логоFacebookTwitterYouTubeeMail


КОНКУРС ЗА РАЗВОЈ НА СЦЕНАРИО

Филмскиот фонд на Република Македонија во соработка со Манаки Скрипт Корнер 2012 год. при 33-от Интернационален Филмски Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“, објавува конкурс за развој на сценарио.

Одлуката за доделување грантот кој го доделува Филмскиот фонд на Р.Македонија ќе биде донесена од страна на комисијата составена од три члена. Конкурсот за грант административно ќе го води Филмскиот фонд на Р.Македонија.

 

Потребна документација за апликација:

-   Пополнета апликација за пријава на проектот

-   Изјава дека аворското дело/идејата со кое учествуваат на конкурсот е исклучително нивно

-   Синопсис на македонски и англиски јазик (1 страна)

-   Treatment на македонски и англиски јазик (до 5 страни)

-   CV од авторот на македонски и англиски јазик

-   Потврда или диплома за завршено образование

 

Услови за конкурирање:

-  Завршено филмско образование или последна година од студии на Факултетот за драмски уметности или сроден, насока-драматургија/режија

-  Државјанин на Р.Македонија

-  Лимит една апликација по лицe - секоја апликација мора да вклучува едно сценарио

 

Сите заинтересирани учесници на конкурсот потребно е да ги достават своите апликации најкасно до 13.09.2012 год. по пошта со назнака „Не отварај-пријава за развој на сценарио“, до Филмски фонд на Р.Македонија на адреса ул. „8 Март“ бр.4 или лично во архивата на фондот и воедно истите да се испратат во електронска форма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Апликацијата за пријава на проектот и Изјавата можете да ги превземете на следниов линк: http://www.filmfund.gov.mk/Funding/Call-for-application/?lang=mk


Со почит,
--
Филмски Фонд на РМ
ул. 8 Март бр. 4

Macedonian Film Fund
8 Mart No.4

tel:        +389 2 3224 100     
fax:+389 2 3224 111



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie