логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Мето Ангелов, Мала станица, среда 25 мај, 19:30 ч

ANALOG Versus DIGITAL
Релацијата на современата уметност и консумеризмот
Ана Франговска, куратор

Во време на општествено-политичка криза, доба во која постојано се говори за дневни политики и во кое секој е најумен и секој знае сè, Мето Ангелов решава да ѝ се претстави на македонската јавност, по пауза од подолго време, со проект кој е вдахновен од дигиталниот нематеријален свет и консумеризмот, маркетиншката индустрија и друштвените мрежи како нешта кои единствено денес може да те направат среќен и задоволен, макар и за миг, и дури и вештачки. Ваквиот став на уметникот донекаде е точен, но во друга крајност, пак, мора да се постави прашањето: што е дигиталниот свет и што се друштвените мрежи и маркетингот ако не механизми и политики самоегзистирачки и често диктирани од вистински владејачки тела и позиции на капитал и моќ на глобално ниво? Со оваа констатација може да заклучам дека колку и да сакаме да избегаме од секојдневието, и тоа бегство е одговор и констатација на реалноста во која живееме.


Но, консумеризмот и неговите механизми, како и нематеријалниот дигитален свет, „QR“ кодовите, електронскиот пазар, присуството на пиктографски прикази кои треба да се транскрибираат со користење андроидски апликации се резултат на љубопитниот современ човек кој за да биде во чекор со времето, почнува да губи чувство за реалниот, материјален свет и станува жртва на дигиталниот систем кој функционира како засебен организам. Ние не можеме да избегаме од оваа реалност, ниту пак да негодуваме бидејќи од друга страна, пак, го олеснува животот, но можеме алатките на тој систем, како што чини Ангелов,  да ги ставиме во наша корист и со нејзиниот јазик, канони и системи да создадеме уметност која излегува од својот „елитизам“ и материјалност, а станува интерактивен процес, во кој реципиентот е активен содејствувач во процесот на „читање“ на уметничкиот проект.
Матриксот во кој сме ставени при соочување со делото на Мето Ангелов се состои од изложба од материјални носачи: дигитален отпечаток на хартија, со приказ на една и иста стерилна рамка – како рамка за сликичка од албум, во која се испишани реден број и инструкции за читање на делото: код за директно и локација за индиректно читање на делото – место за симнување на апликацијата од Гугл плеј (Google play). Со помош на безжична конекција секој посетител е поканет самоиницијативно да се вклучи во „разгледувањето“ на изложбата. Зад кодовите дигитално се читаат претстави и пиктографски знаци, кои се користат за поедноставна комуникација и разбирање и се усовршуваат во последните педесет години. Тие се глобални знаци-икони (присутни во сите графички интерфејси од современите алатки како компјутер, телевизор, мобилен уред итн.) за масовна употреба, а селекцијата која авторот ја има направено е во контекст на дескрипција или хиперврска или датотека на еден 24 часовен ден на уметникот, еден ден кој би се случил во иднина. Содржината е наративна и забавна, но најкруцијален е процесот на трансфер на идеи и транскрипти.
Суштината на проектот лежи во процесот на колекционирање (во духот на современите консумеристички магнати Панини и други) и во профитабилноста на глобално ниво. Во проектот на Ангелов на исто место се среќаваат лицето и опачината, т.е. нематеријалното и материјалното и тие се спротивставени едни на други. Со активирањето на апликацијата на мобилниот уред и пример од издадената брошура (во форма на албум кој самоиницијативно може да се пополни и да се комплетира, но не мора), корисникот е во состојба и надвор од утврдениот галериски простор да прави прегледување на концептуалниот дискурс.
Со „дигитализацијата“ на уметноста Ангелов го допира аспектот на современата аматеријална уметност која, во денешното консумеристичко опстојување во кое сè има своја комерцијална вредност, ќе нема таква вредност, а ќе биде чист концептуален интерфејс без можност за финансиска полза и ќе го поседува задоволството како доминантно консумирачко чувство.
Национална галерија на Македонија

 

Ангелов МЕТО:  Дипломирал во 2001 и магистрирал во 2004 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал повеќе самостојни изложби: Скопје 1999, 2002, 2003, 2004, 2007; Прилеп 2004; Охрид 2006; Потенца (Италија) 2007;  Неготино 2008; Кавадарци 2011; и учествувал на групни изложби во Македонија и во странство: Франција, Италија, Германија, САД, Србија, Хрватска. Живее и работи во Неготино.
Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  + 389-(0)78-298-178

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная