логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Vecerna.Ksenija.jpg

11. АВА ПИОР

Помеѓу другото се раскажува и за ова дело на светиот Памво. Еднаш дошол при него блажениот Пиор, подвижни-кот, носејќи го својот леб. А кога Памво го укорил: "Зошто го направи тоа?" Пиор му одговорил: "Затоа, за да не те оптова-рувам". Памво се разделил со него, ништо не зборувајќи. По некое време големиот Памво отишол во ќелијата на Пиор, носејќи со себе веќе навлажнет леб. Запрашан од него, зошто го навлажнил лебот, Памво му одговорил: "Го натопив во вода, и јас да не те оптоварам тебе".

12. АВА АМОНИЈ

Амониј, кој бил ученик на голениот Памво, заедно со своите тројца браќа и две сестри, откако го достигнале најго-лемиот степен на богољубие, се населиле во пустината и из-градиле два посебни манастира, браќата - машки, а сестрите -женски, на доволно растојание еден од друг. Но бидејќи Амониј, овој извонреден човек, бил многу учен, некој град посакал да го има за свој епископ. Градските пратеници дош-ле кај блажениот епископ Тимотеј и го молеле да го хирото-ниса Амониј за епископ. И тој им рекол: "Доведете ми го и јас ќе го ракоположам". Кога отишле, заедно со други луѓе, за да го доведат, тој започнал да бега. Но, гледајќи дека ќе биде фатен, тој застанал да ги моли. Но тие не се предале да бидат измолени, па тој се заколнал дека ниту ќе прими епископски чин, ниту ќе ја напушти пустината. Но, бидејќи и тоа не по-могнало, тој пред сите дофатил ножици и го пресекол своето лево уво, се до коренот, велејќи им: "Сега морате да се увери-те дека е невозможно да го примам чинот на кој ме присилувате, бидејќи законот забранува да се воведе во свештенство човек кому увото му е пресечено". Тие го оставиле и замина-ле, и доаѓајќи при епископот се му раскажале. А тој им рекол: "Тој закон нека го држат Јудејците. Што се однесува до мене, бидејќи е достоен според животот, само ако го донесете ќе го ракоположам, па макар нека биде и без нос. Повторно отиш-ле граѓаните при Амониј и почнале да го молат. Но бедејќи не можеле да го наговорат, тие сакале со сила да го одведат. Но, тој им се заколнал, велејќи: "Ако ме присилите, јас ќе си го отсечам и јазикот". Тогаш го оставиле и си заминале.
За светиот Амониј се раскажува и ова чудо. Кога во неговото тело ќе се појавела некоја одвратна страсна желба, тој не го штедел своето тело, туку со вжештено железо ги боцкал екстремитетите на своето тело, така што целиот бил со рани. Од својата рана младост па се до смртта, тој употре-бувал само сурова храна, бидејќи никогаш не јадел нешто што било подготвено на оган, освен леб. Стариот и Новиот завет ги знаел напамет; а од списите на славните писатели Ориген, Дидим, Пиериј и Стефан, можел да повтори шест милиони редови, како што сведочат големите пустински отци. Кажу-ваат и за неговите пророштва. Тој како никој друг, беше уте-шител на браќата во пустината.
Евагриј, духоносен и многу расуден човек, за него има дадено ваков суд: "Никогаш немав видено побестрасен човек од него". Во времето на доаѓањето на големиот Амониј во Ца-риград поради потреби на пустиножителите, блажениот Еваг-риј, ангажиран од светите епископи кои дошле од разни об-ласти, и пустиници, го крштавал Руфин, тогашниот епарх пре-торијански, кој и самиот многу пати го молел. Крштавањето било извршено во присуство на овие епископи во Црквата, која самиот Руфин ја изѕидал како гробница на светиите. Пос-лушен во се кон преподобниот Амониј, Руфин ја укажал дос-тојната почит кон Евагриј, поради неговиот возвишен живот. По кусо време Амониј се упокоил и бил закопан во храмот, наречен Руфинијана. Раскажуваат дека неговиот гроб лекува од секаква грозница.

13. АВА ВЕНИЈАМИН

На Нитриската Гора имаше еден чудесен човек, по име Венијамин, чиј добродетелен живот траеше осумдесет години. За своите високи добродетелни подвизи тој беше удостоен со дарот исцелување, та секој болен на кого ќе ги ставеше свои-те раце, или ќе му дадеше благословен елеј, потполно оздраву-ваше. И овој човек кој беше удостоен со таков дар, се разболе од водна болест осум месеци пред своето упокојување, така што неговото тело толку беше отечено, што по своите стра-дања бил вториот Јов, во наше време. Епископот Диоскор, во тоа време презвитер на Нитриската Гора, не зема, мене и блажениот Евагриј, и ни рече: "Ајде, да го видите новиот Јов, кој со многу отечено тело и неизлечива болест, сепак одржува безгранична благодушност". И ние отидовме и го видовме неговото тело: тоа беше толку отечено, што со дланките од две раце не можеше да се опфати малечкиот прст на неговата рака. Бидејќи не бевме во состојба да го гледаме ова страшно страдање, ние ги тргнавме своите очи од него. Тогаш блаже-ниот Венијамин ни рече: "Помолете се, деца, да не се разболи мојот внатрешен човек. Бидејќи од ова тело и кога бев здрав немав видено корист, и сега кога сум болен не ќе видам ште-та". За време на овие осум месеци тој постојано седеше во еден стол со огромна широчина, бидејќи не беше во состојба да лежи на креветот, поради другите телесни потреби. И сепак, боледувајќи од неизлечива болест, тој и понатаму ги лекуваше другите од различни болести.
Јас чувствував потреба да го опишам страдањето на овој светител, за да не се чудиме кога праведните луѓе ќе ги стиг-нат извесни неволји. И кога почина овој благороден човек ги извадија и прагот и вратата, за да можат да го изнесат неговото тело од ќелијата, бидејќи толку многу беше отечено телото на блажениот и славен отец Венијамин.

14. АПОЛОНИЈ

Аполониј беше еден трговец, кој се откажа од светот и се насели во Нитриската Гора. Бидејќи веќе беше стар во години, тој не можеше ниту да изучи некој занает, ниту да пишува, па затоа за време на дваесетипетгодишниот престој на Гората, тој се подвизуваше на овој начин: со своите пари, кои ги печалеше со сопствен труд, тој во Александрија купу-ваше разновидни лекови и нешта потребни за во ќелиите, и со нив тој ги снабдуваше сите браќа, за време на нивните бо-лести. Се случуваше уште рано наутро па се до три часот попладне да ги обиколува испосниците, манастирите и сите тамошни колиби, па ќе ја отвореше вратата и ќе погледнеше дали некој лежи. А со себе носеше суво грозје, портокали, јајца, пченичен леб - нешта кои им се потребни на болните. На ваков корисен начин живееше слугата Христов се до длабока старост. Пред смртта тој ги предаде сите свои работи на еден човек, сличен на себе, кого го замоли да ја извршува оваа служба. Бидејќи и ваква служба е потребна на Гората, на која живеат пет илјади монаси, а местото, пак, е пусто.

 

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

Паладиј, Епископ Еленополски- Лавсаик (6)

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная