Прашање од Даниела:
Почитувани, имам многу прашање зошто ја осознавам дури сега верата во Бога и повторно не сум сигурна дека го правам тоа вистинското, односно за себе мислев дека сум верник и ја практикував верата по чувство но од неодамна почнав да ја читам Голем е Бог од старец Клеопа и сватив колку сум грешела и посакав да се исповедам но се плашам дека само свесноста за гревовите и покајувањето за нив не се доволни за да пристапам кон исповед зошто сум неука за верата односно незнзнам од каде да почнам , а во исто време нешто ме блокира и чуствувам срам ,страв или незнам што е и неможам да отидам на исповед ве молам посоветувајтеме и покажете ни како да продолжам и помолете се за мене да успеам да го најдам вистинскиот пат до Бога .
Однапред Благодарам
отец Григориј Јакимов
Одговор:
Фала Му на Бога што се јавило покајание. Тоа е првото скалило кое најздраво ќе не води низ духовниот живот но за кое мора да се држиме. Срамот и стравот кои се јавуваат пред исповедта се нормални чувства кои се јавуваат кај секој од нас, но доколку се погледне на исповедта онака како што треба, а тоа е дека ние ги признаваме и исповедаме нашите гревови директно пред Бога, Кој веќе ги знае, и само чека ние да ја покажеме нашата љубов кон Него и да ги признаеме пред смртен човек како нас, т, е, да се смириме. Затоа е потребнмо да се најде искусен духовник пред кого ќе можеме да се отвориме себеси колку толку, кого ќе го сакаме, а за другото ќе покрие Господ.
Молете се Бог да ви го открие и барајте го без избрзување. По молитвите на Пресвета Богородица Бог да ве помилува и спаси...
Прашање од Виолета М.
Пред неколку дена бев нмогу болна,имав темперетура голема. Ме однесоа во амбуланта и ни ја згресија инекцијата.Кога излегов надвир се онесвсетив,па ме однесоа во болница.Цуствувсв дека ке умрам телото не го цуствував,во моментот цуствував дека сака Господ да ме земе,со последниот здив го молев Господ да ми помогне да останам овде.Поцуствував дека бев измегу ни на земја ни на небо.Како Господ да ми дал санса да останам овде.Мислам малку се изменив некако ги свскам по друго работите сега.Јас сум копаницар ги сакам иконите,работев малку во црква и тогас видов дека има несто Господово.Сиромасна сум некако се снаогам.САМО ВЕРБА ВО ГОСПОД.Ве молам писете ми за оваа слуцка,некој коментар.Поздрав.
За доаѓањето на Божјата благодат...
Одговор:
Фала Му на Бога што ти ја пружил Својата нежна рака тогаш кога ти бил потребен... И да, Тој секогаш знае кога е најдобро време за нашата пасха (премин - од овој век во другиот), а ние да се трудиме да бидеме спремни за тој ден и да не се плашиме туку да викаме и ние како св. Јован Богослов: Да, дојди Господи Исусе!
п.п/з.д.