Секогаш кога е дискутабилно прашањето за емоциите, прво што помислуваме е на лошите емоции и чувства. Секогаш се дискутира околу нив и влијанието што можат, тие да го донесат. Секогаш се зборува за тоа дали може да се поднесе пораз и болка; дали е некој цврст на тие влијанија и на очекуваните реакции од овој вид на емоции.
Но, дали барем еднаш сме се запрашале за соодветната реакција на убавите и возвишените чувства. Никој не ни помислува на нив. Не дека го негираат постоењето на истите, туку сметаат дека тие не влијаат на драстичното однесување на индивидуата. Ох, и тоа како влијаат. Дали сме се сетиле како ТИЕ чувства не направиле да се чувствуваме толку големи и возвишени, до тој степен, што веќе почнуваме да ги забораваме причините кои ни го вдахнале тоа чувство. Забораваме дека, "Причините" се ТИЕ кои влијаат, а не ние врз нив. И без да сакаме, веќе почнува да ни се допаѓа тоа чувство на гордост, надмоќ, така наречена контрола врз ситуацијата. Влегуваме во еден круг, од кој не сме сигурни дали сакаме да го напуштиме. Почнува да не надвладува ситуацијата. Немаме контрола врз неа, а постојано се убедуваме себе си и другите во спротивното. Тоа е резултат на нашата неспремност на реакција на соодветната емоција. Се плашиме и се подготвуваме за реагирање на лошото, но дали знаеме да реагираме на екстремно "добрите" ситуации. На оние кои не завлекуваат на повторно нивно доживување, без разлика на она што ќе следи по тоа, без разлика на цената која ќе се плати или која се плаќа. Не размислувајќи за УТРЕ.
М.Т.