логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, Велика Британија, го стави д-р Душко Алексовски на листата на 100-те најпознати научни работници во светот и за неговото дело му додели сребрен медал.


Предлогот за оваа престижна позиција потекнува од академик проф. д-р Дарио Сеље, офицер за врска меѓу ИФРАО и УНЕСКО, со поддршка на Светскиот Македонски Конгрес, а се должи на бројот на објавените стручни трудови со Импакт фактор во повеќе стручни научни списанија од областа на каарпестата уметност, бројноста на реализираните проекти и учеството на бројни меѓународни конгреси.

Македонскиот центар за карпеста уметност ќе биде прва светска институција која годинава ќе објави дека ги завршила истражувањата од областа на карпестата уметност на целата територија на својата држава Македонија.

Академик д-р Душко Алексовски е директор на Македонскиот центар за карпеста уметност и професор по археологија и палеолингвистика на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

 

Во името на Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, сребрениот медал на д-р Душко Алексовски ќе му го предаде претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, а за неговите дела ќе зборува проф.д-р Надица Јурукова.

Свеченоста ќе се одржи во големата сала на Советот на град Скопје (бараките до ЗОО во паркот) на 25 септември 2010 година (сабота) од 12.00 до 13.00 часот. Влезот е слободен, а поканата важи за сите заинтересирани пријатели и почитувачи на делото на д-р Душко Алексовски.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie