Прилеп, 10 февруари 2013 (МИА) - Околу 50 метри кубни шут денеска беше исчистен во манастирскиот комплекс Трескавец од страна на 70-ина планинари и преку 150 прилепски доброволци.
Се чистеа изгорени парчиња дрво, малтер, керамиди, изгорени предмети.
- Изненадени сме од одѕивот и покрај временските прилики и речиси непроодниот пат. Секој што тргнал и бил со намера денеска беше во Трескавец. Ги продолжуваме акциите, оваа е само првата. Приземните делови во комплексот се расчистени. При следната акција мора колку-толку да се оспособи патот за да може да се постават скелиња. Ќе се уриваат ѕидовите од конаците кои е опасно да се остават, вели Бранко Нешкоски од Координативното тело за обнова на манастирот.
Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува. рм/ва/16:19