17 мај 2012 година, Скопје, Македонија - Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонското студентско друштво, во кое членуваат околу 150 студенти етнички Македонци, од соседните земји на Републиката, стипендисти на македонската Влада, запишани на универзитетите во Македонија, своето изборно собрание ќе го одржи на 19 мај 2012 година (сабота) во Големата сала на Стопанска комора на Македонија (над ресторантот Мек Доналдс во центарот на Скопје) со почеток во 13.00 часот.
Во 15 часот студентите ќе го посетат Музејот на македонската револуционерна борба. Со студентите ќе бидат претседателот на Македонската партија во Албанија и градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко, заменикот градоначалник на општина Пустец и претседател на Унијата на млади при Македонската партија во Албанија, Васил Стерјовски, како и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
Медиумите може да остварат средба и прес со студентите и со градоначалникот и заменик градоначалникот на општина Пустец пред Музејот на македонската револуционерна борба во 15 часот.