19/12, 13:28
Проектот насловен „Во Промоција на нашата култура“ е во тек, а негови организатори се Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со македонското Министерство за култура.
Проектот вклучува голем број лица и институции кои што се во директна врска со македонската култура.
Целта на проектот е преку интернет страната на ЦИКП да промовираат уметници од најразлични сфери на нашата културна сцена.
Проектот е отворен за сите граѓани со тоа што тие имаат можност да номинираат претставник од одредено културно поле и тој да се најде на интернет страната www.crpm.org.mk под линкот Macedonian culture со својата биографија, фотографија, контакт и други информации.
Покрај лични биографии страната содржи и корисни линкови и други информации за македонската култура./макфакс/