логоFacebookTwitterYouTubeeMail


По повод своето седумгодишно постоење издавачката куќа „Или-Или“ деновиве им подарува книги на своите читатели. За секоја купена книга во вредност од 200 денари тие доделуваат уште една книга од домашни автори.

Како што истакнуваат од „Или-Или“, со акцијата читателите ќе може да добијат дела што книжевната критика ги оценила како значајни литературни творби.

„Гробница од хартија“ на Катерина Јосифоска и „Европската Унија и Медитеранот“ на Емил Крстески се двете книги што ќе и' бидат достапни на читателската публика.

Делото на Јосифоска е збирка есеи за книгите на култниот руски дисидент Владимир Набоков, преку кои авторката ни го доближува делото на еден од најзначајните писатели во 20 век.

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie