логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ДЕЛ ТРЕТИ

(Продолжение)

МЛАДИОТ ЕПИСКОП - МИСИОНЕР
НА ИСТОКОТ

B

ο 1933 година починал Архиепископ Симон и Шангајската Епархија останала без свој архијереј. Тогаш, Началникот на духовната мисија во Кина, Архиепископ Виктор, испратил пис-мо до Синодот на Руската Задгранична Црква со барање да се назначи и да се испрати друг епископ на оваа Епархија.
Во одговорот на барањето, Поглаварот на Руската Задгранична Црква, Митрополит Антониј Храповицки, истакнува дека ќе им биде испратен голем молитвеник и редок подвижник, а го имал предвид Јеромонахот Јован Максимович, тогашниот наставник во Битолската Богословија. По овој повод, во месец мај 1934 година, отец Јован е хиротонисан за епископ.
Непосредно пред испраќањето на младиот Епископ на Далечниот Исток, Митрополит Антониј добил писмо од Владиката Димитриј, кој знаел со какви тешкотии се соочува Поглаварот на Задграничната Црква, па го кани да дојде во Харбин „малку да здивне и да се одмори".
На оваа покана следува одговор, кој гласи: „Брате, јас сум веќе толку стар, што не можам ни да помислам за било какво патување, освен за патот до гробишта... Но, место самиот себе, како својата душа и како своето срце го испраќам Епископ Јован. Овој малечок и слаб човек, навидум речиси дете, се јавува како некакво чудо на аскетска истрајност и строгост во нашево време на сеопшто духовно слабеење."
Отпосле, во ова свое соопштение за преписката на овие двајца архијереи, Митрополит Филарет на крајот ќе заклучи: „Неговиот Авва (духовниот раководител Мит. Антониј!) вака ќе го претстави Владиката Јован, кој тогаш бил се уште млад и тукушто хиротонисан за епископ."
Пред крајот на 1934 година, на самиот ден „Во ведение во Храмот на Пресвета Богородица" новиот Владика пристигнал во Шангај. Неговото доаѓање било вистинско торжество, најнапред за верниците во градот, а потоа и за другите. Свештенослужители, претставители на општествени организации и институции, ученици и многуброен народ, собрани во и околу Катедралниот храм, со голема радост го дочекале новиот Архијереј. Според црковниот ред, најпрвин бил отслужен краток молебен, а потоа домаќините приредиле прием, на кој новодојдениот Епископ одржал пригодно слово.
Во милионскиот град Шангај, Епископот Јован заварил големо неединство кај водечките лица  мирјани во црковниот живот. Меѓу другото, за оваа разединетост многу придонесувале честите расправии околу довршувањето на Катедралниот храм, посветен на „Пресвета Богородица  Застапницз на грешните". Поради овие нивни несогласувања, црковниот живот во градот и пошироко назадувал, па и храмот останувал недовршен.


  Прва главна задача, поставена од новиот Владика, била да се воспостави единство на сите крстени во Господа Христа. Оваа архипастирска должност новодојдениот Архијереј ја сметал за најважна во моментот, па затоа со решавањето на тој проблем почнал во своето мирољубиво дејствување, а во една нова за него - многу разнородна средина; според неговите сфаќања, та и Господ Исус Христос дошол на земјата да ги соедини луѓето меѓусебе и со Бога!
Иако без поголема опитност за работа со возрасни, сепак, со помошта Божја и со својата тактичност, младиот новоназначен Архијереј за релативно кратко време успеал да ја оствари од него поставената цел. Имено, со својот кохерентен дух и добрата волја тој ги доближил мислењата и ставовите на водечките личности во Руската колонија, и тогаш работите се средиле и се тргнало на подобро.
Така, во одредено време храмот бил довршен, а биле изградени и помошни простории околу него.

---------------
За сето ова време, агилниот Владика не ги запоставил и другите дејности. На прво место од нив, за него биле Светите богослужби. Утровечер се служело по овој редослед: Попладне, по 9-тиот час се служела Вечерна, а потоа - Повечерие. На Повечерието задолжително се читал канон (понекогаш имало повеќе канони!). Наутро, прво се служела Полуноќница, па - Утрена со часови и на крајот  Света Литургија, со што се затворал кругот на едно деноноќие.
Самиот Владика секој ден служел Света Литургија, во сослужување на дежурниот свештеник; на Вечерната и на Утрената, тој обично стоел на певница, така што никој од певците не се осудувал да испушти нешто од Правилото. На пр., кога има Полиелеј, барал целиот псалм да се пее и т.н.
Кога е во олтар, тој никогаш со никого не зборувал; се разбира, ова важело и за другите во негово присуство.
Поради долгите служби, во почетокот некои негодувале, но - свикнале, па понатаму редот се почитувал.
Покрај многуте други задолженија, Епископ Јован секој четврток одржувал т.н. пастирско советување со браќата свештеници. На овие советувања, главно, се третирале црковни прашања. Присуството било задолжително. Оној свештеник што не ќе дојде на состанокот, бил должен да даде објаснение.
И пред Втората светска војна, но особено за време на Војната и по неа, во милионскиот град (Шангај) и пошироко се јавувале многу горливи проблеми, најчесто од социјална природа. Иницијатор на сите хумани акции бил Владиката, но по законот на природата, едно лице во исто време не можело секаде да стигне; значи, требало екипно да се дејствува. Први негови помошници биле свештениците. Со нив тој почнал, но набргу се јавиле добродушни мирјани, кои сочувствувале на туѓите страдања, па заедно со нив се прошириле акциите за помош на пострадайите и незгрижените; а такви имало многу.
Големата пожртвуваност, пројавена од Владиката Јован, силно влијаела врз срцата на другите. Па така, со ширењето на мрежата на овие хуманитарни дејности, се зголемувал и бројот на соработниците -доброволци.
Благодарение на заедничкото дејствување, многу трагични состојби биле ублажени, рани - залечени, безнадежни - утешени, како и заблудени - вратени на прав пат.

2. ПРОЈАВЕНАТА ХУМАНОСТ НА ПОВЕЌЕ ПОЛИЊА. - Според распределбата на должностите, покрај редовното служење во храмот, свештенослужителите биле задолжени да посетуваат и болни во болниците. Оние од болните што ќе изразеле желба, биле причестувани во секое време. Во сите смртни случаи на бездомните (а имало наоѓани такви и на улица!), задолжително свештеник ќе ги отпеел и учествувал во нивното погребување.
Страдалници во Душевната болница, исто така биле посетувани, а во одредено време и - причестувани (најчесто од самиот Архијереј!). И тука, починатите биле погребувани со свештеник.
Епископ Јован издејствувал на затворениците да им се одреди посебна просторија, за тие што сакаат да можат да се молат во неа. Самиот Епископ често служел Света Литургија за нив и ги причестувал оние, кои биле подготвени за причест. На големите христијански празници, Божик и Велигден, им била делена храна, различна од секојдневната.
Не мал број скитници, кои не биле опфатени во хуманитарни установи, пак по иницијатива на Владиката, честопати добивале топла храна во кругот на Катедралниот храм.
Во овие бројни хумани акции, не биле заборавени ни старците и стариците, престарени, а оставени сами на себе. По црковна линија, за нив биле изградени домови: посебно за мажите и одделно за жените.
Во постојниот Дом „Свети Филарет Милостиви" биле прифатени лица на полн пансион, кои не биле во здравствена состојба сами да го заработат лебот. Повеќето од овие боледувале од хронични болести, па за такви болни немало место во болниците.
Сё ова што се правело, па и не само тоа, заслуга била, главно, на еден човек, навидум бессилен, ама силен во верата, кој се што преземал да прави, во името на Бога го правел, па затоа и успевал.
Тоа е личноста на младиот Епископ Јован Максимович, иницијатор и активен учесник во сите овие негови благотворни потфати!
Сепак, според зборовите на Протопрезвитер Илја Вен, свештенослужител во Руската Црква, а по потекло - Кинез, најголема добрина на Епископ Јован била, што тој основал во Шангај - Сиропиталиште „Свети Тихон Задонски". Навистина, каква била тогаш состојбата во градот, не можело ни да се помисли, а камоли да се тврди дека се е направено на црковнохуманитарен план, без установа за прифаќање на незгрижените деца!
Првите „ластовички" во новооснованиот Дом биле четири изоставени беззаштитни дечиња, од кои најмалото било четиригодишно. Отпосле, од месец на месец, од година во година, бројот брзо се зголемувал, така што до крајот на неговото постоење, низ Сиропиталиштето поминале над 3000 деца (се разбира, едни оделе, други доаѓале!). Ова го изјавуваат сестрите, на чело со Марија Шахматова, кои повеќе години раководеле и помагале во Домот со својата работа.
Само вистинскиот родител знае каква жртва е да згрижиш и да школуваш повеќе деца со скромни средства. Па така и во овој Дом, родителски жртви биле поднесувани и големи напори биле вложувани, за да се обезбеди потребното за децата; а им било овозможено тие и да се школуваат.
Одвреме-навреме тешкотии се јавувале, едни помали, а други поголеми, но бидејќи се ова што се работело со и за децата, било во името на Христа, полесно можело ваквите појави да се пребродат. Најчеста и најтешко совладлива тешкотија за вработените во Домот била - храната. Оваа секојдневна појава најмногу грижи им задавала. Затоа, некои од персоналот се бунеле против Владиката, што тој катадневно прибирал нови унесреќени дечиња. Еднаш, и Марија Шахматова била принудена остро да реагира, велејќи: „Еве, утре немам што да им дадам да јадат и на овие деца што ги имаме, а камоли нови да доаѓаат!"
Архијерејот замислено ја ислушал, па погледнал во неа и наоколу, потем се качил на катот и почнал да прави усилени метании и да се моли. Ова се слушало долу и Госпоѓа Марија се покајала што така остро реагирала.
Наредниот ден утрото, заѕвонил некој и во Домот се појавил Господин од познатата Компанија за продажба на жито и други житни продукти. Човекот кажал дека имаат вишок храна и решиле да ја подарат на децата во ова Сиропиталиште.
Β ο тој момент слегувал по скалите Епископ Јован. Тој ништо не прозборил, а само со поглед ја укорил Шахматова, за нејзиното маловерие. Нејзе веднаш й дошла мисла да падне на колена и да моли за прошка, но Големиот молитвеник веќе заминал во храмот да заблагодари на Господа.
Кога Марија Шахматова била преселена заедно со децата во Америка, таа се запознала со идниот игумен - Герман Подмошенски. Овој од неа чул за приведениов настан, како и за други слични, а во врска со родителската грижа на Владиката Јован за сите изоставени или на друг начин унесреќени деца, собирани од него и приведувани во Сиропиталиштето. Отпосле, Подмошенски во своите „Спомени" ги опишува овие настани; и во продолжение ќе приведеме уште некои од нив, за потврда на големата љубов на Архијерејот кон децата општо.
Прв пример: Детето Павле без да сака гледало како комунистите во Шангај ги убиваат, а потоа на парчиња ги сечат неговите родители. Од оваа грозота, нечуена и невидена, дете доживеало стравотен шок и изгубило моќ за зборување. Во очите на другите тоа изгледало страшно, а помалите деца бегале од него. Како такво, јадното дете не било пожелно во Сиропиталиштето. За ова дознал Владиката Јован, па побарал да го доведат Павле кај него. Го седнал до себе и почнал да му зборува: „Знам, ти немаш веќе татко, но сега ти најде друг татко, еве мене." Потоа цврсто го гушнал, од щто детето силно вриснало и говорот му се повратил.
Втор пример: Една квечерина Епископ Јован ја задолжил Марија Шахматова да купи две шишиња кинеска вотка. Отпосле й рекол дека треба заедно да отидат во едно предградие, каде што имало фрлени женски бебиња во канти за ѓубре; за ова пишувало во весници и тој прочитал.
Вчудовидена, Марија објаснила дека таму е опасно да се оди, особено не ноќно време, зашто имало разбојници. Владиката бил упорен и останал на своето.
Кога дошле на одреденото место, наоколу се слушало само лаење на кучиња и мјаукање на мачки. Одејќи, наишле на пијан човек. Недалеку од него се чул детски плач. Кинисале во тој правец, но пијаниот Кинез веднаш почнал да фучи и да вриска. Тогаш Владиката ги зел двете шишиња од Марија, се повратил и му ги дал на вознемирениот пијан човек; пијаниот престанал со силното врискање. Така тие успеале да спасат две бебиња, фрлени во ѓубре.
Трет пример: Еден ден й рекол Владиката на Шахматова дека треба да отидат во хотел, познат во градот како јавна куќа. Изненадена, таа со чудење прашала: „Зошто и по каква причина?" Тој й објаснил дека таму живее Русинка со две деца: девојче од шест години и деветгодишно машко дете. Мајката се оддала на проституција, па затоа не смеело децата да останат во таква средина.
Тргнале и со прашање, нашле каде точно живее Русинката. Ги завариле двете деца сами. Почнале да разговараат со нив; меѓу другото, им рекле дека тука не е добро да живеат тие; им ветувале да ги одведат во друга куќа, каде што има повеќе деца, кои се добро згрижени, одат во училиште, заедно играат и т.н.
Во тој момент се вратила мајката и кога разбрала таа зошто се дојдени, неконтролирано почнала да вика, да колне, да псуе... По подолго објаснување, машкото се одлучило да тргне со нив, а девојчето останало со мајка си.
Во Сиропиталиштето ова дете се покажало многу трудољубиво, а било и набожно. Во свое време завршило богословија; на крајот се дознало дека живее во Грција, како - свештеномонах. (Множеството од овие деца, што биле згрижени во Домот и учеле, зависно од нивните дарби и наклоности, се оспособувале за самостоен живот и отпосле сами одлучувале каде и во каква средина ќе продолжат да живеат!).

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7601
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная