
Некои луѓе никогаш нема да созреат.
Некои луѓе ќе останат емотивно заглавени во своето детство.
И така, секојпат кога ќе имаш големи очекувања од нив,
ќе се разочаруваш.
Секојпат кога ќе очекуваш да делуваат,да зборуваат,
да се справуваат со ситуациите на поинаков начин,
повторно и повторно ќе те изневеруваат.
Некои луѓе никогаш нема да созреат.
Тие ќе бидат деца во тела на возрасни.
Во лоша смисла. Тешка. Дисфункционална.
И бидејќи ќе се однесуваат незрело,
лесно ќе те повредуваат.
Некои луѓе никогаш нема да созреат.
Овие луѓе не се лесно препознатливи на прв поглед.
Треба да живееш со нив.
Да живееш долго време.
Тогаш почнуваш да сфаќаш.
Некои луѓе никогаш нема да созреат.
Не е важно. Нека е така.
Ти љуби ги.
Љуби ги и немој да имаш големи очекувања.
Подготви Симен Стефковски
4ти деќемви 2025
лето Господово