логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Nagradeni.2012.jpg

Скопје, 10 март 2012 (МИА) - Во изложбениот салон на Културно информативниот центар-Скопје синоќа беше отворена изложба на фотографии од Конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, што неодамна го распиша Градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на отворањето на изложбата,  на авторите на најдобрите фотографии им врачи награди, а на сите учесници на конкурсот признанија.

- Фотографијата е уметност, наука и практика, којашто  кај гледачот предизвикува драматичен ефект, го насмејува, предизвикува страв, а вистински погодок е ако се пронајдете  во приказната. Единствената порака, освен уметничката димензија на фотографијата е тоа што таа, сама по себе, е сведошто за едно време, место, народ, начин на живот, односно создавање  трајни слики  и приказни  низ историјата на човештвото, онака како што нашите фотографи-учесници во конкурсот ја доживуваат и пренесуваат  преку своите фотографии, рече на отворањето на изложбата Трајановски.

Во ова време на глобални промени, истакна, Скопје како  стопански, административен, културен и туристички центар, постепено се менува. Се создава  архитектонски нова  урбана целина, со подобрена инфраструктура, во којашто посебен пиетет се дава на сите заслужни историски личности и  сите оние што овозможиле денес слободно да живееме и пишуваме за историја за Скопје, наведе градоначалникот Трајановски.

За темата „Скопје - Градот што се менува“ добитник на првата награда е Наќе Батев од Скопје за фотографијата - Фонтаната на плоштадот „Македонија“ со споменикот „Воинот на коњ“. Втората награда му припадна на Дарко Котевски од Скопје за фотографијата „Мајка со дете“, а третонаграден е Дарин Ангеловски од Скопје за фотографијата „Ново-старо Скопје“.

Сања Бадаровска од Скопје со фотографијата „Чаршија 1“ е првонаградена за темата  „Старата скопска чаршија и знаменитостите, односно сакралните објекти во Чаршијата и  Калето“. Втората награда му припадна на Звонко Плавевски од Скопје за фотографијата „Чергар“, а на трето место е Сања Бутерин од Скопје за фотографијата „Велосипед пред берберница“ и Марија Костовска од Скопје за фотографијата „Ноќ во чаршијата“.

Влахо Бранџолица од Скопје за фотографијата „Чамци - Матка“  е првонаграден за темата „Водите и убавините на Скопје“.  Второнаграден е Ангел Ситновски од Скопје  за фотографијата „Кајче“, а третопласиран е Кирил Штрков од Скопје за фотографијата „Козјак“. лв/мд/10:12

 Nagradeni.2012a1.jpg

Nagradeni.2012a2.jpg

Nagradeni.2012a.jpg

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

« »