логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Павилјон на Република Северна Македонија

18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia

„Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“ е национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година. Официјалното отворање на македонскиот павилјон ќе биде на 18 мај 2023 година, на Меѓународниот ден на музеите, во 18 часот на адреса: Venice, Scuola dei Laneri, Salizada San Pantalon 131/A. Учеството на оваа престижна манифестација со ваков проект е од особено значење, бидејки се вклучени голем број на автори кои ретроспективно низ годините наназад имаат директен импакт во развојот на современата македонска архитектура и архитектурата во регионот.

Комесар на проектот е д-р Дита Старова Ќерими, а куратори се: Александар Петановски, Димитар Крстески, Дарко Драгановски, Марија Петрова и Горан Петров. Излагачи во поставката се: Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски. За успешна подготовка и реализација, свој придонес дадоа соработниците: Амир Ахмети, Егзона Зендели, Кире Ставров, Влера Тхачи, Теодора Илиевска, Сара Алаѓозовска, Ахмед Пошка, Тамара Павлеска, Теодора Стеваноска, Марија Илиев, Горан Трајановски, Маријана Јаневска, Кристијан Ристовски, Едон Фетаху, Никола Момировски, Фјола Пустина, Симона Костовска, Александра Наумовска, Ива Митевска, Енис Абовски, Кирил Коцхоски, Илија Мошев и Домника Бошкова.

Здружението за истражување на градот - ГРАДОТ УБАВ Скопје, како носител на проектот, изразува благодарност до Министерството за култура на Република Северна Македонија за довербата и изборот на проектот за национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата, и секако, до сите учесници во реализација истиот.

Неколку зборови за проектот „Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“

Изложбата Приказни за Летната школа за архитектура од манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017, е посветена на Летната школа на Архитектонскиот факултет, Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Изложбата ја согледува школата како психогеографски асамблаж од парчињата, спомените, кажувањата, приказните за настаните, местата и луѓето во и околу Летната школа.

Првата школа започна со истражување на корените на преродбенската архитектура во делото на протомајсторот Андреа Дамјанов, документирајќи ги објектите и нивната поставка во манастирот. Низ годините Летната школа се формираше во еден уникатен педагошки експеримент, во неизвесната авантура на учење, правење и преиспитување на границите на архитектурата и уметноста. Така Летната шлкола на Архитектонскиот факултет, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во манастирот Св. Јоаким Осоговски, од еден локален настан, набрзо стана еден меѓународен јазол кој ги собираше различните луѓе и идеи. Меѓу другите тука беа низа домашни и странски автори: Александар Никољски, Живко Поповски, Борис Чипан, Владимир Георгиевски, Ранко Радовиќ, Антон Швајхофер, Петар Габриелчич, Гоце Аџи Митревски, Георги Константиновски, Хрвоје Њириќ, Влатко Коробар, Мартин Гулески, Зорица Блажевска, Домника Бошкова, Дејвид Биги, Класке Хавик, Себастијан Велдхаусен, Александар Бродски, Елија Зенгелис, Хан Тумертекин, Семи Ринтала, Петер Вилсон, Мишел Ридејк, Јулиет Бекеринг, Алеш Водопивец…

Делуваше од почетокот на бурните 1990-тите во критичното време на геополитичките прекршувања, во времето на поделби ги обединуваше луѓето од различни страни на светот. Беше производ на соработка, сотворење, но и дебата за различните концепти, методи, постапки на учење, мислење и правење на архитектурата. Оваа поставка сака да даде една документарна основа на сеќавањата, приказните, замислите, доживувањата, изложени на заедничка маса, на сличен начин како што на чардакот од конакот се разговараше, работеше, изложуваше. На тој начин собраните објектите, слики, записи, цртежите како трагите од минатото ни сведочат за една можна заедничка иднина.

Работата во Летната школа има два клучни аспекти, прво, ги истражуваше различните стратегии на архитектонската педагогија, проширувајќи ги границите на мислење и правење на архитектурата, преку прашањата кои ги отвараше како теми на различните сесии, второ, делуваше на другата страна на геополитички трендови на своето време во критичните 1990-ти години.

Овој проект сака да воспостави една динамична реконструкција на делото на многумина, низ сеќавања, спомени, приказни, да погледа од другата страна, спротивставувања во можното секојдневно и возвишено на архитектурата: во куќата, во улиците, во маалото, во прототиповите на суровата транзиција, во не-местата, во отфрлените материјали, во избликот на чистата архитектура во планините, во спектаклите на природата, во невидливите лавиринти, во пресекот, во колажот/асамблажот/монтажата, во чувството на дом.

Во престрет на отворањето и потоа, ја очекуваме публиката!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная