логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На 18-ти ноември ќе биде изложена најновата изложба на фотографии на Боро Рудиќ, насловена како “Треперње“. На изложбата ќе бидат представени 22 фотографии во голем формат, создадени во период од 2018 до 2020 година. Со оваа изложба авторот се обидува да најде одговор на прашањето што се случува кога ќе се излезе од комфор зоната на нашата визуелна перцепција.

Исто така ќе биде презентирано и продажно фотографско портфолио на авторот. Портфолио е во ограничено изданије од 12 примероци. Секоје порфолио содржи 16 оргинални фотографии, испечатени на сребро халид хартија, нумерирани и потпишани лично од авторот и сертификат. Ова е прво портфолио од овој тип направено во Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во “Галерија Рудиќ“. Поради ситуацијата со Ковид нема да има класично отворање во еден ден и наместо тоа, ќе се одвива во повеќе денови, од 18.11 до 27.11, во периодот од 18 до 21 часот. На овој начин авторот смета дека ќе се испочитуваат  сите безбедносни протоколи, а посетители ќе се чувствуваат безбедно и удобно.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie