логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Одговори на Вашите прашања
      

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање: од Андријана


 Би сакала да ми одговорите на моето прашањ и да ми помогнете.Сум религиозна, односно сакам да сум повеќе, верувам во Бога и се молам што повеќе да ми даде верба и љубов,одам често во црква и тоа ми дава смирение, се молам често со смирение внимание, молитва од срце,тоа ме смирува, исполнува, ме исполнува да правам добри дела, никогаш не барам за возврат, нешто што воопшто не сакам се зависта и суетноста,Фала Му на Бога дипломирав, работам, скоро планираме и брак со моето момче и семејство, се е во ред дома.Сакав да ве прашам, понекогаш кога одам во црква чувствувам вознемиреност, како страв, матност,се плашам дека немам доволно верба? Знам дека Господ може да ни постави искусенија со цел да ја укрепиме повеќе нашата вера, но дали е тоа грев што го чувствувам, не сакам да се раѓа никаков сомнеж  во мене и како да го победам тоа? Благодарам!

Одговор:  

Господ да ти дарува  сили за очистување на срцето и просветление на умот .
Св. Ап. Јаков во посланието говори  ,,Ниеден кога е во искушение да не вели  :  ,,Бог ме искушува  бидеќи Бог со зло не се искушува , И Он никого  не го искишува но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами...,,/Јк. 1 13-14.../  Искушенијата претежно доаѓаат од страстите ии  похотите кои делуваат во органите  и го окупираат умот за да очајнички се занимава со нив , потоа искушенијата доаѓаат од општата световна поставеност која го притиска секого , па ни го окупира умот да се занимаваме со светската суета и  накрајот од самите демонски сили кои не напаѓаат со разни искушенија се со цел да се откажеме од нашите усилби и покрај се да го славиме Бога преку усрдна молитва и подвиг за да се ослободиме од страстите и похотите и светската суета . Овие демонски  искушенијата  секогаш војуваат со нас дирекно или индирекно преку нашите ближни кои не ги препознаваат како такви ами неусетно им робуваат  и со тоа нас не ставаат во разни ситуации преку кои би се довеле во состојба да се намали нашата вера во Бога.

Во сите овие опкружувања и делувања семилостивиот наш Бог не избавува од сите овие искушенија и мрежи на ликавиот и прави преку Својата благодат избвуваќи се ние од искушенијата да се стекнеме со уште едно искуство во нашата духовна  борба за наше спасение радост и мир. А исто така при овие борби со искушенијата не допушта да се најдеме во ситуација да трпиме и војуваме повеќе од нашите сили. Се разбира дека тоа е така ако ние соработуваме со Бога преку наш личен подвиг за да се избавиме од искушенијата.

Во вашиов конкретен случај се кали вашата преданост во служењето на Бога се проверува вашата вера надеж и љубов во Бога и се проверувате дали и како можете да го носите благио јарем Христов. Јаремот е благ и бремето е лесно ако нашите гревови и страсти ги симнуваме од нас преку лично покајание и исповедање на истите пред Бога  при светата Тајна исповедв и според благословот од вашиот духовен раководител , соединување со Бога преку причестувањето со Телото и Крвта Христови.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Православен календар

 

20/04/2025 - недела

Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная