логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 отец Игор Калпаковски

КРСТОТ КАКО ИЗМИСЛИЦА
НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

 o.KALPAK.jpgКрстот е нешто на што нашиот народ толку навикнал, што речиси и не размислува за него. Понекогаш слушаме како Македонија ја нарекуваат „библиска земја”, а тоа е од причина што Библијата повеќе пати ја споменува Македонија. Ја споменува како топоним и како римска провинција, што таа и била на почетокот од христијанската ера (ако некој не знае, тоа е онаа нула што го дели времето на време пред и по нашата, т.е. христијанската ера ‡ ова е уште една работа на која сме свикнале и не ни размислуваме за неа). Од тоа време па до денес, крстот во Македонија е толку многу присутен, што Македонија не може ни да се замисли без него. Поради крстот имаме богата историја, поради крстот имаме писмо, поради крстот - оформена мисла, поради крстот - пребогата уметничка ризница, поради крстот - традиција. Но, традицијата има и еден негативен аспект. Со тек на време, секоја традиција создава еден одреден облик на живеење, богат и со надворешни изрази (велам „и со надворешни изрази”, зашто ниедна традиција не може да се сведе само на нејзината надворешност). Тие симболи се израз на внатрешната содржина на нештата, израз на тоа што луѓето го живеат, го чувствуваат и мислат. Но, врската меѓу надворешниот израз и внатрешната содржина никогаш не е апстрактна врска, туку се случува во човекот, во секој поединечен човек. Кога таа врска не е стабилна, кога преовладува површноста и медиокритетството како начин на живот, тогаш веќе не се живее истата содржина, а надворешниот облик на животот или станува товар, или се банализира. Традицијата, пак, има една особина да биде мошне истрајна во својот надворешен облик, бидејќи знае да ја пополни кризата на идентитетот и да создаде привид на идентитет. Ова што го кажавме досега, мислам дека важи и за традицијата на крстот на нашиве простори.
 Меѓутоа, некој ќе рече: Какво е тоа поврзуваење на крстот само со христијанската традиција!? Зарем не знаете дека крстот, всушност, и не е христијанска измислица!? И не само тоа, какво е тоа чудно сфаќање на крстот, кога за изумителите на крстот тој бил симбол на срамна и страшна казна!?
 Е, и точни се овие забелешки. Прво, точно е дека крстот не го измислило христијанството. Како што е познато, христијанството израснало од средината на Евреите, кои во тоа време (во времето на онаа нула што ги дели ерите) живееле во Палестина. За древните Евреи (или јудејци) крстот како форма не бил познат сè до неколку децении пред Христовото раѓање, кога римјаните го распнале нивниот последен законски цар Антигон. Тие тогаш првпат се сретнале со овој начин на казнување, што одамна се користел во Римската империја. Исто така, точно е и тоа дека во Римската империја крстот бил една од најсрамните и најтешки казни, којашто се применувала врз најтешките престапници и врз избеганите робови. Меѓутоа, во христијанството крстот добива сосема нова содржина, и тоа на начин кој е типичен за христијанскиот етос, а тоа е преобразувањето на нештото. Преобразувањето е еден христијански принцип кој не се согласува со тоа дека сè што постоело до неговата појава не е добро и треба да се отфрли. Овој принцип можеби највпечатливо се изразил во преобразбата на крстот, бидејќи овој симбол на срамот христијанството не само што не го отфрлило, туку го прифатило во потполност, заедно со сите негови последици, и го преобразило на најкреативен можен начин. Го прифатило заедно со срамот, заедно со презирот од општеството, заедно со тешкото страдање (бидејќи распнатите на крст умирале бавно, во тек на неколку денови, со приковани раце и нозе, трпеле глад и жед и обично умирале од гушење), најпосле, го прифатило заедно со неговата најтешка последица ‡ смртта. И после ова ‡ што? Зарем може да остане нешто кога ќе се прифати сево ова. Навистина, што му останува на човекот? Кога апостол Павле ќе се најде во Атина и на Атињаните ќе им ја објавува „добрата вест” за распнатиот Исус Христос, тие ќе помислат дека тој не е со сите, зашто зборува за вистина и радост преку некој човек распнат на крст. Се разбира, во тоа време и Атина била дел од Римската империја, а на Атињаните им било добро познато што значи распнувањето на крст. Сепак...
 Уште пред да почне неговото страдање, Христос почнува да ја развива новата, преобразена симболика на крстот. Важно е тоа дека Христос е исклучителна личност, но не во онаа смисла што обично му ја придаваме на изразот „исклучителна личност”, кога зборуваме за некој човек што предничи во еден или во повеќе аспекти од човечкиот живот. Ако некој не го познава Христос, ќе треба да си претстави личност што предничи буквално во сите аспекти на човечкиот живот и уште во многу што не ни се ниту познати, значи, една совршена личност, еден совршен човек. И токму таа совршена личност доброволно се согласи, без никаква вина за ништо (зашто, кој во историјата му нашол некаква вина на Христа?), да биде казнета на најсрамниот начин, како што тогаш ги казнуваа робовите. Ако е некој плиток, овде нема да најде ништо чудно, или ќе рече дека светот е расипан и ‡ толку. Плиткост, Боже мој! А ако сака да проникне подлабоко, ќе мора да се збуни. И тоа како да се збуни. Зашто Христос, колку повеќе се доближуваше до сопственото страдање, сè повеќе зборуваше за своето прославување. Тоа беше толку впечатливо, толку недвосмислено, што неговите придружници, апостолите, мислеа дека ќе станат некакви министри и дека ќе владеат заедно со него. Затоа, ако човек го има ова на ум, лесно ќе може да ја разбере нивната психичка состојба, нивното разочарување што ги натера да го предадат и да се откажат од него. Но, истиве апостоли малку подоцна гледаме дека не се плашат од ништо, од ниту една од последиците на крстот, дури ни од смртта, зашто преобразбата на крстот веќе се беше случила и крстот од симбол на смртта стана симбол на животот. Христос навистина се прослави и тоа на начин незамислив за светот. Го зеде на себе крстот и сите негови последици, дури и смртта, и покажа дека за личноста којашто е „исклучителна” (во нашава смисла) смртта просто не постои, зашто таквата личност е способна срамот на крстот да го преобрази во слава на крстот, суровоста на крстот во безрезервна љубов кон другиот, смртта на крстот во нов, сеопфатен и бескраен живот. Таква беше преобразбата и таквиот крст навистина „го создаде” христијанството.
 Така што, нема да се згреши ако се каже дека крстот е измислица на христијанството. Барем оној крст за кој зборуваме.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная