Ни претставува чест и задоволство да ве информираме дека на 22.05.2012 година, вторник, со почеток во 20.00 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена традиционалната изложба на сесиите на Ликовната колонија Галичник 2009 - 2011.
На изложбата ќе бидат поставени дела од 23 уметници- учесници на колонијата, кои доаѓаат од повеќе Европски земји и од Македонија. Делата, над 40-тина на број, го презентираат новиот медиумски правец на движење на оваа ликовна манифестација, а тоа е дигиталната уметност или уметноста на новите медиуми. Оттука на овие колонии учествуваа автори со завидни достигнувања во областа на фотографијата, видео уметноста, фото и графичките објекти и слично. Колонијата и понатака го има квалитетот како пресуден репер во детерминација на нејзината улога и значење на културната национална и регионална мапа, но секако е единствена дигитална колонија на локално ниво и пошироко. Следење на чекорот со времето е должност и обврска која секоја потврдена организација без оглед од кој домен треба да го следи и да стреми кон осовременување.
Изложбата во текот на 2012 ќе биде поставена и во Уметничките галерии во Штип, Куманово и Битола.
Со Почит,
Ана Франговска,
Уметнички раководител
на колонијата