логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

19042009

ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ ЗА ДУХОВНИ ВРЕДНОСТИ


ЗЕМНИОТ ЖИВОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ "БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ"

Интернационалниот филмски фестивал „Богородичен покров“ има за цел да ги шири духовните, хумани и културни вредности и е единствен филмски фестивал  од ваков жанр во нашата држава, но, и редок во регионот, кој  годинава е online и се одржува од 11 до 26  декември оваа година, со реприза на програмата  од 1 до 16 јануари, 2022 година.
Фестивалот се отвара утре со видеото ДОБРЕДОЈДОВТЕ  во 20.00 часот и со рускиот филм Земниот живот на Пресвета Богородица во 21.00 часот.

“СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СЛОВЕНСКИ АПОСТОЛИ” - игран филм www.facebook.com/festivalbogorodicenpokrov
Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни и играни филмови  посветени на културното,  духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.  Ќе  се прикажат  20 филмови и ТВ програми  од Македонија, Русија, Србија, Чешка и Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Сите се преведени на македонски јазик ,   поголем број  на англиски, а дел од програмата е и на српски јазик.
Филмските проекции се бесплатни.
Годинава, фестивалот добива поширока меѓународна  димензија  со поддршка на Вишеград фондот на Вишеград групата држави, како и од Амбасадите на Русија, Чешка Република, Словачка, Унгарија, Романија.


Годинава, ќе бидат претставени авторитативни странски партнери и продукции во специјални интервјуа,  продуцирани за овој фестивал.  Ќе се презентира култот на свети Наум во Унгарија,  кој е непознат на пошироката јавност, со проф. д-р Марта Наѓ  од  Будимпешта, единствен светски експерт кој ја има истражувано оваа тема. Истиот ќе биде илустриран со раритетни икони на св.Наум од оваа држава. За филмскиот фестивал и фестивал на сакралната уметност Ars Sacra од Унгарија и за неговите извонредни достигнувања ќе биде емитувано интервју со претседателката г-ѓа Марта Драгонич. На овој духовен фестивал  кој се одржува во месец  септември во 2019 година  имало над 100.000  посетители,  на 700 настани во 418 места во Унгарија.
Фестивалот  Бдење душе од Србија,  ќе се претстави со филмовите Ровачки Острог и Сведоштвата за манстирот Тумане. Од руското духовно кино ќе се емитуваат филмовите Земниот живот на Пресвета Богородица, играниот филм Варава, документарниот Чудата на блажена Ксенија Петроградска, Една вера – еден јазик и други.   На фестивалот ќе се претстави и чешката продукција  Vistafilm, на чело со продукцискиот тандем Ива Хлавсова  и  Лубомир Хлавса, кои  имаат реализирано стотици духовни филмови и детски програми.  Нивниот  камерамен  Pavel Kopp беше прогласен за најдобар камерман во Лос Ангелес за оваа,  2021 година!  Со нив имаме специјално интервју по повод нивниот филм за великиот педагог, филозоф и писател Јан Амос Коменски,  кој  ја има и интернационалната премиера токму на нашиот фестивал. Исто така, од Чешка ќе биде прикажан и играниот филм посветен на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј.

https://youtu.be/GPHzo6Q5Zgw

На фестивалот ќе се објави меѓународен повик под наслов „Како се научив што е љубов“! Секој е повикан, да испрати своја вистинска приказна од животот  на 2 до максимум 3 страници,  која се однесува на настани поврзани со духовната љубов која сме ја осознале, која  ќе биде поучна за идните генерации за препознавање на вистинските духовни  вредности!  Најдобрите приказни ќе бидат  објавени во заедничка книга на повеќе јазици,  која ќе има промоција во Охрид,  со сите избрани автори на приказните, кои ќе ја добијат на подарок  оваа книга. Приказните може да се испраќаат на   меиловитe Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  на македонски јазик и на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. на српски, англиски и руски јазик.
Деталите за програмата на фестивалот може да се следат на страниците https://www.facebook.com/festivalbogorodicenpokrov на македонски и на www.facebook.com/ holyvirginmaryomphorion на англиски јазик.


Од годинава, Европскиот Универзитет од Скопје, во чест на основачот Бојо Андрески, ќе доделува традиционално бесплатна четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на фестивалот.
Инаку, фестивалот Богородичен Покров е основан во 2016- та година,  и досега е поддржан од 12 Амбасади во нашата држава. Се одржува со благослов на неговиот Почесен Претседател проф. д-р Јован Таковски, протојереј – ставрофор, одликуван со златен медал “Св. Климент Охридски” на државно ниво,  за неговиот живот и дело.
Програмскиот совет на фестивалот го сочинуваат: проф. др. Антонио Митриќески, режисер, професор  на ФДУ, проф. др Ѓоко Ѓоргевски, декан на  Богословски факултет “Свети Климент Охридски“ во Скопје, проф. др Игор Шокаревски, декан на Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот Универзитет во Европа – ФОН,  Владимир Ангелов, виш филмолог и директор на Кинотека на Македонија.
На наша огромна жал, годинава се упокои нашиот член  на Програмскиот совет, Драги Таневски, директор на фотогафија, интернационален светски ас, кој во својата над 50 годишна  дејност во Вардар филм и МТВ беше наградуван  ширум светот, во Полска, Јапонија,  Шведска, Њујорк...Основачи на фестивалот се Зорица Соломан Костовска, ТВ и филмски продуцент и теолог и покојниот Коле  Јовановски, монтажер и режисер во МТВ на над 3000 филмови и ТВ програми. Најбројните негови филмски и ТВ
дела  се посветени   на македонската историја и на МПЦ-ОА Организатор на фестивалот е Топ Ворлд-ТВ продукција од Скопје.
Контакт 075 / 33 44 87.

 May be an image of 2 people and outdoors 

 

 May be an image of text that says "мегународен филмски фестивал за културни, духовни хумани вредности „богородичен покров" INTERNATIONAL FILM FESTIVA CULTURAL SPIRITUAL AND HUMAN VALUES "HOLY VIRGIN MARY OMOPHORION" supported by Visegrad Fund покровители на фестивалот амбасада скопје република чешка амбасаданаунгарила амбасада скопле EMBASSY SLOVAK REPUBLIC IN SKOPJE амбасадатанароманила ворепубликамакедонила европски KMAREESATET TRINITASTV спонзори и прилатели на фестивалот ALEKSANDAR PALACE FERŠPED SKOPJE propoint COMPANY COMPANY NIKOL DENT ординација depilève žaneta oeEen MOZZART VIZiA ирургила кожувчанка медиумски покровители на фестивалот бечер ...прв дознава. hp/ македонија премин портал www.preminportal.mk h/"

 No photo description available.

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная