логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

протоереј-ставрофор Илија Донев

На светите богослужби, во молитвите, во проповедите во храмот и меѓусебните разговори постојано го слушаме зборот “спасение“. Што значи зборот “спасение“ и за какво спасение зборува Црквата?

prota.ilijadonev.jpgВо поширока смисла зборот “спасение“ значи избавување од зло, опасност, маки, тешкотии, тегоби (духовни или телесни). Кога, пак, Црквата зборува за спасение тука се мисли на духовно, вечно, спасение на човекот, а кое се однесува во вечниот живот - животот после телесната смрт.

Спасението, како крајна цел во духовниот живот, е предмет на секоја религија. Разликата е во тоа што секоја од нив има различно учење за спасението, а и нормите за спасение се различни. Така на пример: според учењето на некои религии, спасение се добива преку т.н. инкарнација и достигнување на посебна состојба - нирвана; други религи учат дека спасението се добива преку постојана (физичка) борба против непријателите; некои, пак, особено протестантските секти, учат дека за спасение доволно е да се чита Светото Писмо – Библијата и да се верува во Господ.

Од сите религии Православната Црква има најчисто и насвето учење за спасението. Таа учи дека спасението, пред сé, е Божји дар преку кој човекот се избавува од гревот и смртта, се соединува со Христа и го наследува Царството Божјо. Божјата грижа за спасение на човекот е вечна – од создавањето па се до свршетокот на светот. Бог од преголема љубов го создаде човекот. Иако во одредено време, преку првородниот грев, човекот отпадна од Бога, Бог не престана да се грижи за него упатувајќи го и советувајќи го, на разни начини, со разни методи и средства, да се врати кон Него. Бог го создаде човекот со тело и душа (материја и дух) по ликот Божји, а тоа значи безгрешен, бесмртен и свет. Душата на човекот постојано тежнее кон Создателот – Бог. Преку разумот треба да Го познае Бога, а преку слободната волја да Го признае и сака, како детето што го сака својот родител. Оваа Божја љубов се забележува низ целиот Стар Завет.

И Новиот Завет започнува со грижата Божја за спасение на човекот. Всушност, појавата на Второто лице на Света Троица, Господ Исус Христос беше израз на неизмерна љубов Божја кон луѓето и, преку поуки и лична жртва, да го упати човекот на вистинскиот пат кон вечното спасение. Неговото доаѓање на земјата, воплотувањето, не беше случајно, туку со Божја промисла. Имено уште при паќањето во грев на првите луѓе, Адам и Ева, Бог одлучи, откако ќе се исполни времето, да го испрати Второто лице Господ Исус Христос, да ги избави луѓето од гревот и смртта. (Спореди: Постанок 3:15; 1 Јов. 3:8; Гал. 4:4; Дел. Ап. 2:23; тропар на Благовештение). Свети апостол Павле вели: “Голема е тајната на побожноста, Бог се јави во тело“ (1 Тим. 3:16). (Зборот “воплотување“ е од црковнословенски збор “плот“ што значи тело, односно Бог, Кој постои од вечност, прими човечко тело и стана човек, при тоа не престана да биде Бог –БОГОЧОВЕК). Воплотувањето било неопходно затоа што бил најдобар и најцелисходен начин за спасение на паднатиот човек и единствено така луѓето можеле да Го разберат.

Освен тоа Бог ја оснива Црквата чија што главна цел е – воведување на луѓето кон вечното спасение. Црквата се грижи за спасение на луѓето од самото нејзино оснивање. На празникот Педесетница, после силната проповед на Св. апостол Петар, луѓето прашаа: “Луѓе браќа, што да правиме! Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух“, им советува Свети апостол Петар (Дела Ап. 2: 37 - 40).

Спасението на луѓето е основниот предмет и во проповедта на светите апостоли. Оснивањето на црковните заедници беше со единствена цел - учењето на Црквата за спасението на луѓето, преку одредени и оспособени личности, да се проповеда и шири насекаде во светот. Оттогаш па се до денес таа задача и цел на Црквата Христова не е изменета.

Како да се спасиме?

Црквата Христова непрестајно предупредува на подготвеност за Судот Божји. Господ Христос вели: “Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ“( Мат. 24: 42), односно кога ќе настапи Судот Божји. (Спореди: “Параболата со десетте девојки“ (Мат. 25: 1 – 13).
Но, денес, луѓето, поради секојдневните обврски на работа, со бизниси, семејни грижи, постојано “трчање“ натаму – наваму, како да немаат време да размислуваат за Бога и за спасението. При средба со свештеник пројавуваат интерес за многу нешта настојувајќи за кратко време да го апсорбираат целото учење на Црквата. Посебен интерес привлекуваат прашањата за задгробниот живот – животот после смртта. При една прилика прашав: Ако денес е твојот последен ден што мислиш дали ќе бидеш спасен, односно дали душата твоја ќе оди во Рајот или пеколот? Одговорот беше: “Навистина незнам. Никогаш не сум размислувал за тоа прашање. А што треба да правам за да бидам спасен“?, следеше неговото прашање.
Точно е дека ние никој не знаеме однапред дали ќе бидеме спасени или не. Не е наше воопшто да размислуваме и да се занимаваме со такви прогнози. Наше е да работиме и да го извршуваме она што ни е заповедано. Господ Исус Христос ни дал многу примери и упатства за тоа како да се владееме во земниот живот. Всушност, целиот овој живот на земјата е само подготовка за идниот вечен живот. Ако не е така тогаш беззмислен би бил нашиот живот на земјата, а и храброста за правење добри дела не би имала никаква придобивка. Но, сепак, малкумина се оние кои размислуваат за тој ден или за тој настан што сите нé очекува. Малкумина се оние кои одат подготвени за тој суден ден - Божјиот суд. Мал е бројот на оние луѓе кои по свршувањето на денот прават себенаблудување прашуваајќи се: Како ми помина денот? Дали направив нешто добро во изминатиот ден? Дали со некого бев во кавга? Дали со збор или постапка го навредив својот ближен? Дали мораше да биде сé онака како што помина? Дали направив некое Богоугодно дело со кое би ја исполнил Божјата волја? И, на крајот, дали изминатиот ден го завршив Богоугодно? Овие се многу важни прашања што треба  секој од нас да си поставува по свршувањето на денот. Светите оци велат: ако човекот барем еднаш во денот помислува на Божјиот суд тогаш многу зла во светот би се намалиле. Значи ваквите прашања можат да бидат од голема корист затоа што нé поттикнуваат на размислување на сé она што нé очекува после телесната смрт, а воедно и поттикнување кон правење добри дела на земјата кои, пак, би ни биле добра основа за наследување вечен блажен живот – вечно спасение.

Љубовта кон Бога и љубовта кон ближните се двете најголеми заповеди на кои се темели учењето на Црквата за спасението.
Конкретни упатства за спасението даде Св. апостол Петар на празникот Педесетница (Дела Ап. 2: 37 – 40) определувајќи ги првите степени во процесот за спасение и тоа: покајанието, крштевањето и примањето на даровите на Светиот Дух. Истото важи и за нас денес.
Да се покаеме тоа значи да ги смениме нашите мисли и да се одвратиме од гревот и да се посветиме на Христа. Сознавајќи ја својата грешност и осудувајќи се себе си за сторените гревови, стануваме смирени. Смирението е првата добродетел и почеток на спасението, оти само смирениот човек може да се моли на Бога и да се кае. Тоа не е дар што се добива од надвор, туку состојба што треба лично да се сознае. Смиреноста и денес е одлика на вистинските христијани. За да ја започнеме борбата против гревот потребно е најпрво да го сознаеме, а потоа да го отстрануваме. Исто како лекарот кој прво ја диагностицира болеста, а потоа одредува терапија. Така и покајанието треба да се состои во вистинското сознавање на својата грешност и да резултира со искрено покајание. Како пример може да ни послужи случајот со разбојникот на крстот кој во последен момент се покаја и стана жител на Рајот (Лука 23: 42).

Да се крстиме тоа значи повторно да се родиме и да се соединиме со Христа. Оти, преку крштевањето се добива простување на првородниот грев и од други гревови, ако ги имаме (се мисли на крштевање на возрасни), освен тоа се добива Божја благодат за нов живот, право на примање на другите свети тајни (Миропомазување, Венчавање, Причестување, Покајание и Исповед, Свештенство, Елеосветување или Маслосвет) и, се постанува член на Црквата и чедо Божјо. (При крштевањето свештенослужителот ги изговара зборовите: “Се крштева чедото Божјо (името) во името на Отецот – амин, и Синот – амин, и Светиот Дух – амин“).

Преку Примањето на дарови на Светиот Дух ние Го примиме Духот Кој ни даде сила да влеземе во нов живот со Христа, да бидеме негувани во Црквата и потврдени во ликот Божји. Тоа се првите чекори кон спасението.

Но, пред сé, ќе речеме, спасението најпрво инсистира на вера во Бога, “оти без вера не е можно да Му се угоди на Бога. Оние кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат“ (Евр. 11:6), вели Свети апостол Павле. Не може да се надева на спасение оној кој не верува во Бога и кој го одрекува Неговото постоење.

 Освен тоа спасението не е само работа на верата, туку тоа е работа на верата преку љубовта. Љубовта се пројавува преку исполнувањето на Божјите заповеди, како и заповедите на Црквата и тоа: Воздржување од мрсна храна во деновите на постот, редовно исповедување, почесто причестување, воздржување во бракот и тн. Спасението не е еднократна работа која се завршува за одредено време, туку постојан и долг процес кој трае до последниот здив. Тоа е креативност која треба да произлегува од внатрешноста на душата на христијанинот и која ќе го поттикнува на постојани акции и нови подвизи. Тоа е постојан подвиг на христијанинот кој треба да го исполнува целиот негов живот. Не е оправдано ако некој мисли: сега ќе грешам и ќе живеам “слободно“ па понатаму ќе се покаам за да се спасам. Такви калкулации, или пазар, во Црквата не е дозволено. Затоа од нас се бара активно учество во спасението преку верата и нашето единство со Христа преку силата на Светиот Дух. Единството со Христа и силата на Светиот Дух ќе го најдеме во Црквата. Затоа светите оци постојано укажуваат дека надвор од Црквата нема спасение.

Некои велат за спасение доволно е само да правиме добри дела, да работиме за храмот, материјално да го помагаме, да не им правиме на луѓето зло, па и не мора толку да се оди в црква на свети богослужби или, пак, да се биде толку црковен (религиозен) човек. Ова мислење (за жал присутно е и кај мнозина наши луѓе) е многу погрешно па дури и опасно. Суштината на богослужението е во заедничката почит, благодарност и прославување на Бога во Црквата. Тоа е блиска и безпрекорна заедница со Бога. Традиционалното т.е. формално верување, кое не призлегува од внатрешноста на душата на човекот и кое не е плод на верското убедување, е осудено во Православната Црква. Доаѓањето и присуството на светите богослужби, особено на Светата Литургија е наша христијанска обврска.

Уште во Стариот Завет Бог заповедал, покрај жртвите, да се извршуваат и свети богослужби (Спореди: 2 Мојс. 35 – 40). Господ Исус Христос рече на тајната вечера: “Ова е Моето Тело ... Ова е Мојата Крв... и им заповеда на апостолите: “Ова правете го во Мој спомен“(Лука 22: 19 – 20). Неговите следбеници, христијаните, и денес веруваат и го прават тоа без исклучок. Светото богослужението не е обична церемонија која се извршува во храмот, туку реално повторување на Христовата жртва на крстот и наше соучество во Неговите страдања Кој го даде својот живот и моќ заради нашето спасение. Причестувањето со Светите Дарови е реално примање на Телото и Крвта Христови во себе и наше соединување со Христа кое, пак, е срцевината на Светата Литургија. Затоа таму каде што нема Света Литургија нема ни спасение. Оттаму ќе речеме неодговорното однесување кон светите богослужби, особено кон Светата Литургија, нé оддалечува од Бога и ни го попречува патот кон спасението. Првите христијани Светата Литургија – Евхаристијата ја нарекувале “лек против неморалноста“ затоа што тие ја сознале големата благодат“ што ја добиваат преку неа.

Од колку голема важност е Светата Литургија ни посведочува и настанот со св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го извршувал преслекувањето на моштите, бидејќи се изморил, задремал седејќи покрај моштите и го здогледал пред себе светителот кој му рекол: “Ти благодарам што се потруди околу мене. Уште те молам, кога ќе служиш Литургија, да ги спомнеш моите родители“- и ги изговорил нивните имиња (јереј Никита и Марија).“ Како ти, светител, од мене бараш молитви, кога и самиот си покрај Престолот Небесен и на луѓето им ја пружаш милоста Божја“-запрашал свештеникот. “Да, тоа е точно-одговорил св. Теодосиј - но принесувањето на Литургија е помоќно од молитвата“. (М.З. www.preminportal.com.mk). Свештеномаченикот Иринеj, епископ Лионски, напишал: “Нашето учење е согласно со Евхаристијата, и Евхаристиjaта пак, го потврдува нашето учење“. Светата Литургија не е срцевина само на учењето на Црквата, туку и на нашето верување. “Играњето“ со Светата Литургија е “играње“ со вечноста. Затоа треба добро да размислиме за нашиот однос кон неа.

Секоја богослужба е придружена со молитва, односно богослужението, всушност, е молитва. Молитвата е основата на христијанскиот живот. Како што вели Св. Филарет Московски “молитвата е разговор на човечката душа со Бога“ Како што во секојдневната комуникација и разговор е невозможно да се слуша само една страна, така и во молитвата добро е понекогаш да застанеме и да го слушнеме Божјиот одговор на нашата молитва. Некои од светите оци молитвата ја изедначуваат со храната и воздухот. Во молитвата, преку збор, мисла и песна, ние Му угодуваме на Бога и Му благодариме за сé што направил за нас. Го молиме за милост и духовни потреби за нас и за непријателите, и Го молиме за мир и блаженство на небесата – за вечно спасение. Без молитва не е возможно да Му се угоди на Бога. Тоа беше мојот одговор на прашањето од мојот соговорник.

На крајот ќе речеме- вечното спасение на човекот е постојана грижа на Црквата.... Наша обврска е да го бараме спасението и со целото наше битие да се определиме на Богоугоден живот овде на земјата. Во спротивно ќе бидеме осудени на вечна мака.

 Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3207
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная