05.04.2013 год.
Денис Махурин е човекот кој го воодушеви светот, го потсети што е тоа човечност и несебичност... Едноставно, на светот му ја врати вербата во човечкиот род!
Имено, Денис Махурин, бездомник од американската сојузна држава Мичиген, си купил грепка и благодарение на истата освоил 50.000 долари. Оваа сума му била доволна да се исели од шаторите во населбата за бездомници во која живее веќе 20 години и да си обезбеди подобри услови за живот... Меѓутоа, тој одлучил да не ја менува адресата, односно парите да ги употреби за да им помогне на своите соседи бездомници.
Кога ја изгребал грепката, Махурин најпрво бил вчудоневиден, но кога разгледал околу себе, во импровизираната населба Блумингтон, каде што тој живеел од 1978 година, веднаш ја донел одлуката за тоа што ќе прави со парите. "Гледајќи ги сите овие бездомници околу мене, одлучив. На сите ќе им дадам по 100 долари", изјавил среќниот добитник.
Сите кои што овој сиромашен добродетел го знаат и од претходно изјавиле дека станува збор за добар и чесен човек. "Тој е сјаен лик, има фантастична смисла за хумор", изјавила Сара Ранкин, продавачката од бензинската пумпа од каде што Махурин ја купил добитната грепка. "Многу е пристоен и јас многу го сакам. Три до четири пати дневно доаѓа во мојата продавница", додала Ранкин.
Додека многумина сметаат дека освојувањето на главната сума на лотарија претставува своевидно проклетство, кое што животот може да го промени од корен, другите, како што е Махурин, покажуваат дека ново стекнатите пари секогаш можат да се употребат за племенити цели.
Американските медиуми минатата година пак објавија дека бездомник од Јужна Каролина ја освоил главната премија на лото од 200.000 долари, меѓутоа, тој сакал да остане анонимен, а освоените пари изјавил дека ќе ги употреби за да си обезбеди пристоен живот себе си и на своето семејство.
Извор: http://tocka.com.mk/8/91716/bezdomnik-dobil-50-000-dolari-i-gi-podelil-so-ostanatite-bezdomnici