логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ZENATA.Samarjanka

Што означуваат петте мажи на самарјанката и шестиот, кој не и е маж?

Свети Максим Исповедник   

Прашање: Што означуваат петте мажи на самарјанката и шестиот, кој не ѝ е маж? (Јован 4,16-18)?

            Одговор: Самарјанката и жената, која според (зборовите на) садукеите стапила во брак со седум браќа (Мат 22,25-28), крвоточивата (Мат 9,20), а исто така и згрбавената (Лука 13,11), ќерката на Јаир (Марко 5,22-23) и Сирофениќанката (Марко 7,25) - (сите тие) се јавуваат и природа на луѓето, и душа на одредени луѓе, од кои секоја означува, соодветно страсно расположение, таа (заедничка) природа и (одделна) душа. На пример, жената на садукеите е природа или душа, која бесплодно сопостои со сите божествени закони, дадени од вековите, но кои не го примаат очекувањето на идните (богатства). На сличен начин крвоточивата е природа или душа, кои ја излеваат дадената им од раѓање сила за праведни дела и зборови, во страсна приврзаност кон материјалното. Сирофениќанката е онаа природа или душа на одреден (човек), која ја има буквално за ќерка мислата, која во очекување на епилептичен напад со мака се раскинува од љубов кон материјата. На ист начин и ќерката на Јаир е природа или душа, кои зависат од законот, но потполно умртвени како последица од неисполнувањето на неговите заповеди и неделатност во исполнувањето на божествените препораки. А згрчената жена е природа или душа, кои преку измамата од ѓаволот ја приклонуваат кон материјата сета сила на духовното делање. Самарјанката, пак, како и набројаните жени, претставува природа или душа на секој човек, кој живее без пророчки дар, буквално со мажи, со сите природи дарувани од законите; од нив пет се веќе умрени, а шестиот, иако жив, не бил маж по природа или душа, бидејќи тој не раѓа од нејзината праведност, која е залог на полното спасение.

Првиот закон, со кој завладеа природата, беше законот даден во рајот;

втор - законот после рајот;

трет - законот, даден на Ное при потопот;

четврт - законот за обрезание, даден на Авраама,

петти - законот за принесување жртви, даден на Исаака.

Природата, добивајќи ги, сите ги отфрли, и тие загинаа во бесплодност во однос на извршувањето на добродетелите.

           Имајќи шести закон, даден преку Мојсеја, (природата) беше како да немала било каков закон, бидејќи не вршела праведни дела, предвидени од него, поради тоа, што нему му претстоело да премине, како кај маж, кон друг закон - Евангелието, кое не било дарувано, слично на (претходниот) закон, на природата човечка во овој век, туку, по Домостројот (Божји), беше дадено за воспитување на подобар и потаинствен. Поради таа причина, као што сметам, Господ и  вели на Самарјанката: „И овој кој го имаш, не ти е маж". Бидејќи Он вели дека на човечката природа и било потребно да премине кон Евангелието. Затоа и околу шестиот час, кога душата посебно се озарува од сите страни со зраците на знаењето како последица од доаѓањето кај неа на Словото, и кога сенката на законот исчезнува (во тие зраци, Господ) говорел со неа, која стоела заедно со Словото кај изворот Јаковов, т.е. кај изворот на созерцанија кои се однесуваат на Свештеното Писмо.

Така во иднина нека биде раскажувано за ова.

Белешка:

Изворот на Јаков е Светото Писмо.

Водата е знаењето што го содржи Светото Писмо.

Длабочината е тешко разбирливата содржина на библиските таинства.

ZENATA.Samarjanka1

          Црпалката е читањето на Божественото слово, кое не го имаше Господ, бидејќи самиот беше Словото и не им се дава на оние кои веруваат во знаењето од читање и учење, туку им се дава на достојните од страна на духовната благодат вечна мудрост која никогаш не престанува. Бидејќи црпалката, значи - учењето, земајќи мала количина знаење, го испушта поголемиот дел, бидејќи ниту еден збор не може да го задржи. Додека благодатното знаење ја има без читање целата мудрост на човекот, која блика на разни начини зависно од потребите".



Превод од руски и грчки: Свештеник Јани Мулев

 

Друго:

Евангелие и поука за 02/06/2024

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 4:5-42

5. И така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на сина си Јосифа.
6. Таму беше изворот на Јакова. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
7. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ? рече: „Дај Ми да пијам!”
8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?” – Оти Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
10. Исус ? одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: »Дај Ми да пијам« – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива.”
11. Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш вода жива?
12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јакова, кој ни го даде овој кладенец! И сам тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!”
13. Исус ? одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;
14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.”
15. Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!”
16. Исус ? рече: „Оди, повикај го мажа си и дојди тука!”
17. Жената одговори и Му рече: „Немам маж.” Исус ? рече: „Право кажа дека немаш маж;
18. зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.”
19. Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк.
20. Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме.”
21. Исус ? рече: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот.
22. Вие му се клањате на она, што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23. Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат.
24. Бог е Дух и оние, што Му се клањаат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.”
25. Жената Му рече: „Знам оти ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Он, сe ќе ни каже.”
26. А Исус ? рече: „Јас сум, Кој зборувам со тебе.”
27. И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жената; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?” или „Што зборуваш со неа?”
28. А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:
29. Дојдете, видете Го човекот, Кој ми кажа сe што сум направила. Да не е Он Христос?
30. Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31. Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!”
32. Но Он им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”
33. Тогаш учениците си проговорија помеѓу себе: „Освен ако Му донел некој да јаде?”
34. А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.
35. Не велите ли вие, дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А Јас, пак, ви кажувам: подигнете ги очите свои и видете ги нивите како побелеле, готови се за жетва.
36. И жетварот веќе добива награда и собира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37. Зашто во ова вистинска е поговорката: »Еден сее, а друг жнее.«
38. Јас ве пратив да жнеете, каде што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.”
39. И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Ми кажа сe што сум направила.”
40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните при Него, Го помолија да остане кај нив. И Он остана таму два дена.
41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;
42. а на жената ? велеа: „Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти сами чувме и знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос.”

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 11:19-26;11:29-30

19. А оние, што се беа распрснале поради гонењето заради убиството на Стефана, стигнаа дури до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи го словото никому освен на Јудејците.
20. А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса.
21. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа.
22. И дојде слух за нив до ушите на црквата ерусалимска; и го испратија Варнава да отиде во Антиохија.
23. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и со искрено срце ги молеше да пребиваат во Господа;
24. оти тој беше човек добар и исполнет со Дух Свети и вера. И многу народ се присоедини кон Господа.
25. Тогаш, пак, Варнава отиде во Тарс да го бара Савла; и откако го најде, го доведе во Антиохија.
26. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани.
29. Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, што живееја во Јудеја;
30. и тоа го направија, откако го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савла.

(МПЦ-ОА)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная