател или научник? Ние, членовите на Редакцијата, го прифативме овој проект на Владата како свој проект, свесни за неговата важност, и се трудевме и ќе се трудиме да го реализираме што попрофесионално.  Според тоа, за проектите треба да се суди поединечно, и врз основа на видливите резултати. Може да се стави една општа забелешка дека издаваштвото треба да им се препушти на издавачите. Тоа е точно. Но, каде се тие издавачи што ќе вложат сопствени средства за заштита на македонскиот јазик? Така, и токму поради тоа, оваа едиција со пошироко значење, наречена „Ѕвезди на светската книжевност“, спонтано ги поврза поединечните дејности и акции на Владата, на Министерството за култура, на извршните издавачи, на преведувачите и, конечно, на самата Редакција, за да ги насочи кон заедничката цел.
Која е новината што едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ ја воведува во нашата издавачка практика, а и пошироко? До овој момент, главната поддршка на нашиот нормативен јазик се: „Граматиката на македонскиот јазик“ од Блаже Конески; тритомниот „Речник на македонскиот јазик“ под редакција на Блаже Конески објавен од 1961–66 г.; „Правописниот речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески и четирите досега објавени томови од новиот „Толковен речник на македонскиот јазик“, издание на Институтот за македонски јазик. Законската рамка ја дава Законот за употребата на македонскиот јазик, чиј заштитен инструмент се лекторите, а над сите бдее Советот за македонски јазик. Формално, сè е покриено, но веднаш боде очи тоа што единствениот комплетен „толковен“ речник е изработен многу одамна, пред четириесет години, што немаме модерен правописен речник ни во печатена ни во електронска форма, што лектурата е законска обврска, но без последици во однос на квалитетот, дека истата можат да ја вршат само лица со завршени студии на Групата за македонски јазик и положен испит за лектор, а не и сите други лица што навистина го владеат македонскиот јазик, без оглед на тоа што завршиле, итн. итн. Згора на сè, за разлика од периодот на фактичката кодификација на нашиот јазик, кога и еден Блаже Конески бил лектор, во еден подолг период владее видлива небрежност за јазикот, како во неговиот говорен така и во неговиот пишан вид. Кога почна со работа, Редакцијата беше свесна за проблемите со кои се соочува. Лектурата е државна институција, инструмент на Законот; принципиелно, во неа треба да се верува, или пак, во спротивно, да се менува Законот од кој таа произлегува, со што ќе се подобри и самата таа. Но Законите не се менуваат како увод во работата, туку евентуално како нејзино резиме, откако ќе се покаже што во еден закон или во една важна институција не функционира како што треба. Нашата Стручна редакција ја почна работата свесна дека треба да ги поврзе разврзаните делови на една целина што, низ преѓата на јазикот, ја сочинуваат нишките што се викаат: автор, преведувач, коректор, лектор, уредник. Ако е лектурата законска обврска без санкции, јасно е дека една книга може да биде потпишана од лектор, а да не биде лекторирана; исто така, ако лекторскиот потпис се сфати како доволна заштита на книжевниот јазик, јасно е дека и соодветните уредници, потпишани како одговорни за секое издание, би можеле книгата да ја пуштат без дополнително читање, па и без коректура. Во такви околности, нашата Стручна редакција си стави задача да ја синхронизира дејноста на сите учесници во едицијата така што првин ќе се установат стандардите, за потоа да се осмисли една заедничка „технологија“ на работењето. Поради тоа, беше составено едно Упатство за издавачите и дргите учесници во проектот, во кое беа разработени сите поважни аспекти на едицијата, од концепцијата, преку практични сугестии за преведувачите и авторите на поговорите, до единствениот изглед на самата едиција. Најважните прашања во врска со јазикот и стилистиката – транскрипцијата на имињата, употребата на минатите времиња, итн. – беа посебно нагласени, беа дадени стилски примери од преведувачката практика, а беше изработен  и Глосар на некоректности за најчестите лексички и други јазични грешки забележани во постојните преводи. Врз основа на тоа се синхронизираше целата работа: за секое дело се пишуваше одделна белешка-реценција, со конкретни забелешки дадени врз примери. Основната цел беше книгите, за чие преведување за жал нема премногу време, да се прочитаат внимателно барем уште еднаш. Стручната редакција и секој од извршните издавачи имаа по еден одговорен уредник што заедно ја надгледуваа работата извршена врз основа на Упатството, Глосарот, Белешките и повторните читања. Делата најпосле се одобруваа на седница на Редакцијата, во постојан контакт со издавачите. Може да се каже дека веќе сега имаме видливи резултати од таквата работа. Иако сè уште не можат да се видат сите нејзини ефекти, очигледно е дека квалитетот на ракописите со времето станувааше сè подобар, а таков е и конечниот изглед на книгите, особено на оние изданија во кои се применети нашите добронамерни сугестии. Со тоа, едицијата доби единствен и препознатлив облик.
Редакцијата – во  чие име зборувам сега јас – им должи голема благодарност на сите учесници во оваа важна едиција. Стручната екипа на Министерството, на чело со г-ѓа Весна Илиевска, ја вршеше целата координација на најдобар можен начин. Во текот на работата, се напишаа илјадници страници во вид на белешки и други упатства, што требаше да се синхронизираат, дистрибуираат и да се надгледува нивната реализација. Со министерката Елизабета Канческа Милевска овој пат имавме помалку контакти, што само за себе зборува дека работата течела добро. Но тоа не значи дека нема да ни треба нејзината помош во иднина, впрочем, како и поддршката на премиерот Груевски. Со текот на работата, издавачите, односно задолжените уредници, сфатија дека ние им помагаме ним, поради што и тие почнаа да ни помагаат нам, на што им се заблагодарувам. Им се заблагодарувам и на своите колеги од Редакцијата што не се уплашија од тежината на каменот што ни е ставен на грбот. Посебна благодарност им се упатува на преведувачите. Ова е, најпосле, нивна едиција, едиција на врвни дела замислена и како едиција на врвни преводи, што ќе го препородат македонскиот јазик. Ние веруваме дека, веќе со првите сто книги од Ѕвездите на светската книжевност, нашето издаваштвото, па и македонскиот книжевен јазик, видливо се подобрени. А, како што еднаш забележал Достоевски, нема поголема доблест од таа во својот јазик да внесеш барем „еден нов збор“.
Ви ги честитам претстојните празници и ви пожелувам да ги дочекате со Ѕвездите в раце.
 
акад. Митко Маџунков
Скопје, 18 декември 2012 г.

Друго:

Во МАНУ промовирани нови 44 дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ (18.12.2012)

Академикот Митко Маџунков- За македонскиот јазик (19.12.2012)

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 915
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2456
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2025 - недела

Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная