логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Познатиот атонски старец Гавриил (Карејски) многу години насамо се подвизува во келијата на Св. Христодул на Света Гора. Поклоници од целиот свет одат кај него, за да добијат совет.
- Отец Гавриил, што ќе им посакате на православните луѓе?


- Да се грижат за своите семејства, за децата свои и потомците. Би сакал да не се карате со жените и дома да ви царува мирот. Кога жените се нервозни, ајде да се сетиме што кажал Черчил еднаш во врска со тоа. На забелешката на една жена: "Ако вие бевте мој маж, досега ќе ве отруев", тој одговорил: "Ако вие бевте моја жена, тогаш поради вас самиот ќе го испиев отровот".
Би ви посакал да отидете во Рајот, да имате можност да пребивате со Авраам и Јов. Но, за да примите благослов од Бог, должни сте често да се исповедате, редовно да одите во црква, да се молите и да ги исполнувате постите, и секојдневно, макар и по малку да го читате Светото Писмо, да вршите благотворителни дела на оние кои имаат потреба. Кога ќе ве стават во гробот, веќе нема да имате можност да сторите било што добро, ниту да се молите. На погребнот плашт нема џебови и кога се простува од овој живот, човекот го губи она што го придобил, освен она што го раздал.

Богатството и сиромаштијата не се наоѓаат во нашиот дом, туку во нашите срца. Она што го имаш, не е твое. За оној кој нема раце, рацете вредат многу повеќе, отколку рацете, на алчниот. Ако сакаш да е збогатиш-раздавај. Ако сакаш да умреш од глад- затвори ги очите и ушите на човечката болка. Има радост во очите на оние, кои плачат поради болката на ближниот, бидејќи тие очи го гледаат Рајот. Има радост во устата на оние , кои изговараат зборови на утеха, затоа што тие усни ќе пеат со ангелите. Ќе има радост во оној дом, која отвора вратата за туѓинецот, зошто таа врата се отвора за Божјата Мајка и за Исус Христос.


Еден светител некогаш кажал, дека во најтешките времиња човештвото ќе се спаси низ добрината, покајанието и љубовта.Добрината ги отвора вратите на Рајот, покајанието воведува во рајот, а љубовта го открива Самиот Бог. Нашата добрина ќе не спаси. На оној, кој самиот себеси се фали, кој нема љубов, кој го осудува ближниот, не простува на непријателот-на таквиот Бог не го прима покајанието  и не му ги слуша молитвите. Светиите ни' советуваат-раздавајте се на ближните, за и тие да ви се даруваат, простувајте им, за и тие да ви простат, не осудувајте, за да не ве осудуваат. Ние ги очистуваме гревовите свои преку исповедувањето нивно, преку молитвата, кога трпиме искушенија, правиме добри дела, кога се осудуваме себеси. Ако се оправдуваме себеси самите, Бог за тоа ќе не' осуди.


За да ве развеселам малку, ќе ви раскажам еден случај. Еден руски офицер, комунист и безбожник, предал извештај во кој докажувал, дека нема Бог. Обраќајќи се кон слушателите, тој прашал:
-Го гледате ли овој молив?
-Го гледаме.
-Значи, тој постои.
-Книгата ја гледате ли?
-Ја гледаме.
-Значи, таа постои.
-Бог го гледате ли?
-Не.
-Значи, Него го нема.
Тогаш еден од слушателите побарал збор:
-Го гледате ли офицерот?
-Да.
-Дали му ги гледате чизмите?
-Да.
-А неговата капа?
-Ја гледаме.
-А мозокот дали му го гледате?
-Не.
-Значи тој нема мозок.
Јас би сакал сите ние да дојдеме во Рајот и Господ да ни ги запише имињата во вечниот живот
(дел од интерјвју со старецот Гавриил (Карејски)


Продолжение на интервјуто со атинскиот старец Гавриил (Карејски)


- Оче, може ли денес современите родители да ги воспитаат децата во светост?


- Можат. Со својот личен пример, со вистинското христијанско поведение, со тоа што постојано ќе се молат, постат, вршат благотворство. Тогаш децата земаат пример од родителите и сами стануваат вистински христијани. Децата имаат потреба од примери, а не од совети. Ушите не им ги слушаат советите, но, очите им ги гледаат примерите. Оној кој само дава совет, гради со една рака, а оној кој дава и совети и примери, гради со двете раце. Оној кој дава добар совет, но, лош пример, гради со едната рака, а со другата ги разрушува, изграденото.

Еден родител се обратил кон педагозите од сите нивоа-од одделенски учители до универзитетски професори. "Ние ви ја доверуваме најголемата вредност- рекол тој-нашите деца-тоа е нашиот пример, а не она што го знаеме".


Кога децата го гледаат нашето лошо поведение-на пример, кавгите со сопругата, тие ќе престанат да не уважуваат и ќе се одвратат од нас, кога ќе пораснат.
- Отец Гавриил, во што, според вас се состои разликата меѓу животот на монахот и на мирјанинот-христијанин?
- На монасите ништо нема да им помогне, ако во манастирот има компјутер и телевизор-сатаната ќе ве подели преку нив. Има ваква приказна. Дошол сатаната до еден манастир, тропнал и му одговрил детски глас. "Е штом си тука- рекол сатаната-значи, нема што да правам тука".
-Како да се победиме самите себе, нашите гревови?
Да се соединиш со Бог, Источникот на љубовта. А како да се соединиш со него? Само преку молитвата, преку љубовта, добрината, спремноста на жртва. Само тогаш ќе го имате Неговиот благослов.
-На Атон многу монаси се молат за луѓето од целиот свет.Какво е значењето на Атон за човештвото?
-Во Русија живеел еден старец по име Партениј, кому му се јавила Божјата Мајка. Тој ја прашал:" Каква е улогата на схимонахот?" Таа му објаснила, дека тој е должен да се моли за целото човештво. Ние никогаш не можеме сами да се спасиме. Ќе бидеме спасени од другите за односот кон нив. Имало еден старец, кој се затворил во келијата и не пуштал никого кај себе. Еднаш имал сновидение како една мечка го гази, но, духовните чеда ја избркале и го спасиле.
Ако си претставиме, дека во раководството "Како да дојдам во Рајот" се наведени 1000 неопходни точки, тоа за еден монах 500 точки ќе бидат собрани за трпението кон собраќата, а останатите 500- за неговите молитви и подвизи.
Има ваква приказна. Умрел еден старец и дошол до рајските порти. Свети Петар му кажал:
-За да влезеш тука, потребни ти се 1000 точки.
-Бев добар свештеник-одговорил тој.
-Тоа се две точки.Што друго добро си сторил?
-Ги учев парохијаните катхизис.
-Тоа е уште една точка.
-Го проповедав Словото Божјо.
-Уште една точка. Нешто друго?
Старецот се разочарал, се вознемирил: "Од каде ќе соберам толку многу точки, така што за секое нешто се даваат по една-две?" И рекол: "Господи Исусе Христе, спаси ме, неможам да влезам во Рајот. Од каде да соберам 1000 точки?" Тогаш свети Петар му кажал: "Ете, за таа молитва добиваш 996 точки, плус другите 4, стануваат 1000-влегувај!"

Еве и друга приказна. Умрел еден аскет, дошол пред портите на Рајот и затропал. Го прашале: "Кој е таму?" Одговорил:" Јас сум, аскетот." Портите останале затворени. Се разочарал аскетот, се вратил во пештерата, почнал да ги пресметува подвизите и сфатил зошто рајските двери останале затворени за него. Повторно затропал и кога ги прашале кој е, овој пат не рекол "јас сум". Одговорил:" Ти, Господи, си Оној, Кој ги водиш моите чекори". Тогаш, дверите на Рајот се отвориле пред него.

http://pravoslaven-sviat.org/…/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0…/

 

Извор:

ФБ профил на

Maja Beleva

 16ти февруари 2019 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная