логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  vozdvizenie.jpg

Јеромонах Јован во 1934 година
 (фотографија со посвета на авторот)

ДЕЛ ВТОРИ

(Продолжение)

3. ОТЕЦ ЈОВАН ΚΑΚΟ ВОСПИТУВАЧ. Она што за возачот е присебноста, тоа за воспитувачот е тактичноста. Без овие својства, ни првиот ни вториот не ќе можат лесно да дојдат до целта на својата дејност.
Нетактичниот човек и во други работи може да погреши, но најчести и најтешки негови грешки ќе

vozdvizenie.jpg
 Борисаву Бошковику
Ослони се Бога
и уздај на Њега,
α и сам служи њему
искрено и истрајно
Јеромонај Јован
 Дан Методија и Кирила, 11. У 1934

(На 28.V 1934 г. посвета за авторот)


бидат во воспитанието на млади. Затоа се вели дека секој образован може се друго да работи (според својата струка!), само не секој е надарен и годен да воспитува деца.
Отец Јован имаше посебен такт во однесувањето спрема сите нас во Интернатот. Со својот пристап тој така не ослободуваше, што ние можевме секогаш да бидеме отворени спрема него. Бидејќи сите добро не познаваше, тој за секого водеше грижа. Најмногу за оние, кои беа без двата или без еден родител (тој и тоа беше го научил!). Некои од учениците гласно изјавуваа дека тие биле послободни пред отец-Јована, отколку дома пред своите родители. За жал, оваа слобода беше понекогаш и злоупотребена од нас. Но и тогаш, отец Јован, без да се налути, тактично ќе постапеше. На пр., група ученици од повеќе класови ќе разговараат со него. Некој од повозрасните ќе дофрли нешто, за да ги засмее другите. И кога е неумесна шегата, отец Јован пак не го губеше трпението нити ќе се налути, ами ќе го продолжеше разговорот, како ништо да не било. Со овој свој тактичен потег, па и со други слични, тој ни даваше добра поука: прво, во сериозни разговори да не мешаме неумесни шеги и второ, да се шегуваме меѓусебе со добра намера, т.е. за разведрување на атмосферата, а не само за празно засмејување. Во оваа смисла и тој умееше понекогаш да се пошегува со нас на нему својствен начин, но неговиот хумор никого не навредуваше, туку пријатно делуваше на нас. Со ваквото свое однесување спрема нас, ние уште поблизок го чувствувавме и навистина го имавме како втор наш родител.
Во нашиот Интернат, за помали ученички грешки постоеја повеќе видови воспитувачки казни. Од сите овие, најчесто беше применувана казната: ученикот да биде лишен од еден дневен оброк. Отец Јован со ниедна од казните не се служеше, а само ќе опоменеше или строго ќе погледнеше (зависно од грешката), ама врската со виновникот не ја прекинуваше.
Еднаш, во нашиот клас и ова се случи: Дојде о. . Јован да ни соопшти нешто. Сите нагрваливме околу него, па во тој натпревар, еден ученик лошо се однесе спрема свој колега. Отец Јован лесно го повлече за уво. Виновникот, кој беше од подобрите во класот и по учење и по дисциплина, поцрвене и засрамен се оддалечи од групата.
Другиот ден, меѓу часови, пак дојде о. Јован и на „казнетиот" му донесе кутија локум „за да се помиреле".
Некој оваа негова постапка ќе ја протолкува дека прилега на „детински гест". Така е! Не напразно се вели дека вистинските праведници се слични на децата. Во што е таа сличност? Во нивната незлобливост. Навистина, овој наш воспитувач и во својата зрела возраст беше со детска незлоблива душа! Единствен и повеќе таков не доживеавме да имаме во Интернатот.
И порано, а откако не напушти о. Јован, многу почесто се слушаа поплаки од учениците по однос на другите наши воспитувачи, кои предимно беа монаси. Во оваа смисла имаше и вакви расудувања: монахот нема свои деца, а како возрасен, тој заборавил на сво¬ето детство, па оттаму доаѓаат честите недоразбирања, па и конфликти меѓу учениците и воспитувачите. На ова други ќе додадеа, велејќи: „Па и отец Јован беше монах; и тој немаше свои рожби, а пак ја разбираше нашата возраст, така што со него не дошло ни до најмал конфликт со ниеден ученик. Зошто тој можел да не сфати, а другите не можат?"... Разликата беше очевидна и затоа ние не можевме да го прежалиме отец-Јована по неговото заминување на Исток.
За подобро да се уочи разликата во однесува-њето на нашите воспитувачи при Богословијата во Битола во триесеттите години од нашиов век, ќе цитираме дел од едно писмо, добиено од о. Милосав Љ. Поповиќ (сега покоен). Протојереј Милосав, меѓу другото, пишува:
....„За отец Јован можам само тоа да кажам дека тој навистина беше светител, додека некои наши бивши воспитувачи, иако во чин, навистина беа... ...Отец Јован плаќаше во професорската менза и дел од својот оброк (колачиња!), тој го носеше на болните ученици, што секој ден ги посетуваше во Градската Болница. Се прашам: кој од другите наставници и кога посетил болен? Јас не се сеќавам...
„Кога бев богослов втора година, добив шуга. Дотогаш не сум имал такво нешто и не знаев што да правам. Некој ме пријавил на дежурните воспитувачи. Навечер беше кога ме заварија сам во Гардеробата Главниот воспитувач и неговиот помошник. Двајцата се нафрлија на мене со најлоши зборови: дека сум бил нечист, несмасен, несвесен и сл. За жал, во класот важев за поинаков и сите ме завикавте „чистотник" („чистунац").
„Не се лутам на оној што ме пријавил; виновен сум што веднаш не отидов кај нашиот лекар. Но, постапката на двајцата воспитувачи тогаш многу ме погоди. Не знаев; од нив првпат чув дека болеста била заразна.
„А што е од се друго најжално, понатаму за целото мое школување и двајцата накриво ме гледаа. Сега се прашам: како би постапил да беше нашиот отец Јован?"...
„Мислам дека за него треба да се пишува, но задолжително да се истакне оној контраст, што постоеше меѓу неговото однесување и однесувањето на другите воспитувачи кон нас."...
„Во врска со отец-Јована уште ова да додадам: Група ученици разговараа со него, а јас отстрана фрлив гугутка од хартија. Таа летна, па сврти и застана на неговата камилавка. Се крена урнебес од смеа. Тој молчешкум мина преку тоа, како ништо да не се случило. Тогаш јас многу се посрамотив пред него"... Ова е дел од писмото на о. Милосав.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3130
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7604
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная