логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во рамки на третиот модул од дискурзивно-едукативната програма „Совршениот уметник“ во саботата во Кино Култура се одржа панел дискусија насловена „Инвестирање во уметноста/ културата или можности за демаскирање“, модерирана од Милан Живковиќ, општествен истражувач, на која учествуваа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, Еди Мука, еден од основачите и директор на Интернационалното уметничко биенале во Тирана и куратор куратор за привремени проекти во Public Art Agency во Шведска, Ивана Драгшиќ, социолог и уметничка и Ивана Васева, кураторка.

Дискусијата се однесуваше на она дефинирање на она што значи јавно - јавна уметност, јавни простори и инвестиции во културата, трошењето на јавните средства и односот на институциите низ годините, но и економскиот аспект и стабилноста во ова поле, пред сé во независната културна сцена.
Милан Живковиќ ја започна дискусијата со констатацијата дека претходната владејачка гарнитура трошењето на огромните суми за проектот „Скопје 2014“ го промовираше како отворање на културата за сите граѓани.
За министерот Алаѓозовски потребата за културна инфраструктура постоела отсекогаш, не само во Македонија. „И во други држави во Европа се трошеле огромни суми за објекти за културата (каков што е случајот со операта во Хамбург и Шекспир театарот во Гдањск) и овие објекти се предмет на дебати во јавноста. Но разликата е што тие објекти се финансираат и од европските фондови, што не е случај кај нас. За жал повторно постојат проблеми и повторно има недостаток од културни простори, бидејќи кај нас не се наметна трендот на искористување на нефункционални индустриски објекти за културни простори и во иднина треба да се насочиме кон ова, како и кон децентрализација во културата“, смета Алаѓозовски.
Еди Мука ја истакна одговорноста на државните институции, на приватниот сектор, но и на стратегиите на државата. „Треба да се создадат цврсти културни политики, политики на одржливост. Иако во Шведска има многу малку приватно спонзорство, има силна институционална поддршка“, смета Мука.
За Ивана Драгшиќ секое лутање и обид за преформулирање на досегашната пракса е пораз за културата. „Мора да се насочиме кон состојбата во која се наоѓаат културните работници и нивниот труд. Најважни се инвестициите во образовната инфраструктура за културата. Потребно е демистифицирање на термините за она што е културен работник и систематизација на професиите, а на културата да се гледа како потенцијал за економски развој“, истакнува таа.
И Ивана Васева укажа на недостигот на  стабилни финансии. „Сé повеќе работиме, а сé помалку сме платени. Недостасуваат фондови за млади уметници и посебни дисциплини, отворање на сцената за интернационални проекти. Да се фокусираме на тоа како да формираме систем за економска стабилност за уметниците, кураторите, критичарите, теоретичарите, сите работници врзани за културата“, вели Васева.
Министерот Алаѓозовски истакна дека наскоро треба да се отворат прашањата за статусот на културните работници: „Веќе имаме првични идеи и средби со Независниот синдикат на културните работници, а се надевам со сите останати синдикати и претставници на културните институции. Веќе зборуваме за создавње на нови простори за културата, соработка со општини и сите останати општествени чинители“, завршува Алаѓозовски.
„Секој треба да ја преиспита својата позиција. Министерството за култура ништо не може да направи само, тоа се владини политики и е кохезија помеѓу сите чинители – министерствата за труд и социјала, финансии, образование. Да се гледа на работата во културата како на образование, не само како на труд. Во однос на недостатокот на простори, глеедајте како на предизвик. Твојата кујна, твојата улица е простор“, вели Мука.

Мука: Имате одлична шанса за нов почеток
Пред дискусијата Мука одржа и кратко предавање, при што ги сподели искуствата за неговата работа на Биеналето во Тирана и финансирањето на самата уметничка манифестација. Предавањето го започна со читање на својот текст “Restart“, врзан за промените во општественото и политичкото уредување и односот на институциите кон културата.
„Не сум дошол во Скопје од 2000 година. Секако виртуелно следев што се случувало во градот, но е сосема поинаку кога ќе го видите центарот во живо.
Мислам дека сега е шансата и има голем потенцијал за промени во Скопје и Македонија воопшто. Имате добра позиција за рестартирање, но истовремено може да биде и проблематично, бидејќи сите овие земји од регионот се постојано во таа позиција на нов почеток. Она што сметам дека е најважно за младите уметници и културните работници е да се дојде до приватни спонзорства, да се борат да се пробијат интернационално, без притоа да го потценуваат локалното. Да се борат со властите, да ги направат да се чувствуваат одговорни и да се променат. Ова е базирано на мојата лична пракса и работата со институциите во Тирана. Биеналето во Тирана беше голем чекор за развојот на тамошната уметничка сцена, а особено сум горд на резиденцијалната програма наменета за уметници од Балканот. И покрај малите финансии на почетокот и неможноста уметници од Албанија да излегуваат надвор, успеавме да ги отвориме границите и светот да дојде кај нас, но и да се поврземе и допреме до локалната публика. Иако има огромно политичко влијание врз пиватниот сектор и е тешко да се стигне до поддршка не е невозможно. Повторно сé се сведува на личните контакти и пријателства. Мислам дека е многу поважно прашањето како се финансира, а не колку се финансира“, истакна Мука.


Програмата „Совршениот уметник“ е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје a во партнерство со Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe и Центарот за современи уметности – Скопје.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная