логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

  Вештини или диплома? Што повеќе сакаат работодавачите?
 
На растечкиот пазар на труд, каде бројот на дипломирани студенти, но и магистри и доктори е во постојан подем, работодавачите покрај академската позадина се повеќе се фокусираат на вештините кои ги поседуваат практикантите или идните вработени во нивните компании. Последните истражувања покажуваат дека во постојана нагорна линија е трендот меѓу светски познатите компании кои од кандидатите за работа бараат преговарачки вештини, вештини за брзо решавање на конфликти, за брзо донесување на важни одлуки...

 

 


 Оттука  одговорот на насловното прашање не е во дилемата „или-или“ (вештини или диплома),  туку сведочи за нова мода во светскиот бизнис секторот во кој се почесто се бараат едуцирани вработени, но притоа потковани со вештини (односно и образование и вештини).  Така, ако се верува на последните истражување, компаниите сакат студенти кои не само што ќе дадат дополнителна вредност на компанијата, туку ќе поседуваат и вештини преку кои ќе помогнат да ја трансформираат организацијата со оглед на постојаниот и брзорастечки економски и технолошки развој. 

Доказ за ваквиот тренд се последните огласи за работа кои доаѓаат од банкарскиот сектор, меѓу кои и од светски реномираните компании како  J.P. Morgan и Royal Bank of Scotland. Нивните огласи за работа станаа вистинска медиумска атракција бидејќи преку истите бараа студенти од хуманистичките науки и од областа на уметноста, наспороти студентите од економските науки што барем досега беше воспоставена пракса.

„Повеќе банки се почесто сметаат дека студентите од овие насоки поседуваат вештини и лесно можат да бидат обучени во областа како трговија, за кои претходно предметите како математика беа одлучувачки критериум“, анализираат светските медиуми. Компаниите пак со одговор:  „Нам ни се потребни комуникациски и вештини за презентација со цел да се убедат луѓето да направат промена во начинот на размислување. Затоа сметаме дека студентите од ваквите области поседуваат повеќе такви вештини, отколку студентите на регуларните студии за економија“.

Меѓутоа ваквата нова мода не е карактеристична за банкарскиот секторот. Праксата покажува дека компаниите во светот се повеќе се свртуваат кон ангажирање на креативната група луѓе(уметници, дизајнери, иноватори) отколку студентите кои имаат добро теоретско знаење, но немаат вештини кои би донеле промени во компанијата.

Но, кои се вештините кои ги бараат компаниите? Според листата што ја направи угледниот магазин, 10-те најбарани вештини во светски реномираните компании се следниве:

1.    Критично размислување – употреба на логиката за да се идентификуваат јаките и слабите страни на алтернативните решенија, заклучоци и пристапи за решавање на проблемите

2.    Решавање на комплексни проблеми

3.    Пресудување и носење одлуки- земајќи ги предвид негативните страни и бенефициите од некоја акција да се избере најдоброто и најисплатливо решение

4.    Активно слушање- да се посвети вистинско внимание на тоа што луѓето зборуваат, да се разберат поентите кои се направени за време на дискусијата, да се поставуваат вистинските прашања, но и да се биде учтив и да не се прекинува додека некој  зборува

5.    Компјутери и електроника- компјутерски вештини, процесирање, вештини за електронска опрема и компјутерски хардвер како и вештини за создавање апликации и програмирање

6.    Математика- познавање на аритметиката, алгебрата, геометријата, статистика.

7.    Системска анализа- анализа за тоа како системот работи или треба да работи и како  промената на  условите, операциите и опкружувањето ќе влијае на резултатот.

8.    Мониторирање – набљудувањето на опкружувањето, на самиот себе, на другите индивидуи или на целата организацијата и нивните реакции со цел да се направи напредок во компанијата или да се коригира одредено однесување

9.    Програмирање

10.    Продажба и маркетинг- познавање на принципите и методите за покажување, промовирање и продавање на производите и услугите. Ова вклучува и маркетинг стратегија и тактика, демонстрација на производите, продажба на техниката.

Автор: М.А

Извор: Факултети

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2300
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2829
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

15/03/2025 - сабота


Велигденски пости; (
на масло )

Св. свештеномаченик Теодот; Св. маченик Троадиј; Четиристотини и четириесет маченици; Преп. Агатон; Св. маченичка Евталија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск 16 март/ 3 март  2025

Тропар на светите Христови маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск 16 март/ 3 март 2025

Вас на кои Христос Бог ви е богатство и чест, сила и слава,вас кои великиот Теодор во верата ве просветли,вас...

Тропар на светата преподобна маченица Евдокија 14 март/28 февруари 2025

Тропар на светата преподобна маченица Евдокија 14 март/28 февруари 2025

Праведноста на твојата разумна душа,приврзувајќи ја за љубовта Христова,те направи ученик на Словото,која распадливоста и убавинитеи временските минливости со заборав...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Протериј патријарх Александриски 13 март/28 февруари  2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Протериј патријарх Александриски 13 март/28 февруари 2025

Преисполнет со духот кој кај тебе го засади Христос Спасителот, преку великиот Кирил, ти пастиру Протерие чашата милостива до крај ја испи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная