логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ДЕЛ ТРЕТИ

(Продолжение)

5. НАРУШЕНОТО ЗАЕДНИШТВО ВО КОЛОНИЈАТА - КОБНА ПОСЛЕДИЦА ОД ВОЈНАТА. - За оние шест години пред Втората светска војна, Владиката Јован со својот неуморен труд и со нему својствената упорност, наполно успеал да го организира црковниот живот во Епархијата според старата руска традиција. Во православните храмови и во руските училишта животот и работите се одвивале нормално. Во бројните благотворни установи (со неговото доаѓање тие биле зголемени!), иако со тешкотии, сепак основните потреби биле задоволувани, благодарение на доброволните даренија од повеќе страни. Се разбира, најмногу помагале верниците, но со не мала своја помош учествувале и кинеските власти, бидејќи меѓу „згрижените" имало од сите народности.
Па така, ако се има предвид ова заедништво во доброто, тогаш овој живот во Руската Колонија (во Шангај), навистина донекаде прилегал на оној од апостолско време!
Но, со почетокот на Војната, тешкотиите биле знатно зголемени. Сепак, животот во Колонијата (благодарение на Владиката, поставен на здрави основи), не се изменил многу. Со сплотеноста и заемната помош едни на други, маките се пребродиле и така бил дочекан крајот на она зло, кое се именува - војна.
Веста за завршокот на Војната сите со радост ја примиле. Окупаторите - Јапонци биле истерани од земјата и во Шангај „со радосни восклици биле дочекани американските војници", пишува еден очевидец.
Оваа радост за Руситеемигранти во градот не траела долго. Имено, меѓу нив се појавило ново зло. Наскоро, тие се поделиле на две групи. Позната вистина е: колку слогата е корисна, толку и повеќе - неединството е штетно во секоја средина (од луѓе)!
Првата група, предводена од Насонов, Саранин и др., слепо поверувала на советската пропаганда во смисла: дека во Русија настанале големи измени; дека таму веќе не се зборувало за комунизам; дека земјата тргнала по нов, национален пат и т.н.
Советско влијание доживеала и Кинеската Управа (бидејќи двете земји биле сојузници во Војната!), така што и Кинезите го измениле својот став, па и тие почнале поинаку да се однесуваат спрема Русите - емигранти. Меѓу Другото, биле забранети неколку дотогашни весници на руски јазик, а место нив се појавиле нови, просоветски ориентирани, како на пример: „Новости на денот", „Новиот живот" и др. Преку овие весници усилено се ширела пропаганда во корист на Советите. Многу соблазнително делувале вешто стокмените ветувања што ги очекуваат бегалците - Руси, кои ќе се вратат во Татковината; им било ветувано дека ќе бидат амнестирани и штедро помогнати. Од оваа пропаганда најнапред се соблазниле оние Руси, кои за време на Војната соработувале со окупаторите - Јапонци, па затоа очекувале одмазда од Кинезите.
Кога бил отворен Советски Конзулат во Шангај, мнозина од првата група одлучиле и побарале пасош за враќање во Русија. (Отпосле се дознала вистината дека сите тие што добиле државјанство и се вратиле во старата Татковина, животот го завршиле во злокобните советски логори!).
Оние Руси од втората група, кои не изневериле на своите политички погледи, останале со своите убедувања дека ништо не е изменето и дека комунизмот ќе продолжи во Русија. Она, пак, што се зборувало во текот на Војната за божемски „чист руски национализам" и „патриотизам", според овие, било само мамка за да се жртвува рускиот народ и да се извојува победата. Токму за оваа цел и дотогашната девиза „За Сталин - за Ленин", комунистите ја замениле со крилатица „За Татковината - за Русија". Така расудувале и така тврделе приврзаниците на втората група. На крајот, тие својот став го изразувале преку народната мудрост, велејќи: „Волкот останува волк".
Па така, она благотворно единство, за кое се борел и се изборил Владиката Јован по своето доаѓање во Шангај, сега пак било нарушено. Јазот меѓу двете групи забрзано се продлабочувал. Некои од оние што биле просоветски ориентирани почнале многу агресивно да се однесуваат. Меѓу другото, тие се обиделе да го присвојат за својата група и Катедралниот храм, но обидот не им успеал, бидејќи оние од втората група биле побројни.
И покрај отпорот, еден од свештениците при рускиот храм „Свети Никола" самоволно го предал храмот на Архиепископот Виктор, кој прв од архијереите во Кина, веднаш по Војната, се определил за Советите.
Повеќе факти зборуваат дека Архиепископ Виктор, началникот на Руската мисија во Кина, бил неурамнотежена личност. Имено, пред Втората светска војна тој бил руски офицер кај „белите". За време на Војната, јавно зборувал и пишувал против комунистите. По Војната, од нејасни причини за мнозина, тој ја изневерил заклетвата, дадена на Светиот Синод и на Поглаварот на Задграничната Црква (на хиротонијата!), со тоа што минал под јурисдикција на Московската Патријаршија. (Тој и други архијереи на тоа принудувал!).
Во тоа време, Владиката Јован добил од Советскиот Конзулат известување дека од Пекинг ќе дојде во Шангај Началникот на мисијата, Архиепископ Виктор, па свечено да се пречека. По овој повод, свештенството било повикано на советување. Свештениците заедно со Архијерејот решиле да не го дочекаат Архиепископот од познати за нив причини.
За да се добие уште појасна слика за овој Архијереј (Виктор), ќе приведеме еден краток негов разговор, што го имал со свештено лице при посетата во Шангај. Тој случајно се сретнал со Протопрезвитерот Илја Вен, па го заговорил, велејќи: Вие сите сте за Владиката Јован?
Да, одговорил Вен.  Дали знаете зошто сме за Владиката Јован? Ако сакате да дознаете, јас ќе Ви кажам. Кој нарача по Владиката Јован? Вие него го испративте кај нас. Откако тој дојде, често доаѓавте тука и се обрнувавте кон него со овие зборови: 'Владико, јас Ве уважувам; го почитувам високиот Ви живот, управувате добро. Така продолжете, а ако свештенослужителите не Ве слушаат, без поговор казнувајте ги!' - Владико, ова Вие го говоревте... Затоа ние него го слушаме. Α сега, Вие сте против Владиката Јован. Вие сте сега советски поданик и со Вас не може да биде никакво општење. Јас сум Кинез, нашето духовништво останува со белите, а Вие сте со советите. Работете како сакате".
---------------
Во својство на претпоставен, Архиепископ Виктор многу му додевал на Епископ Јован, со намера сосила да го натера да мине под јурисдикција на Московската Патријаршија. Се разбира, во тоа не успеал. Зошто? Затоа што „Шангајскиот Праведник", како е именуван од повеќе негови едномисленици, не држел толку за јурисдикции, туку исклучиво се застапувал да се остане верен на традиционалното Свето Православие, наследено од светите Христови апостоли.
---------------
Тешка, многу тешка му била положбата на Епископ Јован! Можеби најтешка, откако тој стапил на кинеска почва. Колку го тревожело повторното неединство на неговата паства, толку и она што го тормозел неговиот Претпоставен, Началникот на мисијата. Помош од никаде и од никого не очекувал, зашто врската со Поглаварот на Руската Задгранична Црква, Митрополит Анастасиј, била прекината и ништо не ветувало дека таа наскоро ќе биде воспоставена.
Сепак, неуморниот молитвеник Божји измолил милост од Господа и пожелуваната врска со Поглаварот била добиена. Истовремено, пристигнал и Указ од Синодот на Задграничната Црква, со кој Епископ Јован се унапредува во звање - Архиепископ, непосредно потчинет на Светиот Синод.
Архиепископ Виктор иако веќе не бил претпоставен на новоименуваниот Архиепископ Јован, тој продолжил со притисоци и закани да го придобие за својата кауза, но кога увидел дека не може да успее, тогаш со свој незаконски указ му забранил да богослужи.
По тој повод, Архиепископ Јован од амвонот во храмот ги обавестил верниците дека му се забранува да служи само затоа што ја почитува заклетвата, што ја дал на Задграничниот Синод при хиротонијата; таква заклетва дал и оној што бесправно го казнува, но ТОЈ Ја погазил. Па на крарт дословно изЈавил: „Ќе се потчинам на неговиот указ, само ако ми се докаже според Светото Писмо и Законот дека да погазиш клетва е добродетел, а верноста на клетвата е тежок грев".
Веднаш по оваа изјава, била отслужена Света Литургија и најпосле, во својата вдахновена проповед, Архиепископ Јован истакнал зошто Задграничната Православна Црква не ја признава Московската Патријаршија.
На крајот од ова известие, авторот ќе нагласи: „Благодарение на својата верност и бескомпромисната доследност, Архиепископ Јован спасил од советските затвори шест илјади души".
Од овој настан па понатаму, советските поданици (мирјани и свештеници!) престанале да го посетуваат Катедралниот храм. Додека, пак, Градските власти го признале Архиепископ Јован за независен Архијереј на Шангајската Епархија.

6. ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ НА ИСТОКОТ. - Во Кина настаните се одвивале така, што неизвесноста била општа појава меѓу народот. Некои гаеле надеж дека Американците, Англичаните и Французите нема да дозволат да преовлада советското влијание кај кинескиот народ. Меѓутоа, во тој временски период спомнатите големи сили се покажале недоволно заинтересирани. Се разбира, тоа го искористиле Советите.
Комунистите напредувале, а со тоа растело и чувството на голема неизвесност, особено кај Русите¬бегалци, приврзаници на Архиепископ Јован. Постарите, кои преживеале две општи војни, сознавале и јасно им било што може да произлезе за нив од последниве настани. Тие претчувствувале дека на оваа азиска почва ним им се заканува нова селидба. Но, каде? Оваа неизвесност им влевала во душите поголем страв, од оној што го доживувале за време на тукушто завршената Војна.
Владиката Јован, кој секогаш го делел со својата паства и доброто и злото, бил принуден повторно да ја прифати улогата на духовен водач и заштитник на овој напатен народ. Тој оди во Манила (Филипини), со цел од тамошните Власти да издејствува согласност руските емигранти да бидат прифатени на островите. Според него, во моментот немало друг излез. За среќа на сите, неговата акција била успешна. Потоа следувале и други, не помалку значајни акции. Имено, требало да се спасува се она што можело да се спаси. На пример: плаштаниците, иконите, црковните книги, како и другите предмети од вредност било потребно да им се најде сигурно засолниште, за да не пропаднат. По негова замисла, се ова требало да се пренесе во Америка, како најсигурно место за заштита. За оваа цел бил овластен Владимир Михајлович Наумов, овој подвижен црковен имот, како и остатокот пари од црквите во Шангај, да ги извезе и однесе во градот Сан Франциско. Кога се вели - остатокот пари, значи ли тоа дека имало и други? Да, поголемиот дел од црковните пари, депонирани во Руската банка, Претседателот - Чибуновски и благајникот - Егоров (лица лево ориентирани!), претходно ги предале на Архиепископот Виктор, при неговата посета на Шангај.
Во врска со извезениот имот и пари („остатокот"), весникот „Новости на денот" објавил вест дека... „расколничката група емигранти, предводена од Архиепископ со Карловачка ориентација, извезла незаконски црковен имот во вредност од 41.000 кинески долари, всушност, имотот припаѓа на Пекиншката мисија во Кина, т.е. на Советската црква и на Советската управа"...
Оној што ги цитира овие зборови од весникот, на крајот со извик додава: „Каква безочна советска лага!"
---------------
Во почетокот на 1949 година, почнала т.н. „втора евакуација" за шангајците, што однапред ја предвиделе постарите. Како извидници, први преселници биле: членот на Епархискиот совет - Мишкин со семејството, потоа Игуменија Аријадна со неколку калуѓерки, како и свештеникот - Петар Триодни. По еден месец и главнината била преселена и настаменета на островот Тубабао, наречен „остров на палми", но и „остров на тајфуни". Сместувањето било, главно, под шатори и во бараки.
Најпрвин била изградена и отворена Епархиска канцеларија, од каде што биле раководени сите организаторски работи. Прва задача била да се изгради женскиот манастир, зашто сестрите раководеле со Сиропиталиштето. Во близина на манастирот, една воена барака со поголеми размери била приспособена за „соборен храм"; понатаму биле отворени и други храмови. Па така донекаде бил организиран црковниот живот, како прва грижа на Архиепископ Јован.
Архиепископот имал виза за влез во Америка, но тој ни во еден момент не помислил да се оддели од својата паства. Та, неговиот живот бил неразделно сврзан со животот на духовните негови чеда!
Новиот живот во овие примитивни услови не ветувал ништо добро за новодојдените. Пред се, се чувствувал голем недостаток од продукти, така што исхраната на повеќеилјадниот народ била недоволна. Од друга страна, стравот од тајфуните, за кои биле предупредени од староседелците, внесувал голем смут во душите на бегалците; се јавувале и други незгоди. Па сепак, покрај сите овие „пустински" тешкотии, не се повторило она, што го доживеал Пророк Мојсеј во пустињата Син во петнаесеттиот ден по излегувањето на Евреите од земјата Египетска (2. Мој. 16, 1-3). Навистина, никој од доселените не се бунел против Владиката, а сите биле убедени дека по молитвите на нивниот Архиепископ Бог ќе им даде сили да издржат до крај. Надевајќи се на Бога, сметале дека се ова е времено и дека ќе дочекаат подобри денови.
Според очевидци, Владиката секоја вечер го обиколувал логорот и од сите четири страни го прекрстувал. Ова го забележале и домородците, па кога некои од дојдените ги запрашале за опсностите од тајфуните, овие одговориле: „Не плашете се, со вас е Божјиот човек". Вака го именувале, бидејќи и тие дознале дека по молитвите на Владиката Јован оздравел синот на едно високопоставено лице во Манила.
---------------
Покрај сите други задолженија, посебна грижа водел Архиепископ Јован за децата во Сиропиталиштето, како и за потешко болните лица. Во овие неповолни услови за живеење на Островот, честа била појавата на потешко заболени меѓу емигрантите. Во тој случај, ваквите болесници биле пренесувани во градот Гјуан, на болничко лекување, каде што Владиката редовно ги посетувал. Очевидци тврдат дека по неговите молитви на мнозина од болните состојбата набргу им се подобрувала.
Во оваа смисла, Владиковиот соработник - Георгиј Ларин (отпосле протојереј!), соопштува характеристичен пример со една тешко болна жена. Имено, при посета во Гјуан, во болничкиот двор се слушале чудни извици, што доаѓале од блиска напуштена зграда. Владиката прашал што е тоа? Сестрата-болничарка одговорила дека таму е сместена безнадежно болна, која често така силно вика, па затоа е изолирана, за да не ги беспокои другите болесници. Архиепископот изјавил желба да ја види болната, меѓутоа му било кажано дека од неа се шири неподнослив мирис, така што не е пожелно ни најмало приближување до неа. На ова тој кратко одговорил: „Тоа нема значење!" Веднаш потоа, со забрзани чекори се упатил кон зградата, а го следел и Ларин. Навистина, штом наближиле, се почувствувал непријатниот мирис. Но, како што беше рекол, тоа немало значење за него, ами се приближил до болната, го ставил крстот врз нејзината глава и почнал да се моли; отпосле, ја исповедал и ја причестил. Уште во нивно присуство жёната престанала да вика, а кога двајцата се пооддалечиле од неа, се слушало само нејзиното офкање.
„При повторна наша посета на Болницата, продолжува Ларин, само што излеговме од џипот во болничниот двор, една жена се фрли во нозете на Владиката. Тоа беше истата онаа „безнадежно болна" за која тој тогаш така долго се молеше", се вели на крајот од соопштението на Протојереј Георгиј Ларин.
---------------
Со одминувањето на времето и тешкотиите за евакуираните на островот Тубабао се зголемувале. Биле лишени од најосновните нешта, потребни за живот. Тоа ги принудило да побараат помош од своите роднини и пријатели, кои порано биле преселени во Америка. По повод на ова колективно барање, во САД бил организиран т.н. Активен Комитет, во кој членувале не само Руси, туку и сочувствителни Американци. Основна задача на Комитетот била: собирање и испраќање помош на емигрантите - тубабаовци. Со иста цел се активирла и дотогашната - Лига на Рурко-Американските жени, кои доброволно ја прифатиле хуманата акција и почнале да приредуваат концерти, а организирале и други активности во корист на загрозените на островот Тубабао.
Од своја страна, Архиепископ Јован размислувал за подобро и подолгорочно решение на проблемот со оние, кои ги имал за свои духовни чеда. Во врска со ова, не жалејќи труд, тој отпатувал во Америка, па во Вашингтон и Њујорк, одел од еден до друг и разговарал со врвни личности, кои со својот авторитет можеле да помогнат за добивање дозвола за влез во овој безбеден Континент.
Покрај добиените ветувања, бил образуван и Руско-Американски Сојуз, чија задача била да собере што поголем број потписи на лица, кои ќе гарантираат за бегалците - доселеници. За кратко време се јавиле илјадници потписници, па тогаш материјалот бил испратен до Претседателот Труман, тој да даде своја согласност.
За оваа добра акција дознала Советската пропаганда, па и тука, злонамерните луѓе ја пројавиле својата зла волја и со измислени „аргументи" се обиделе да ја осуетат акцијата, но во тоа не успеале. За одговорните во Власта доволно било тоа што Владиката гарантирал за секој поединец-доселеник и така бараната виза била добиена.
Од она што го правел Архиепископ Јован, познато било за сите негови соработници дека покрај грижата за болните, не помала грижа му била и онаа за децата. Па така, однапред испратениот во Сан Франциско - Владимир Наумов, Владиката го задолжил на прво место да најде и да купи погодна зграда за сместување на Сиропиталиштето „Свети Тихон Задонски".
Наумов бил ретко доверена личност; тој многу попримил од својот Архијереј, па затоа секоја нему дадена задача најсовесно ја извршувал. Се разбира, многу труд требало да се вложи, во новиот за него град тој да се снајде и да купи таков објект, кој ќе одговара на намената. Сепак, Владимир се снашол и купил зграда, што навистина одговарала за сместување на децата од Домот, судејќи по она, во какви простории бил сместен нивниот Дом во Шангај. На жената, пак, й било кажано за каква намена е купен овој нејзин имот и тогаш таа од своја страна подарила 5.000 долари за децата.
---------------
Дваесетиседумте месеци, поминати на островот Тубабао, било време не многу долго, но имајќи ги предвид условите, во кои се живеело, останало да се помни како извонредно тешко. Сепак, евакуираните во едно се сметале себеси среќни, што за овие две години и три месеци не доживеале поголеми катастрофи од тајфуните.
Отпосле се чуло дека набргу по иселувањето на бегалците, од силен тајфун на островот се било срамнето со земјата.
---------------
БлагоДарение на помошта од повеќе страни, евакуацијата (трета по ред!) била успешно извршена. Во почетокот и во оваа нова средина не било лесно, но сепак прилагодувањето не траело долго. На множеството овие услови им погодувале, па затоа повеќето тубабаовци во Сан Франциско набргу се снашле. Помладите побрзо се вклучиле во темпото на животот. Па така, едни пристапиле на различни колеџи, а други - на соодветни факултети на универзитетите, зависно од возраста. Исто така и постарите постапно го нормализирале своето живење во новата средина.
Бројот не бил голем на оние, кои потешко се снаоѓале, но имало и такви. Тогаш бил образуван т.н. Руски Центар, со слична цел и улога, каква што имал дотогашниот Активен Комитет. Во Центарот се собирале доброволни прилози и од добиените средства биле помагани материјално загрозените. Сите активности околу организирањето на животот во Заедницата на дојдените биле под раководство на Архиепископ Јован. Овој неуморен Архипастир и неговите соработници, а благодарение и на солидарноста што постоела, успеале за релативно кратко време да се подобри заедничкиот живот на сите. Битно е што постоела надеж за уште поголемо подобрување.
Но, сосем неочекувано, за овој напатен народ пак бил даден „знак на тревога". Дошла вест што сите во Заедницата ги изненадила и вознемирила. Уште повеќе, што веста дошла не од друга страна, ами од Црковниот врв на Руската Задграничната Црква. Без претходно обавестување, Архијерејскиот Собор донел Одлука, со која Владиката Јован се назначува за Архиепископ на Западно-Европската Епархија.
Оваа ненадејна вест болно одекнала во душите на верниците - Руси во Сан Франциско, најпрвин кај дојдените од Далечниот Исток, па и кај другите, што од порано живееле во овој град.
Без одлагање, сите заедно се согласиле и собрале потписи, па испратиле молбено писмо до Светиот Синод, во кое изразуваат силна желба и надеж дека Одлуката ќе биде одменета. Во писмото била истакната големата почит и искрената љубов кон нивниот мил Архипастир, нагласувајќи дека без него тие не можат да го замислат својот натамошен живот во оваа нова за нив средина.
Во 1950 година, декември месец, добиен е одговор, со потпис на Поглаварот на Руската Задгранична Црква - Митрополит Анастасиј. Одговорот е адресиран на еден од потписниците на колективното писмо, испратено до Синодот. Во продолжение ќе приведеме дел од одговорот, кој во превод гласи: „Многупочитуван Владимире Михајлович,... Архијерејскиот Собор на Руската Православна Црква зад граница го проучи писмото, потписано од Вас и од Вашите пријатели, дојдени во Соединетите Држави од Шангај, во кое Вие молите Вашиот Шангајски Архипастир, Преосвеќени Архиепископ Јован, да остане во пределите на Америка.
„Архијерејскиот Собор достојно ја оцени таа преданост, почит и љубов, што Вие сте ја сочувале кон Вашиот Архипастир, неуморниот молитвеник, Ваш печалник и заштитник, па се надева дека тие чувства Вие ќе ги сочувате кон него каде и да е судено, по Промисла Божја, тој и Вие да се наоѓате.
„Многу важни црковни околности бараат неодложно Преосвеќени Архиепископ Јован да биде назначен за во Европа, каде што со нашето заминува¬ње во Соединетите Држави, потребна е посебна архипастирска будност, па затоа Архијерејскиот Собор го испраќа Архиепископ Јован во Европа, во својство на одговорен Претставник на Архијерејскиот Синод. Воедно, Архијерејскиот Собор се надева дека со заминувањето на Преосвеќени Архиепископ Јован во Европа, Вие нема да ја прекинете врската со него, туку според Вашите можности во Америка, ќе му укажувате материјална помош, крајно потребна за организирање на црковниот живот во Европа...
Писмово е датирано: 3/16 декември 1950 година, Њујорк. На крајот следува потпис на испраќачот: Ваш сесрден богомолец - Митрополит Анастасиј.
---------------
Архиепископ Јован, како секој Добар Пастир, од сё срце ја беше засакал својата паства во Шангај и родителски се грижел за неа. Потврда за ова се многуте добрини, што тој ги правел и ги направил за бегалците - Руси, па и за сите други. До разделбата, последна добрина е таа, што успеал да издејствува дозвола за преселување на верниците во побезбедна земја - Америка, со што се избегаати големи опасности, кои им се заканувале, ако во тие прилики се беа вратиле во старата Татковина. За овој постигнат успех помогнале и други, но најтешкиот товар го носел и го поднесол тој. Како ретко кој, за направените добрини Владиката никогаш не зборувал, а за вложениот труд - пред никого не се жалел.
По се ова, природно било неговиот живот и дејности да продолжат, трудејќи се меѓу оние, со кои се беше сродил и тие со него. Пред се, така расудувале верниците и затоа тие писмено барале Одлуката на Архијерејскиот Собор на Руската Задгранична Црква да се одмени и Архиепископ Јован да остане со нив во Сан Франциско.
Но, ставот на Владиката Јован бил поинаков. Имено, тој и во оваа прилика останал доследен, држејќи се за монашкиот завет на послушност, како и при изборот за епископ. Па така, тој сосем мирно го примил Решението на Задграничниот Синод и „од послушност" се покорил на она што одлучиле вишите Црковни власти, зашто целиот се беше оддал во служба на Светата Црква.
Овој Архијереј, како ретко кој, дотогаш па и до крајот на својот живот во ништо не беше изневерил на ветувањата, дадени во Заклетвата при неговата хиротонија за епископ! Таква бескомпромисна ДОСЛЕДНОСТ се среќавала и се среќава во животот на Светата Христова Црква само кај вистинските и од Бога повикани - мисионери и апостоли. Затоа, за Владиката Јован, еден од неговите собраќа (Архиепископ Леонтиј), по неговото блажено упокојување во Господа ќе рече: ,Ја напушти земјата еден од последните вистински Апостоли. Кој, пак, сега ќе Го заземе неговото место?"

 

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная