логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Со особено задоволство ја проследуваме информацијата и воедно ве каниме на отворањето на ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски Тофе. Место на настанот е Чифте амам а терминот е закажан за 15 ноември 2022 (вторник), во 20 ч


Потегот со четка - налик на две трепкања со очите


(кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски - Тофе)

Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски - Тофе (Дебар, 1934 – Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е еден од ретките македонски уметници кои до сега немале ваков вид на интегрално претставување. На оваа изложба се презентирани над 150 дела на македонскиот бард на акварелот, а присутни се најрепрезентативните дела од сите творечки фази, од најраните акварели, па се до последниот, до сега неизложен и необјавен.

Ваквиот тип на ретроспективни изложби се само основни поводи преку кои Националната галерија, како институција која над седум децении се грижи за чување и заштита на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување и едукација за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од македонската уметност.

Акварелот како сликарска дисциплина која заради специфичностите на оваа техника - брза и сигурна рака и концепт, неможност за корекции итн., бара неверојатно уметничко познавање. Како уметничка форма е присутен во светската историја на уметност почнувајќи од примарно утилитарната намена во папирусите на стариот Египет, Кина, Јапонија, Индија, Персија, понатаму хеленистичката и римска уметност, илуминациите на средновековните црковни книги, па се до денес, како современ уметнички израз со естетска функција.

 


/cp/ps/Mail/Downloader?uid=36793&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=27d11&pct=d9d48&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=13&attachmentID=f_lachh3kl14

Ноќен чувар / Rojtar nate / Night watchman, 1993

Теофил Шулајковски - Тофе без двоумење се вбројува во рангот на најзначајните македонски акварелисти. Тој се издвојува од колегите уметници преку доследноста во ликовната дисциплина акварел и преку сопствената современа поетска естетика. Ја продолжува оваа насока, надоградувајќи се на почетокот врз основите и искуствата на нашите големи мајстори - втемелувачи на модерниот македонски акварел од дваесеттите години на минатиот век, но и по светските војни, кои се школувани во балканските центри: Димитар Панилов Аврамовски, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Василие Поповиќ-Цицо, Зага Малинковска. Тој донекаде, сосема логично, ги наследува искуствата од просторите во кои се оформувале и неговите претходници, односно ги впива и искуствата од претходната основоположничка генерација.

Невозможно е преку неколку стилски одредници, пренесени во куси црти, или со само една-две реченици да се дефинира огромното творештво кое Теофил Шулајковски - Тофе го остави зад себе. За почеток ќе истакнеме дека во историјата на македонската ликовна сцена Тофе Шулајковски се издвојува и е забележан како автор на препознатливи дела со предзнакот акварел. Најраниот период, околу 1957 година го означуваат реалистични акварели со пејзажи на паркови (Скопскиот парк), архитектура (Маркови кули, Самоилова тврдина, Скопското кале), селска архитектура, цркви, па дури и речиси апстрактни пејзажи, со бои и тоналитет близок на македонското поднебје.
/cp/ps/Mail/Downloader?uid=36793&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=27d11&pct=d9d48&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=11&attachmentID=f_lachh3ia9

Зима / Dimër / Winter, 1982

Следи периодот кој соодветствува со анформелниот период на 60те години, кога создава дела со апстрактен предзнак, а во кои се насетува неговата лирска насоченост со заситени земјени тонови. Индивидуалниот и подоцна препознатлив и определен израз на пејзажист го оформува во следниот циклус од 70те години, кој е инспириран од воздухот и водата. Формирајќи различни планови на сликата, авторот е одушевен од природата, односно од односите вода и воздух во сета нивна корелација и динамичност. Во овие природни релации тој се потврдува како еден од ретките мајстори кои сликаат на отворено и со невидена аналитичност ги следат движењата на природата, промените на небото, брановите на реката и езерата (Радика, Дебарско и Охридско езеро), струењето на воздухот, структурата на карпите..., најпрво со брзи и прецизни ритмични потези со сува четка, а потоа и со ослободеност кон лириката на создавањето на лазурни прикази и восхитеност од флуидот на водената површина.

Односот кон просторот некако природно се наметнува во 80те години каде е нагласена флуидноста на просторот во парковите, пошироките пространства (некаде со форми на стара архитектура, многу ретко човечка фигура) и мочуриштата со трски (чии дури филигрански линии се карактеристично минуциозно присутни преку одвоени енергични потези). Од друга страна, пак, овие предели се претопуваат стануваат дури и апстрактно експресивни и контрастни, па дури и наговестуваат специфична надреална атмосфера. Од 1990 година започнува големиот циклус „Воскресение“ каде започнува специфична приказна на остварувања во кои се соочуваме со изразена тарнеровска драматика во судирот на светло-темните колористички пејзажи, се појавуваат комплексни композиции со мноштво фигури и архитектонски инспирирани од сакрални теми (ликови кои асоцираат на фрески и архитектура која асоцира на цркви). Ликовниот ракопис на Тофе Шулајковски се надополнува со дела кои прогресираат во своевидни нагласено колористични и надреални пејзажи во кои се забележуваат посветли бои, но и безгранично разиграни и расчленети форми на комплексни организми врз дводимензионалниот третман на површината, претопувајќи ги објектите во просторот. Оваа фаза е проткаена со надреална и заситена атмосфера која поттикнува загадочни и носталгични реминисценции од едно далечно време и во која се чувствува топлината на спомените, придружени со нагласена фактура и пластична организација на композицијата. Карактеристичните остварувања резултираат со бесконечни игри во имагинарни фантастични простори во кои доминираат динамиката и ритамот на движењата. Низ нив се распрснати форми кои се разлеваат во колористички визуелизации на сложени „организми“ со речиси механизирана и материјализирана фактура на површината, кои се развиваат по сопствена развојна креативна логика.




Од цуклусот „Воскресение“ / Nga cikli "Ngjallja" / From the cycle "Resurrection", 1995

Таложењето на сето знаење за акварелот како определба, сите знаења од уметноста, историјата и историјата на уметноста, сите спомени, лични и цивилизациски, митови, легенди... се сублимирани како завршница на едно творештво во делата од последниот, досега непретставен циклус „Пештерски записи“, во кој доминираат заситени бои и мноштво асоцијативни фигури, изработени комбинирана техника (како основа на акварелот користи дрвофикс на хартија, со што ги поставува основите на композицијата). Истовремено, сликите можат да се исчитуваат како однос на слоевите и колористичките фрагменти на самите детали, и нивната корелација со динамично валерски третираната рамнина.

Теофил Шулајковски - Тофе се издвојува како еден од ретките автори кои, следени во еден непрекинат континуитет, во текот на целиот свој творечки и животен век, и остануваат верни на единствената нивна ликовна определба. Во „случајот“ на Тофе Шулајковски животната определба е акварелот, сликарска техника која е негов првичен избор на кој му останува доследен и постојано се труди да го надгради и преобрази не само преку безбројни различни истражувања на материјалот (преку користење на различна хартија и бои), туку и преку тематските афинитети. Неговото творештвосо право зазема видно место, а критиките на сите историчари на уметност и критичари кои го следеле сликарскиот пат на Теофил Шулајковски - Тофе во текот на неговите активни претставувања, го дефинираат неговото творештво како особено значајно во антологијата на современото македонско сликарство, конкретно акварелот.

Творечката активност и значењето на Теофил Шулајковски - Тофе за македонската ликовна уметност секако дека веднаш се препознаени и валоризирани од страна на критиката во однос на неговиот видлив и специфичен интерес кон природата, а подоцна креативното транспонирање на културите на изминатите цивилизации. Во контекст на тоа размислување од посебно значење би било настојувањето на Шулајковски, како и на уметниците со блиска или слична инспирација, врз творењето на еден ликовен свет со морфологијата на старите облици приближен до сензибилитетот на нашето време.

Теофил Шулајковски - Тофе со своето творештво постојано внесува лични иновации, како предизвик кој си поставил цел самиот пред себе треба да го надмине. Во таа смисла треба да се почитува и вреднува неговиот придонес во македонската уметност преку следењето на една сопствена ликовна патека која помина низ повеќе препознатливи стилски насоки, од кои тој го одбра оној сензибилитет што најсоодветно можеше да го транскрибира со сопствениот визуелен дискурс со доминантно лирско чувство, во кои преовладува една спокојна и меланхолична атмосфера.

Значењето на Теофил Шулајковски за македонската историја на уметност го согледуваме во неговата немирна истражувачка природа и желбата за  внесување новитети во акварелот, со што придонесува кон оживувањето и подигањето на оваа ликовна дисциплина на современо рамниште. Неговото карактеристично творештво се издвојува со повеќеслојноста во експериментирањата и истражувањата на ликовните (па и техничките) можности на акварелот, со специфичен индивидуален авторски ракопис кој се согледува во начинот на дисциплинирано и хармонично градење на композицијата од мноштво елементи, преку своевидно „ткаење“ на површината на сликата, со што го подига акварелот на сосема ново рамниште во ликовната уметност кај нас.

Куратор на изложбата, виш кустос Мала Чанкуловска Михајловска  

Фотографии, Игор Василев

 

ТЕОФИЛ ШУЛАЈКОВСКИ - ТОФЕ

Роден е во Дебар на 12.8.1934 година. Завршил Училиште за применета уметност, Педагошка Академија и Филозофски факултет во Скопје. Имал студиски престој во: Франција, Грција, Германија, Италија (стипендија на Фондацијата Моша Пијаде). Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1966 година. Починал во Скопје на 21.11.2009 година.

Неговите дела се наоѓаат во приватни и јавни збирки во земјата и светот и тоа во: Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Струмица, Тетово,Гостивар, Кавадарци, Неготино; Белград, Подгорица, Земун, Нови Сад, Сомбор, Крагуевац, Врање, Параќин (СР Југославија); Загреб, Опатија (Република Хрватска); Љубљана (Република Словенија); Сараево (Босна и Херцеговина); Франција, Швајцарија, Грција, Англија, Полска, Белгија, Бугарија, Чешка, Словачка, Германија, Австрија, Турција, Холандија, Италија, Шведска, Египет, Кина, Канада, Австралија, САД, Русија, Јужна Кореја и др.
Во 1975 година заедно со академик Вангел Коџоман и Петар Дракуловски, го изработил мозаикот во новите простории на Југобанка - Скопје (I ѕид 325 х 340 см) како и зграфито техника на третиот кат на истата банка (II ѕид 640 х 340 см)
Изработил слики во големи димензии со академските сликари Емил и Тони Шулајковски.
1993 Хол на Работнички универзитет-Скопје, "Откривање на изворот на мудроста", масло на платно, 180x250
1993 Хол на Стоматолошките клиники – Скопје:
-    "Разговор во осамен ентериер", масло на платно, 100 х 170 см
-    "Хармонија на напуштени форми", масло на платно, 120 х 170 см
-    "Утро на големи изненадувања", масло на платно,120x170 см

НАГРАДИ:
1979     Награда "13 Ноември " за сликарство на град Скоије
1984     Награда "Димитар Пандилов" на изложбата Сликарство мал формат на Друштвото на    ликовните уметници на Македoнија
1984     Награда "Лазар Личеновски" на Друштвото на ликовните уметници на Македoнија
1985    Откупна награда за Сликарство од Уметничката Галерија - Даут Пашин Амам, Скопје
1985    Награда - Медаља на Град Кастровилари - Италија
1986     Награда - Плакета на Градот Кастровилари - Италија
1986     Посебна награда на Собранието на Град Скопје на I-то Биенале на македонскиот акварел, Центар за култура и информации - Скопје
1987     Награда ЛИКУМ за сликарство на Авторската агенција на Македонија
1993     Откупна награда за графика НУБ "Климент Охридски", Скопје
1996     Награда "Вангел Коџоман" на изложбата Сликарство мал формат, Културно информативен центар, Скопје

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:
1957     Дебар, Дом на синдикат
1958     Тетово, Дом на синдикат
1959     Гостивар, изложба со Т. Сековски, Салон на Социјалистичкиот Сојуз
1961     Белград (Србија), Гарнизон "4 Јули"
1966     Скопје, Центар за култура и информации
Штип, Работнички универзитет
1967     Битола, Уметничка галерија “Моша Пијаде“
Охрид, Домот на култура “Моша Пијаде“
1968     Скопје, Центар за култура и информации
Куманово, Уметничка gалерија
1969     Скопје, Дом на ЈНА
1970     Врање (Србија), Дом на ЈНА, со Мира Апостолска
Кавадарци, Дом на култура
Струмица, Работнички универзитет
1971     Скопје, Мотиви од река Радика, Центарот за култура информации
1972     Белград (Србија), Клуб на Сојузниот секретаријат за надворешни работи
1972     Куманово, Уметничка галерија
1973     Скопје, Цвеќе, Дом на ЈНА
Нови Сад (Србија), Центар за култура
Охрид, Домот на култура “Григор Прличев“
1977     Скопје, Центар за култура и информации
1978    Скопје, Изложба на пастели, Дом на ЈНА
1979     Апатин (Србија), Центар за култура
Нови Сад (Србија), Изложбен салон на младите
Свети Николе, Дом на култура
1980     Ресен, Дом на култура
Крани, Туристичко рекреативен центар - Ресен
Офенбах на Мајна (Германија), Градски музеј
Тетово, Дом на култура “Иљо Антески – Смок“
1981     Ханау (Германија), Градски музеј
Охрид, Охридски бранувања, по повод отворање на Охридско лето, Дом на култура
1982     Земун (Србија), Галерија на Домот на ЈНА
Крагуевац (Србија), Народeн музеј
Дебар, 25 Години ликовно творештво, Општински Дом "Скопје"
Охрид, Хотел Десарет, Лирски одблесоци, по повод  8-от Конгрес на фармаколозите на Југославија, Салон на хотел Десарет
Амстердам (Холандија), Салон на хотел Хилтон
Ротердам (Холандија), Изложбен салон на Градскиот музеј
1983     Вевчани, Струга, Дримколски пејзажи, по повод културната манифестација Печалбарски денови, Дом на култура
Малме (Шведска), Модерна Галерија
1984     Параќин (Србија), Македонски пејзаж, Изложбен салон на Театарот
Делчево, Дом на култура
Скопје, Центар за култура и информации
1985     Кастровилари (Италија), Галерија на модерна уметност
1986     3агреб (Хрватска), Галерија на Активот на жените на град Загреб
Кастровилари (Италија), Галерија Чирколо Читадино
Телесе (Италија), Галерија на Модерна уметност
1987     Ренде, Косенца (Италија), Музеј Чивико
Роџере, Косенца (Италија), Изложбен салон на хотелот С. Агостино
Сарацена, Кастровилари (Италија), Изложбен салон на модерна уметност
Скопје, Јубилејна изложба 30 години ликовно творештво, Центар за култура и информации
1988    Франкфурт на Мајна (Германија), Градски музеј
1989     Нирнберг (Германија), Галерија ГУДЕР
Дизелдорф (Германија), Галерија на Југословенскиот културен центар
1991     Скопје, Воскресение, Културно-информативен центар Скопје
1998    Скопје, Јубилејно - монографска изложба, Музеј на град Скопје
2010    Скопје, Сеќавање, Галерија „ОКО“
2022    Скопје, Ретроспективна изложба, Национална галерија

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ:
1966    Скопје, Есенска изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1967     Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
Скопје, Македонски акварел, Центар за култура и информации - Скопје
1968    Скопје, Ликовна поетска вечер, Центар за култура и информации - Скопје
Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1969     Ферара (Италија), Македонска современа уметност, Chiеѕа di ѕ. Rpmano
Скопје, Цртежи, Гвашеви, акварели, Музеј на Современата уметност
Скопје, Стихови, боја, тонови, Центар за култура и информации
Скопје, 25 Години АСНОМ, Уметничка галерија
Струмица, НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија, Работнички универзитет
1970    Торонто (Канада), Југословенски уметници
Скопје, Моето најсакано дело, Уметничка галерија
Скопје, Есенска изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1971     Скопје, ДЛУМ 71, Уметничка Галерија
Скопје, Цвеќе, Центар за култура и информации
Гостивар, Бигорски средби, Изложбен салон на Домот на културата
1972     Скопје, Изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1973     Минхен (Германија), Изложба на југословенски уметници
Скопје, Изложба на дела од колекцијата на Кумановската галерија
1974     Скопје, 30 Години ДЛУМ, Уметничка галерија
Скопје, Жената како инспирација во ликовното творештво на македонските уметници, Дом на ЈНА
1975     Подгорица (Црна Гора), Современи македонски уметници,Фоаје на Црногорскиот  театар
Скопје, ДЛУМ 75
Куманово, Изложба на дела од ДЛУК, Уметничка галерија
Скопје, Изложба на уметници од збратимени градови, Центар за култура и информации
1976     Загреб (Хрватска), Современа македонска уметност, Салон Форум
Скопје, ДЛУМ 76, Уметничка галерија
Куманово, Изложба на дела од ДЛУК, Уметничка галерија
Скопје, 30 Години на ДЛУМ
Штип, Изложба на дела од ДЛУК, Работнички универзитет
Струмица, Изложба на дела од ДЛУК, Работнички универзитет
1977    Скопје, Изложба од колекцијата на уметничката Галерија од Битола, Центар за култура и информации
Скопје, XXXII Изложба на ДЛУМ, Музеј на современата уметност - Скопје
1978     Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на современата уметност
Скопје, Современа македонска уметност
1979     Скопје, Годишна изложба на ДДУМ, Музеј на современата уметност - Скопје
Дојран, Цвеќето во ликовното творештво на македонските уметници
Карловци (Србија), Изложба на I Бинале на југословенскиот акварел
Задар, Винковци (Хрватска) и Чачак (Србија), Изложба на 1-то Бинале на југословенскиот акварел
Скопје, Скопје во делата на македонските уметници
Битола, Изложба на сликари од македонски градови
1980     Скопје, ДЛУМ 35 Години, Музеј на современата уметност - Скопје
1981     Карловац (Хрватска), 11-то Биенале на југословенскиот акварел
Осијек, Задар, Карловац (Хрватска), Изложба на второто Биенале на југословенскиот акварел
Скопје, 36. Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1982     Скопје, Изложба на ДЛУМ
1983     Скопје, Годшина изложба на ДЛУМ 82, Уметничка галерија
1984    Скопје, Македонско минијатурно сликарство, Центар за култура и информации, Продажен ликовен салон
Скопје, Жената инспирација во ликовното творештво, Центар за култура и информации
Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1985     Скопје, 40 Години ДЛУМ, Уметничка галерија
1985-86 Скопје, Биенале на Македонскиот современ акварел, Салон на Центар за култура и информации
1986     Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
Аранѓеловац (Србија), Смотра на југословенската уметност “Мермер и звуци“, Изложбен павиљон “Књаз Милош“
Приштина (Косово), Смотра на Југословенската уметност, Музеј на 15-те зимски Олимписки игри
1986-1987 Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1987    Нови Сад (Србија), Смотра на Југословенската уметност, Галерија "Спектар"
Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1988     Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
Скопје, Македонска ликовна уметност, Уметничка галерија
Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
1989     Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија
Скопје, 6та изложба Сликарство мал формат, Центар за култура и информации
1990     Скопје, Сликарство мал формат, Галерија ГЛАМ
Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1991     Скопје, 8ма изложба Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1992     Софија (Бугарија), Национален музеј “Земјата и народот“
Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1993     Скопје, Штип и Куманово, 24. Графичка изложба на ДЛУМ
Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1994    Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1995     Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1996     Скопје, Сликарство мал формат, Салон на Центар за култура и информации
1997    Скопје, 50 Години ДЛУМ, Уметничка галерија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная