логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Почитувани,
Ве известуваме дека во вторник, 27 октомври 2009 година  во 20.00 часот, во просториите на  Националната галерија на Македонија-објект Чифте амам ќе биде отворена ретроспективната изложба  на академскиот сликар м-р Јован Петров.
 Јован Петров е роден на 15 јуни 1936 година во село Бегниште, Тиквешко. Дипломирал на Акдемијата за ликовна уметност во Љубљана во 1961 година,  во класата на професорите Божидар Јакац, Рико Дебењак,  Славко Пенгов  и Гојмир Кос.  Во 1965 година станува член на Друштвото на ликовните уметници на Словенија со кои излага во Љубљана, Грац и Милано. Истата  година се запишува на постдипломски студии на конзрваторскиот оддел, повторно на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, каде работи на конзрвација  и реставтација на уметнички дела  создадени во разновидни сликарски техники, како и на испитување  на материјалите од кои истите се создадени.
            По завршувањето на постдипломските студии Петров се враќа во Македонија и се вработува  како конзерватор во РЗЗСК, Скопје. Во 1969 година станал член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и учествувал на сите изложби организирани од страна на Друштвото.
            Во 1977-78 година, како стипендист на Министерството за културни и амбиентални добра на Италија (Министеро деи бени цултурали е амбиентали), речиси две години (1977-78) се обучувал во научно-истражувачките лаборатории на Централниот институт за реставрација (Институти централе дел рестауро) . Овде имал можност да ги продлабочи своите сознанија за научно-истражувачката работа и проблематиката на конзерваторско-рествраторското поле. 
 Јован Петров е еден од ретките уметници во Македонија  чие  ликовно творештво се движи паралелно со неговата неуморна работа  како конзерватор  на иконопис, живопис  и мозаик,  во повеќе цркви, манастири и археолошки локалитети во Македонија и надвор од неа (Италија, Црна Гора). Дисциплиниран по природа и исполнет со професионално чувство за одговорност  кон својата професија,   конзерваторот Јован Петров  оживеал многу светители во нашите цркви и манастири, како и многу зачајни дела (портрети и пејзажи) на нашите сликари од постарата генерација: Ѓорѓи Зографски, Димитар Андонов Папрадишки, Никола Мартиноски...
         Творештвото на сликарот Јован Петров претставува обемен  и интересен творечки опус во целокупната македонска современа ликовна уметност чија валоризација заслужува посебно внимание. Тој им припаѓа на оној вид ликовни уметници  за кои уметноста претставува хумана мисија преку која се оплеменува  човечкиот дух.  Петров истовремено е сликар и научник-истражувач кој со помош на платното и бојата  се обидува да навлезе во ,,суштината на нештата,,  а неговата  творечка енергија во сите овие сегменти предизвикува восхит и емоции.
             Неговата уметност се развивала константно со скалден и логичен континуитет во кој секоја идеја е длабоко истражувана и анализирана. Низ целокупното негово творештво видлив е искрениот обид, на сосема личен начин, преку симболи, да се искаже едно посебно чувство за светот (времето минато,   времето во кое живееме и времето идно), специфична уметничка мисла и сосема лична ликовна поетика.
            Согледан од сите овие аспекти, ликовниот опус на Петров претставува извонреден придонес во современата македонска уметност, а неговата работа на полето на конзервацијата огромен придонес во зачувувањето на македонското културно наследство.
            На изложбата ќе бидат презентирани повеќе од 200 дела (цртежи, слики, аварели и графики) од сите развојни фази на неговото творештво, а ќе биде отпечатен и монографски каталог посветен на животот и творештвото на Јован Петров. Изложбата ќе биде отворена до 11 ноември 2009 година.


Со почит,
Национална галерија на Македонија
Маја Крстевска, директор



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная