--------------------------------------------------------------------------------
Атина, 31 март (МИА) - Грчката црква упати остра критика до Министерството за правда поради проектот за законско уредување на прашањето за регистрирано партнерство меѓу хомосекцуалците, соопшти локалниот Интернет сајт Ин њуз.
Митрополитот на Солун Антимос проектот го означи како „срамен“ и предупреди дека доколку тој се претвори во закон со него ќе се донесе само зло.
Грчката православна црква реагираше откако минатата недела министерот за правда Сотирис Хадзигакис изјави дека ќе биде формирана работна група, која ќе го разгледа ова прашање и ќе излезе со решение.
ГПЦ претходно овој месец протестираше и против проектот на Министерството за правда со кој им се даваат законски права и на лицата од различен пол кон не се во граѓански брак.
Црквата смета дека со проектот за регистрирано партнерство меѓу хетеросексуалните двојки се поткопуваат моралните норми на христијанското семејство. ац/7:45