логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Градот Скопје му предложил на Министерството за култура проектот за изградба на жичарница да биде проширен и планираната жичарница од Средно Водно до Крстот да продолжи кон Матка. Градоначалникот Костовски вчера изјави дека министерката за култура, Канчевска-Милевска, начелно го прифатила предлогот, но за утврдување на деталите и евентуалната заедничка реализација на проектот, тие повторно ќе се сретнат. Костовски планира викендов заедно со министерката да ја посети Матка за директно на терен да ги разгледаат можностите за остварување на идејата.

„Сите сме свесни дека Матка е големо богатство на Скопје и државава воопшто. Неопходна и' е афирмација на убавината и враќање на исконското. Со заеднички сили сметам дека може да успееме во намерите“, рече вчера Костовски. (Дс.Т.)
 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie